Вашите пијани искуства :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Имало повеќе пијани дешаванки што ми се случувале.
Интересно е да кажам дека една вечер лани кај еден другар се собравме цело друштво и другарот извади една стара вотка, од 2 чаши почнува да има ефекти, пиевме и коњак и така јако пивнати си бевме во еден кафиќ па во диско. Утредента требаше да играме со Шкотска и дисково беше полно со шкотланѓани. Се убив од пиење заедно со нив и стварно уште не се сеќавам точно се што ми се десило. Утредента се ваљав дома на земја по плочки и одвреме навреме повраќав:kesa:. Со тешка мака ја гледав утакмицата ама барем победивме:vozbud: И ден денес кога ќе ми текне на таа ноќ некако имам мака во стомакот:helou:
 
Годинава, на Водици праемо журка ја седим на шанк. На секоја нарачана вотка си точим и за мене и така до кј 1 по полноќ. Се расчистуе народов ја излагам од шанк со чаша од рука и идем кј дечкиве што свиреа, им викам свирите ја "Бисер Балкански" ја ќе ја пеем. Пеем не знаем што пеем, по 1 мин ми се смучуе истрчав надвор не можев да седим више си заминав дома, легнав кј 4 сабајле и станав у 9 да идем да заверим семестар.:kesa:

П.С. Оттогаш си реков дека мора да намалим со пиење и среќа ми успевa.
 
Не сум многу по алкохолот така да нема што да пишуем овде :kesa:
 
најново пијано искуство
пред некој ден бев на матурска кај братучед ми во Радовиш
кафичот каде што правеше матурска беше одалечен 20 метри од плиштадот а на плоштадот свиреа леб и сол што беше причина повеќе да пијам, кога заврши веселбата сите тргнаа накај дискотеката, ама јас само до таму се сеќавам, по пат ме сретнале цигани пша сум им залепил дебели пари за 2-3 песни па доѓла полиција ми правела проблеми, па во дискотеката сум скокал многу и сум играл ама сум погодувал луѓе со рацете па за малку сум избегнал ќотек на неколку пати, па сум повратил на скалите пред дискотеката:kesa: па сум се карал на крај со таксистот кога сум се вратил дома

ако бил алкохолот за деца ќе го пакувале во тетрапак:jaj:
 
ако бил алкохолот за деца ќе го пакувале во тетрапак:jaj:
Има вино во тетрапак,татко ми од Италија имаше донесено,кај нас не знам дали има :smir:

BTW: јако ти било искуствово ;)
 
другар заеби ти италија, кај нас млеко нема во тетрапак не па вино


него заборајф да споменам дека си ја изгубив и кредитната картичка на која ми стасува студентскиот кредит, луда беше вечерта, барем така викаат:vozbud:
 
Кога сум пијана се смеам надвор од нормалата, играм многу повеќе од кога сум трезна, тропам глупости,некои безвезе бош муабети ама никогаш не сум плачела...
А за дешафки...
- Ми се имаат заглавено штиклите (мене и на другарка ми) у кал летото во дискотеката `Планет`.Се обидуваа да не извадат, но сите паднаа заедно со нас.
- Се имам смувано со чоекот шо го мрзам. :tapp: :zid:
- Имам повратено во собата на другарка на дечко ми, за Нова година :pos2:
- Иам утнато скалила...добро 1но скалило :) и паднав

...останатото не е за во јавност :)
 
Не знам не сум била во ваква ситуација до сега затоа што и не пијам воопшто. Инаку најмногу ме нервира кога некој ќе испие една чаша нешто алкохол и глуми дека е ''дрво'' пијан што уствари нема врска.
 
Ајде најзаебаното:
Го исповратив добро манастирот св.Богородица Трескавец (за тие што не го знаат тоа е манастирот од Пред дождот филмот). Тргнавме кај 11 сатот вечерта, пијавме по пат цело време, а стасавме не знам кога пошто кога се качивме горе ме удре надморската височина и тотален мрак и повраќање :).
 
Пред неколку години се заколнав дека во Охрид коа идам на одмор, нема да пијам многу алкохол. И се заебав и тоа јако. Пред 2 години со друштво на тоа демек островото поврзано со мост шо е, седнавме да пиеме алкохол. Почнав со шприцер, па на чисто бело и на крај завршив со коњак. И до таму знам што како. Тоа одприлика 3 саат. Меморијата ми се враќа во 7 сабајле како ме носи едно девојче накај камп а јас и се "лигавам" целиот. Таа дупка во меморија подоцна ми ја прераскажаа. Сум почнал да скокам по целото острово па сум сакал да се бањам али ме спречиле. Потоа сум се качил на тие детските вовчиња и сум се дерел да ги пуштат за да се возам. И од толку скокање и викање сум застанал, седнал и заспал на тоа споменикот на Кирил и Методиј. Ме разбудиле по едно саат време и накај камп сме тргнале и понатаму се сеќавам. Следно утро ништо не ми беше освен што ме заебаваа сите.
 
Сношти бев здробен пијан едвај си дојдов дома..Искрено многу испив..:nesum:
 
Само еднаш се опив и тоа од малку џин-тоник,многу брзо ме фати и тогаш страстно го бакнав тој што го меркав:vozbud:,инаку ке немав храброст да го направам тоа:kesa:,па излезе дека добро било што сум се напила.
Оттогаш не ми се има случено да се опијам,ме страв од тоа чувство-немаш самоконтрола...може да се напијам,а да се опијам не!
 
секогаш сум насмеана и расположена и зборам многу кога сум под дејство на алкохол претежно се смеам кажувам смешки не ми се десило да бидам тажна и да плачам или да треснам нешто што знам дека несмеам да го кажам
 
Бев толку пијана што се бањавме со другарка ми во вино - ЦРВЕНО!
Бев толку пијана што се качив на маса на терасата на втори спрат и играв (СТРИПТИЗ!?) на некоја тешко шабанска песна. Додека комшиите кои што беа тешки пубертетлии од 20 до 30 години, некои од нив и со деца ми ракоплескаа, а еден од нив и праша дали сакам да му бидам жена. Јас одговорив ДА! :kesa: Бев толку пијана што дозволив другар ме држи во раце, а јас да висам од 2ри спрат!!! :nesvest:
Следното утро се разбудив во коматозна ситуација и морав да одам од Стар до Нов Дојран да купам ДОМЕСТОС за WCто. ЛОООМ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom