Ваша поезија!

Име

Понекогаш
го испишувам името свое
на автобуси
(на воз, пробав еднаш, и ми избега)
или на автомобили
за да ме одведат далеку.
Да заробат приказни
во каросериите
или на задните седишта.
За кога ќе се вратат
да имам што да раскажувам.

За болните емигранти
за курвите по купињата
лалињата
чевлите заборавени на тоа горното за багаж.
Можните деца родени
некаде меѓугранично.

Инспирацијата, ме носи
и до Осло и до Лима
трепкањето е уште едно ехо
на заборавениот видик.
Во ноздри имам задржано уште една зима.

Молчам, штом се вратат сите.
Имам за што да пишувам.

За оние што ги знам и за оние што не ги знам.
Оти, мене никој до сега не ме напишал.
Име, името вреснете ми го.
Секогаш кога не сте Овде.
 
Апансас


Хедонистички
со истегнати ракави
едниот врзан за балконските саксии
другиот
со врзоп соништа
пие кафе и дрдори.
Ме разбудија бурмашини
и улави комшии.
А денов се дави
во бои топли есенски.
Не му фрлај гума за спасување.
Нека се удави
до збогување.
Ширум раце отворени
кон светот што се затвора.
Секогаш кога ќе ја споменам.
Љубовта.
 
They say they hate it
when I say oh well...
Oh well...
Did I really find the strength I need
to get back on my feet?
Can I really keep walking?
Oh well...
Perhaps
this is only an illusion.
Or maybe
I really can walk again?
I feel stronger...
I feel like I really hold something in my hand.
Or someone.
But then I open my eyes and I realize.
Then I see again.
The debris of the wars inside scattered all around.
Only one casualty...me.
Oh well...
I would even sell my soul
but it no longer holds any value.
Alas,who would buy something broken and beyond repair.
Oh well...
 
Ќе те пуштам,
само кога ќе успееш да дишеш.
Ќе се тргнам од сонцето,
само кога ќе успееш да стоиш во сенките.
Ќе престанам да зборувам,
само кога молкот ќе ти стане пријатен.
Ќе ме гледаш насмеана,
додека не прифатиш дека можам да бидам и тажна.
Ќе наздравувам со анѓелите,
додека не разбереш дека човек знае да танцува со демоните.
Ќе играм игра,
додека разбереш дека човек треба да биде чист.
Ќе бидам мистична нимфа,
додека видиш дека сум обичен смртник.
Обичниот смртник, се фрла во реката на животот,
со многу очекувања, а малку заслуги.
Ги фрла заровите на среќата,
велејќи дека има верба.
Јас те гледам, додека фрлаш зарови.
Те гледам додека ме гледаш мене.
Јас ќе продолжам да гледам,
додека не разбереш.
 
WaitinG.

Видов искривен лик во огледалото,
можеби сум јас,
или некој што одамна се
трудам да го глумам.

Стапалки на патеката без крај,
одиме по нив без престан,
никогаш не се свртивме настрана,
никогаш не се потрудивме да
бидеме различни.

Монотонија во бескрај!

Во рацете имам празнина,
која чека да биде потполнета,
во главата идеи,
кои чекаат да бидат остварени.
Тоа ми е најтешката задача,
како равенка со многу непознати.


Има недоцртан цртеж на масата,
насмевка во гужвата,
ѕвезда во темнината,
куфер со соништа,
и карта во еден правец.

Времето е само пластелин,
смеса што ја обликуваме како што сакаме,
можеме да го истегниме до бескрај.

Видов искривен лик во огледалото,
можеби сум јас,
или некој што одамна се
трудам да го глумам.

Стапалки на патеката без крај,
одиме по нив без престан,
никогаш не се свртивме настрана,
никогаш не се потрудивме да
бидеме различни.

Монотонија во бескрај!

Во рацете имам празнина,
која чека да биде потполнета,
во главата идеи,
кои чекаат да бидат остварени.
Тоа ми е најтешката задача,
како равенка со многу непознати.


Има недоцртан цртеж на масата,
насмевка во гужвата,
ѕвезда во темнината,
куфер со соништа,
и карта во еден правец.

Времето е само пластелин,
смеса што ја обликуваме како што сакаме,
можеме да го истегниме до бескрај.
 
Д Клише

Дождот предизвикува
различни расположенија
за секс
за тмурна збиранка на кафе
кога излогот е испрскан
од есенската лигавица.
Буквата Д е како клавир
за да заседнеш и отсвириш
четири годишни времиња
од Вивалди.
Оти сите не’ поминаа.
Чадорот е само орудие
исконско
за да се спасиме од плуканиците
на ова небо
што одамна не’ проколнува.
Дојди да прошетаме
и кога истура
да ти кажам збор два
оти сме отуѓени
без причина.

Мојот дожд
нека биде твоја вистина.
 
Скопска

И до уморот и после него.
Никако не стивнува
љубовта
што живее и умира
За тебе.

Првите заби, џамлии и рози
грди и паметни учителки
врзани мајски бумбари
првите љубовни пози
Во тебе.

Пролетни и полетни
студентски, пензионерски
конгломерат животни
Жена парк со манијаци
Зелен парк со џанаци
сето тоа
ме урива
Во тебе.

И долж и попреку
пресечен и отсечен.
Во дамарот помеѓу
имаш години.
Пиколомини, пак ни намини и направи ни лом...

Скопје, те сакам и сакам одново да умреш.
(држење за рака не е потребно)
 
Ти, која си јагне во волчја кожа
мислиш на оној кој те повреди,
заменуваш темнина со светлина,
во еден исклучиво твој свет што ги ранува срцата.

Ме запозна мене заточен помеѓу времето
можеби тогаш не мислеше на платонска љубов.
Ме познаваш доволно,
но не ги гледаш боите на божилакот.

Не ја забележуваш пролетта
не ги познаваш годишните времиња
се плашиш дека сеуште ќе страдаш,
а одамна повеќе не е така.

Јас сум туѓинец во твојот живот,
не барам од тебе да ме сакаш
туку да ја сакаш мојата љубој која ја чувствувам за тебе.

Како што росата штом ќе види сончев зрак исчезнува,
а нејзините малечки капки на кусо остануваат покрај неа,
така моите очи остануваат блескави,
кога ми велиш дека чудесна личност како мене,
сеуште не си запознала.
 
Потрага

Наврати некогаш
во од, додека имаш здодевни минути
разбркај ги како муви
во досадно августовско попладне.
Донеси ми новост
Мал грам ум за големи радости
како новороденчиња
нека се раѓаат зборови
(оти нашиот јазик, полека умира)
Да обновиме
некои стари ќошиња.
Наврати, во палто
во кое нема да препознаам
дали си ти или староста.
Како песимизам кој
се убил чекајќи ја невестата
(Оптимистка, што не верува во брак).
Дојди ми, во мрак.
Зароби ја мојата светлина.
Да обновиме
некои ведри сеќавања.

Знаеш, ли воопшто
Која сум јас...
навистина?
 
Вечност плус минута повеќе


Се сеќаваш кога збореше со мене,
твоето срце беше таму,
но не за мене - се надеваше на некој друг.

Сето она што сакам
е да ти подарам љубов,
силна љубов која нема да те уплаши.

Го носеше темното минато,
а јас ти нудам светла иднина,
но не, сеуште не си среќна.

Од секогаш сакав да те осипам со љубов,
да чекориме по ист пат,
секогаш кога ке потклекнеш да те поткренам,
не сеуште ги имам само зборовите,
само молкот во зборовите.

Сакам да навлезеш во секој миг
од мојата љубовна мисла,
да влезам во одаите на твоето срце,
милувам да те правам среќна.

Како што љубовта ги брои отчукувањата на срцето,
така мојот часовник ги брои минутите до моментот
од кога засекогаш ќе бидеш само моја.
 
( : )

Не можам
да напишам песна
ме затегна
среќа за ракав.
Вели - влези
во онаа врата
без квака
и со подадена рака.
Кон новите агли.
"Ти си круг, ќе се натиснеш!"

Се гледаме со неа.
Повремено.
Колку да се затопли собата.
Онаа
што кога завесите паѓаат.
Ние
водиме љубов.
 
Кујна

Со кружни тенџериња, лажици
и по некој нож
сечкаме сеќавање
праз, орудие на невозможната пролет.
Тропаме во кујната
на милост и немилост
на гладните стомаци.
Дадовме инструкции
како да се исполни просторот
со прав од брашното
песна на глувците
скриени под крцкавите маси
за месење.
Твојата рака и мојата
во двобој
меѓу спојлерите и тестата.
Грабаат од страста.

Врска немаш
а си ме закачил на врвот.
На твојата хедонистичка замисла.
Имам ореол од цвеќиња
моќ да ја замирисам
собата
после еден куп
воени преговарања.
Готвиме
што ли...
Љубов или одмазда.
 
Прашалник

Кога глупоста се мери
само со огласите во вторничките весници
а нашата младост е обесена
по донкихотовските ветерници
сакам да залегнам
во мирудиите напикани
по сеќавањата и плачките
на дедо старите марамчиња
од Тито значките.
Време што јазикот ти го поткаснува
да не можеш да изговориш
ниту една реченица.
Тогаш, земам виолински клуч
и кобајаги со него
ги отклучувам вратите
да слушнам од каде
врви музиката.
Што од некаде ми ја донесе.
Дури и кога белите влакна
на косата
стравот од меланхолија
се влечат по нас како лоша меморија.
Пак имам прашалници
дали ова е само можност
да се биде убиен за да се оживее
оставштина за некоја историја.

Да залегнам, од овде и сега
во онде и таму
да застанам на твоето рамо
(како був, или утка, сеедно)
пак ќе мислам
колку е долго да се биде краток во сонот
кога се будиш уморен
давејќи се во бесмислености
можеш ли да бидеш ист со себеси...
можам ли да бидам гола и боса
со мирис на возови, работа
свежо нанервирана кожа
кажи ми

Можеме ли
можам?
 
Изгубеничка

Знаеш, не’ има секакви
отечени од спиење
или пиење
од зборување
или додворување.
Сакам само да споделам
она што во глава
ретко застанува.
Покрај сета филмска состојба.


Убава си, џабе.
Никој не те лајкнува.
Стоиш во ќош
како корпа за ѓубриња.


Обликуван сон
на перверзијата
(им се може, да ти дуваат на уво
кршејќи ти ја младоста)
Сакаш да се дадеш
попаметна.


Тебе не би ти ја дала
Ни својата креативна блокада.
Не знаеш ни за што пишувам.
Нели...


Остани, исцицана.
Скопјанка.
 
Ништо не ме допира

Ништо не ме допира
јас сум само силна кора од градска бреза
што децата ја користат
да тријат стиропор од неа
правејќи снежни облаци
на нејзините подножја.
Во мене
годовите
се мигови што нема да ги заборавиш.
и ќе те болат во сон.
Предолго спиеш
како да ти објаснам...
Превисока ти е перницата.


Ништо не ме допира
дури ни кутијата спомени
што се отвара ко да е на Пандора.
Молчам, поважна ми е сопствената
внатрешна мелодија.
Секој е сам.
Кога му се нуди прегратка.


Затоа, ништо не ме допира.
Се’ и ништо е кажано.
Времето врви.
Не се сопира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom