Ваша поезија!

Интима

Место штипки и љубов
си делиме лажни комплименти.
Проституирани парчиња разговор
да одат, со алкохолот.
Нема надеж во онаа глава
кајшто место чистина
има паркирани автомобили.
Немам толку време
да бидам чистач
на неистражени улици.
Манично депресивни
се нашите погледи.
Во шаренилата на блескавите излози
и исполепените носеви
се вртиме во круг
сонувајќи да сме посебни.
Но.

Нема, нема вистински избори
Секогаш можевме подобро
никогаш не смееме полошо.
Изгрицкани нокти од невроза
за да се задржи сликата
во вкочанета поза.

Интима, тело кое ветува
простор да се исполниме со блуд.
Ах, не, ќе си речеш
не смеам, не сум луд.

Последната карта секогаш е кец.
Ракавот студи кога нема друга рака.
Остануваш да сакаш.
Како самец.
 
Autostrike


Поетеса.
Облик на жена
со менѓушки како лажичиња.
Инсталација
со наочари и кога нема сонце
во боја, розова.
Поетеса
непотребна на системот
а богами и на снаата и свекорот.
Жена што го опседнува просторот.
Со зборови
и енергија
што не влегува
во сечии чевли.

Поетеса
Тажна, и смешна
кога е важна
и грешна.
Во аглите на овој град
создава маглини
и слики кога
мавта со рацете
обидувајќи се.
Да допре до некого.
Поетеса.
Саморазорна
како и секој
што влетал во нејзините зборови.

Поетеса
што на своите облини
ги носи идните деца
замислено, дрдори
надевајќи се на сцена
каде, светлата
ја блескаат нејзината интима
отворена како гладна уста.
Се опева.
И себеси.
 
I guess, you are a mirror.
in front of u,
i look like myself.
Its a simple rule,
& two similar faces.
and it makes me stare!

i suppouse, we are waiting
for the rains to stop.
Its such a grey, grey world,
but such an order of rules.

i know,
loneliness doesnt kill
just destroys,
and leaves ugliness.
But what if
my soul is enough ugly
to become uglier?

i see there's someone,
who looks more like itself .
perfectly few steps ahead.
And its raining.....

i hope, it cant be
more complicated.
because its such a mess.
With no colours.
 
Сечило

Што можам, кога не затворам врата
и се плашам од затворени простори
тропам кога сум будна
и ме заморуваат тапи приказни.
Што да ти правам, кога не конташ
ни мериш, ни сечеш
Ајде уште една песна од инает
слушајќи њувејв без збор да речеш.

Преку глава ми е од автобусот
што се клацка и паѓаат тетки од столчињата
од телефоните со мрс и гадост
напикани во копчињата.
Не го сакам овој град
љубовник е лош и ме гори со цигари
му р'кам во пивото и го соблекувам
фелацио на урбани простори.

Лак и стрела вперени во апатијата
скршен чешел, ни ојде ќелавицата!
Наведни се, о, глупав граѓанину
касни си од задницата!
Мракот, е за светлите луѓе
да можат да се занесуваат.
Како и јас, кога со нож се размавтувам
и сите замолкнуваат.
Референци и проста поезија
облечена во декемвриски скафандер.
Реши се, Животе.
Кога ќе ме удавиш
со свиленко јаженце
украдено од детскиот сон.

Демек невиност.
Што можам
кога пишувам
место да ви врескам в лице
и да ви ги откопчувам патентите.
 
Средба

Седната на прозорец
воајер низ клучалката на мојот дом.
Гледам, ене средба
на момче и девојка.
Се караат по ладна улица
од усни врели здивови
ко од ламја, бес прави "хууу"
нивната тажна приказна.

Не знам зошто, го гледам тоа
како сликар, подвижна боја
на болката.
Се прашувам, онака
Каде ли умира љубовта?

Како панкер под мост
или куче згазнато на улица...
Само сме сведоци
на оваа можна димензија.

Замаглен прозорец
и замаглени очи.
Доста е, затвори ги.
 
Заспивалка

Еден куп дрвја, високи ко тебе
прават ограда од своите тела
во кругот, јас малечка
како птица заштитена од ветрови.
Сонувам дворец, замок со милион собички
кревет со балдахини
и миризливи перници.
Влезот е слободен.
Лесно ми е да заспивам.
Кога имам крилја
Лета фантазијата
облечена во моите чевлиња
(украдени додека сум ги нишкала стапалата).

Замижи, грабни снегулка
да танцуваме.
Младоста ни е отворен Млечен пат
гушни ме.
 
Недовршена

Ако сум силна жена
самосвесна
по забави бесна
ти, не се приближуваш
(си мислиш, па не сакам никој да ме засени)
И некој ќе рече
Неа и треба генијалец
зошто има сијалица ем матка.
А, да, во верноста е пристојна
и не можеш да и ставиш
на устата
фалусна затка.
Ако имам храброст
и став
ти, не се приближуваш
(си викаш, од кај да знам, можеби ми е страв)
И некој ќе си рече
Неа и треба дисциплина
зошто има ум и содржина.
А, да, и верува во идеали
и не можеш да ја тренираш
кога сонува
исправена.

"Со тебе е интересно и по гулаби да се оди"
''Ти си инспиративна и владееш".
Какви се овие пароли
што ги носат нечии раце
задржани индивидуи во толпата
викајќи го името, женско.

Ако сум самосвесна, храбра, со став и тело
тогаш сум кучка
со брк и феминистичка справа
нервозен привид за машкото ќоше
(кое може да бира со која глава да удри в ѕид)
и постојам за да дигнам нос
и некогаш и нешто друго
тинејџерски сон
за ноќни полуции.
Револуции.

А ете, веруваш во љубов.
 
Оној кака
Ти какаш
Јас нешто маткам.
Како и сите високи људи,
понекогаш јадеме
сливи трули.
Добро е да лажеме,
така ќе успееме,
на политичарот огледајсе.
Берлин,Брисел и којзнае каде,
со лага си светско газе.
Трај и ќути,
непрашуј,
лошо било по џепови!
Биди фин и културен,
оти шиптарот ќе те тужи
со Рамковен.
Заебана е ситуацијава,
лошо е по нас и нашава опозиција,
позицијата се брани,
кај и да е ќе се посрами.
Биди јак и цврст,
да не те стопат ко црв.
Поезијава е слатка,
ко нашата мака,
ко малата пара,
ко корката кратка.​
 
Светло сиво

Често заборавам
да ги исклучам мислите
па навечер
како сенки на ѕидот
играат куклен театар.
Заспивам, се будам, и ех!
Веќе е недела
можам да ја пресечам со сатар...

Мајка ми ќе ми каже
со прст на телевизорот
"избриши прашина"
а јас, одговарам
Ха, па си разговараме, си велам
во секое парче тишина.
Маглата, ми е завеса
каде имам чиста мисла
требаше да излезам вчера
во надреалноста!
Како Надја, да дарам поглед
и да избегам во првиот сон.

Убав ден е ова, убав дом
Реалноста ја накитив
да смрзне, на балкон...
И си Бидувам.
 
...
Чаша топол чај ми ја грее плуќата,
внатре и онака се празно е.
Пареата ми влегува в очи,
создава слепило, за кое молам.
Нејќам да го видам стариот страв,
да го сетам мирисот на слабоста,
да ми трнат коски,
да чезнеат мисли ,
со една мисла, да биде подобро.
На крајот од тунелот,
ќе замавнам со раката за поздрав,
ќе се изгубам во светлината на ноќта.
Дотогаш, моите нозе ќе се крепат,
очите ќе ми останата суви,
а зборот кроток и издржан.
 
Градација

Дај израдувај се
на светот
Ти му се случуваш
а и тој тебе.
Фрли го прозорецот низ прозорецот.
Подари ми грст песок
донесен од плажите на Фиџи
симнат страк пердуви од ластовица
најдена во картонско пакување
(Fragile).

Сакам да врескаме
по улици
пијани или трезни
зарем некому ќе му е важно?
Нам да ни биде.

Остани во мојот џеб
на моите патишта
остави барем кришка сон
на заедничката перница.

Ние, ние, сме...
Јас и ти.
Башка, како две страни
од изгубена паричка.

Нема, нема да не најде никој.
(ако случајно е тоа питачот
ќе играме петка глава, кој да блесне прв).
 
Велија црни Велија
дом ти е црна келија
престолнини не те собраја
џандари те тебе подбраја!

Не беше роден Велија
да гниеш в црна келија!
Таму те сонце не грее
таму те ветре не вее

Вмро грев не простува
Вмро криминалци пеплосува!
Шутка твоја друга куќа стана
ке бидиш на диета, без луксузна храна
 
Anga!

Левата рака ја држи десната
и забрани пишување
Немој денес, те молам
доста е зборовно заведување.
Молкот, е цена
што ќе ја плаќаш на рати
ах, зарем не сме тажни кога
и поезијата мора да се плати...

Заборави, дека знаеш да играш
со глетките
и со случајните минувачи
што јадат ѓеврек
дупки на оптимизмот и среќата.

Остани еднаш без текст.
(стави си сама себе лисици
но не во оној еротски контекст)
Замолчи, Ана.
Оди, лакирај си ги ноктите.
 
Луѓе трчаат, сите одат некаде
Одам сама, осамена
Како сенка неприметно минувам
Јас сум сенката или тие?
Кој оди?
Кој гледа лица, насмеани, тажни?
Кој гледа омраза, љубомора, љубов?
Кој гледа страдање и останува рамнодушен?
Кој е тој скитник, вечниот трагач на вистината?
Кој е гостин во моето тело и ми вели
„ Мини низ она што минуваат другите, мини низ нив“
Минува ветер, јас сум ветер!
 
Искрена

Како Господинов, велам
најнормално е
да напишеш "к*р" на вратата
од јавниот тоалет.
Ете така, без ред.
Кога сите
лажат
дискриминираат
се фураат на веганство
(а смачкале куп телиња),
пеат на "странска" музика
и мерат вредности
со дупната лажица.
Гнасна, особина
мртов кауч, од Тарантиновски филм
легнувај долу, животе
и остави ме да постојам.

и тебе ти доаѓа
- мене веќе ми дојде едно стопати -
да фатиш прво
примитивно орудие
да раскостиш се’ и сешто
само зошто.


Во недела си на работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom