Во стварноста можам да се пофалам дека моето мислење е многу ценето и почитувано, бидејќи имам доста искуства од сите полиња. Има случаеви кога мои добри другари и другари специјално ми се јавуваат за совет. Нормално јас секогаш излегувам во пресрет, и ако можам ќе помогнам.
На Форум знам и се замарам само дали ќе е ценето моето мислење само во фан клуб М. Јунајтед, за другите теми си дискутирам без многу замарање дали некој ќе го цени или не.
И во реален живот и на форум мое си е да си кажам, на кој му значи моето мислење нека му значи, на кој не ГАЈЛЕ МИ Е! А знам дека во реалниот живот ги има доста луѓе што им значи моето мислење а за форум незнам.
И во реалност и на форум исто размислувам, кој го цени тоа во ред, има истомисленици и против мисленици, демократија, секој има право на свој избор , мислење и слободен говор, а од кого и како ке биде подржано тоа е индивидуална работа, да има луѓе, ценат што мислам и како мислам , тоа е мое право и си држам до тоа:wink:
Гајле ми е ако некој не го цени не го чита моето мислење. Јас важно сум го напишал кажал и слично, а тоа за читање и слушање е на тој кој што сака или не сака да го прави тоа проблем.
Моето мислење преовладува во мојот круг на луѓе. Не сум лидер или воџа или ја шо ќе кажам тоа да се прави, меѓутоа некои филозофски ставови, погледи и принципи приметувам дека повеќето откако сум им ги воочил ги применуваат и промениле нешто кај себе. Инаку далеку сум од тоа да сеа ја нешо да замарам да биде по мое или да се праам дека ја шо ќе кажам е најбоље.
На форумов тешко ќе да е така..
А во животов мој,фала богу уште постојат пријатели кои ценат мое мислење,а исто така постојат и луѓе чие мислење го ценам..А за другите околу,што спаѓаат во малку подалечен круг на пријателчиња,воопшто не ми е ни гајле,ниту им кажувам мое мислење,ниту барам да го ценат...
Моето мислење... и на форум и во реален живот (морам да спомнам така штом повеќето го направиле тоа разграничување) е потполно исто, ставовите се исти, сепак на крај, јас сум ист, најнормално има такви на кои им се допаѓам таков како што сум и ми е мило за тоа и се разбира тука се оние спротивните далеку побројни во мојот "реален" живот. Живееме во свет составен од спротивности и добро е што е така макар што за промена добро би било да се привлекуваме со дел од нив.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.