Вечерва, овде, без тебе... ПОЛУДУВАМ!
Почнуваш така да ме окупираш целосно...
Ми фалиш будалче, ми фалиш многу многу многу многу... Затоа почнувам да бладам, почнувам тажна да бидам, да ме фаќаат бранови на неверување, филозофирање и мрчење можеби...
Се тоа зошто те сакам, зошто ми фалиш, а незнам како да го покажам тоа... Неможам и себеси да си се сфатам...
Бев машинерија што си ја знаеше секојдневната рутина
, со потполна контрла врз себе и врз се околу, а сега како да ја губам таа контрола... Ти ме разбранува... И што сега?
Се плашам мило... Се плашам од чувствата... Мене тие милони пати ме изгориле, често лошо ми влијаат... Имаме ние некој посебен однос (јас и чувствата), премногу им се препуштам- премногу чуствителна сум... А ако на браната се појави барем една пукнатина, млазот вода се провлекува и успева да ја сруши цела брана... Сфаќаш?
Да се вратиме на поентата... Ми фалиш мило... Тоа прави чувствата да ме обземат, да ме управуваат, јас да го чувствувам тоа и несвесно да почнувам да се борам против тоа, и во таа борба почнувам глупаво или нелогично или незнам како да реагирам...
Вечерва, овде, без тебе... Па подобро ќе беше да бев со тебе- немаше да бидам ваква
