- Член од
- 14 ноември 2008
- Мислења
- 3.418
- Поени од реакции
- 856
Во мојот живот надвор од форумов и од нет, важно ми е мислењето на блиските луѓе кои ме опкружуваат, не сакам да ги изневерам и се трудам да не правам нешто што би ги повредила и би го расипала нивниот впечаток за мене. Значи битно ми е што другите мислат за мене и по таа логика сметам дека и на нив им е гајле за моето мислење.
На форумов јас си го кажувам своето мислење, па сега ако на некој се согласува во ред, ако не се согласува пак е ок. не можам да очекувам на секого да му се допаѓа моето мислење, ама од една страна не можам да речам дека не ми е гајле за нивното мислење, всушност тоа не е ни можно, со самото тоа што некој ти реплицира значи дека му е гајле за твоето мислење, без разлика дали репликата ќе биде позитивна или негативна.
Само разликата меѓу тоа дали моето мислење на некого му е важно или не -меѓу реалниот и виртуелниот свет, е тоа што во реалниот живот повеќе се замарам дали другите го ценат моето мислење, а овде гајлето за тоа е со многу помала димезнија
истото би го напишал и јас ... поготово ова болдираното .... секогаш гледам да ги усогласам мојте мислења со мислењата на мојте најблиски, и многупати прам оттстапки за да не дојди до некои големи спротивности .
е сеа за на форумот, си пишам шо сакам, нормално полесно си го искажваш мислењето пошо никој не ти брани шо да пишиш, нема вербален дуел. е сеа дека не ми е гајле не можам да речам не , важно ми е дали некој ме цитирал со која намера ме цитирал дали ми дал репутација за добро или лошо мислење , на некој начин со то сфаќам какво генерално мислење имат луѓето за мене