мхм ...вечерва ми текна на тебе како и секоја вечер обично пред да си легнам на креветот каде што некогаш и ти беше таму...
Не сакам да признаам на другите и несакам да си признаам на себеси али неможам против разумот и неможам против срцето...ДА навистина,премногу ми недостигаш...
Ме сакаше...навистина ме сакаше и ми го докажа тоа како ниеден друг досега...
Сега после часови нема некој што знам дека ме чека...нема некој што ќе му се залам за ужасниот ден...нема некој да ме гушне и да знам дека е од се срце и нема некој да ме бакне...
Ми недостига тоа што ме нервираше намерно а потоа ме гушкаше и секогаш знаеше да ме насмееш...
Ми недостига тоа што секој ден пред школо(кога бев втора смена) во 8 часот бев кај тебе и те будев со бакнеж и утринско кафе...
Денес вечерва ми текна на моментите,на деновите пред да си заминеш....ахам...најтешките денови за мене!Само лежев до тебе и размислував како понатаму без тебе...
И солзите сакаа да излезат од моите очи но не сакав...не сакав да заплачам...
Дојде и тој ден...денот коа требаше да се разделиме...денот каде ќе останев без тебе и сама на себе...
Моментот пред да се качиш во тој проклет автобус,моментот кога ме погледна...твојот поглед се ми кажа...твојот поглед ме ги натера моите очи да се насолзат...ме гушна,ме бакна и ми рече Те сакам и ми рече ќе се вратам...тоа беше последното!
Се качи и ме остави да гледам како заминуваш...најболното нешто за мене досега во љубовта...
И еве сеуште седам и те чекам да дојдеш....
Ми недостигаш и Те сакам сеуште....
И вечерва ќе заспијам на перницата кај што лежеше ти...мислејќи сеуште на тебе!