И јас мислам Вегера. Специјал се исто така добри, но мислам дека порано беа неколку класи подобри од сега. Онака, покачија цени низ годините, но не и нивото на квалитет.
Освен пастрмајлијата во Специјал, за која ми е најубава во цел град, ништо друго вкусно нема. На 20 метра ми е, бурек, лиснати.. катастрофа, особено бурекот.
Можеби нешто благо да се најде, али слатките работи им ги носат готови. Така да.. дефинитивно Вегера.
колку шо имам изедено минатата година бурек у Специјал.....толку у животов ми се чини леб неам изедено (не дека е убав бурекот....туку оти немаше друго шо најадува за тие пари)
Специјал во Карпош 4 е фул 24 саата...ама буквално фул...и заради тоа неможам да давам лош коментар за снаодливоста на персоналот,бидејќи брзо се стасува на ред и се доста фини....а за тоа кој подобри бурек мајстори имаат....и у Вегера и у Специјал се тиња...какви буреци имам јадено низ Македонија,просто умот да ти зајде!:smir:
Вегера дефинитивно. Ги имаат најубавите работи со сирење внатре. Мх, мх! Мераци! Имам јадено во Специјал, ама некако кога и да земам не е тазе и свежо и затоа повеќе ја сакам Вегера!
Кога ќе сум Скопје, често јадам во Вегера, супер им се скоро сите пецива што ги имам пробано, но најдобра им е пица бурекот ммм, а ова Специјал не знам точно кај се наоѓа, но последно кога бев знам дека ми донесоа некое бело пециво од таму, што знам, не беше лошо, ама во Вегера ми се подобри.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.