`95. Колку ме нервираше то глупата машина коцкеста, као натрапник дома да ми донел татко ми се понашав.

Ќе му седнев пред него и демек да видам шо е, како е, и ќе си отворев нешто, бог знае што... И туку ќе се загледав бледо во екранот, со некоја кисело - намршетна фаца. Пеинтот ми беше најинтересното уствари. И после шахот го открив, и ај, детска радост.
Али ете, сакала судбината да ни се спојат патиштата, една вечер во октомври, кога се имав добро разболено патем... Ми донесе тато ми некаква компилација од игри, меѓу другото и Томб Раидер тројчето на дискот. Згреши човекот што ми го инсталираше. Згрешиии, дефинитивно.

Понатаму и другите делови следеа, цела колекција нали... И ден денес кога ќе најават нов дел тој и тој месец, мене одеднаш сонце ме огрева, проблемите (и лекциите за на школо) исчезнуваат, а балансот во универзумот се враќа во нормала.

Не можат да ме одлепат домашниве од тогаш од компjутер.

Не можат, не се давам. Со виљушкар да ме тргаат, нема. Да ме влечат од стол, има да го гушнам екранот и нема да се откачам евр.
Не да ми е хоби играта, него зараза, болест, навика, зависност, слабост, што и да е, ама не успевам без неа.

Кога ќе седнев да играм, на прсти ми одеа пред соба. Им` продавав приказни као да не ме декоцентрирале, ми влијаело на психичкото здравје, не знам шо све не измислував.

Не од шо ми веруваа, него ај, меракот да ми го направат.

Уште се понашаме како да сум во карантин кога играм, само без финтите дека ќе полудам.

Ехе, колку гласни жици, нерви (мои, туѓи... ) и тастатури отишле на играта.

Јбг, љубав. :wub: