Католичката црква изгледа има храброст да си ги признае своите грешки! Кој е следен за рехабилитација?
СВЕТАТА СТОЛИЦА ГО РЕВИДИРА СТАВОТ ЗА ТВОРЕЦОТ НА НАУЧНИОТ КОМУНИЗАМ
Ватикан му ги прости гревовите на Карл Маркс!
Еден по еден, се зголемува ватиканската листа на "рехабилитирани грешници"
Светата Столица го ревидира својот став за мислителот кој своевремено религијата ја нарече опиум за масите, творецот на научниот комунизам Карл Маркс, пренесува лондонски Тајмс. Со тоа, наведува весникот, Маркс им се придружи на Галилеј, Дарвин и Оскар Вајлд, на се подолгата листа на историски личности за кои сега важи (до неодамна тоа беше малку веројатно) ревидираниот став на Римокатоличката црква.
Поводот за поинаков поглед на авторот на Капитал, Тајмс го гледа во текстот на весникот на Светата Столица - Осерваторе Романо, според кој, Марксовата критика на капитализмот ја потенцира социјалната отуѓеност што ја чувствува голем дел од човештвото кој, дури и денес, останува исклучен и е надвор од сите текови на процесот на донесување на економски и политички одлуки, пренесува Би-Би-Си.
Иако текстот не е лишен од критики на сметка на Маркс и неговиот материјалистички поглед на историјата, Тајмс потсетува дека и папата Бенедикт е доста зафатен со ревидирањето на ставот на Црквата спрема современиот капитализам, пренесува српски "Блиц". Мотивиран од рецесијата, папата оцени дека глобалниот капитализам застранува и дека учењето на Црквата кое би се фокусирало на правдата за понемоќните со поинаква регулација на пазарот, би можело да го обнови економското здравје на светот. Се на се, заклучува Тајмс, сега кога и Маркс од Ватикан доби преодна оценка, прашањето што се наметнува е - кој е следниот?
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7F134EB02C0EF14589D9E40C58FD9551