Ваша поезија!

MrRoboto напиша:
Животот полетува, венее и расцветува.

Сериозен беше ова што го пишуваше или го напиша колку за да имаш рима? :pos: :pos: :pos: :pos:

Извини ама редоследот не ми е некако логичен. :wink:
 
Помешани Апови....

Поезијо моја..
Што во ќош ми се криеш....
Во тој ќош со најострите агли, од кои боли глави....
Го изгубув кључот, од мојот ум, сега веќе празен друм.....
Шо ке правам, шо ке правам...Ооо поезијо.....


Се прашувам, така избезумен...
Дали ти поезијо моја насушна треба да имаш рима певлива....
Да течеш како река од убави слова....Како река незагадена....
Или само ти поезијо......Некој те пренасочил во изворот.....
Тој некој шо ги смешал апчињата на сабајле....
Оооо Поезијо.....



Ооо Поезијо....
Црн Гарван се зададе над твојата егзистенција....
Оооо Поезијо....
 
(квази поезија)

Име

Некој ќе ми шепне 'име'
и ќе си го чувам
мое ќе си биде
и ничие друго...
И кога навистина ќе бидам среќна
ќе го шепнам на друг.
Но, само на еден
за да не бидам
сама во среќата...
никој не се радува сам..
А потоа...
вториот ќе го каже на трет
за да не биде себичен како јас.
И во мигот кога ќе ја издишувам
последната минута среќа...
некој ќе ми шепне 'име'.
[FONT=&quot][/FONT]
 
Помешани Апови-Втори Дел......

Оооо Поезијо моја.....
Што на изворот некој те пренасочил.....
Тој црни некој...шо ги смешал аповите на сабајле......
Оооо како можел тој расипник, тој интергалактички глупандер.....
Ти Поезијо....Си така праведна....Така праведлива....Разумски спроводлива....
Црни денови ни се задаваат на нас.....
На тебе како осамена и неискажана Поезија....
А мене како ранлива гугутка оставена на Сибирски студ без Поезија.....



Ооо Поезијо....
Што да кажам, што да правам....Дал да плачам или ти ке плачеш....
Црните Гарвани не не напуштија.....НЕ....Не не напуштија...
Туку се размножија.....И репродуктивниот процес е против нас.....
Тој неук репродуктивен процес.....Научен само на котење а слеп за Поезија.....
Тагувам, тагувам...По тебе Поезијо.....



Тагувам , а воедно и трипувам благодарејки на смешаните апови....
Оооо Поезијо....Оооо Црни Гарвани......
 
Me saka, ne me saka
me saka, ne me saka
me saka, ne me saka
me saka, me saka i ke me saka
I jas ja sakam nea, i ona me saka mene,
prodolzi da citas, jas odam, ma koj te e*e
 
Не оставајте збор,
нежен,
благ, љубовен
недоречен.

Не оставајте
да ви тежи,
да ве пече.

Може заборавот
да го однесе,
славејот да го испее,
може ветерот,
да го одвее.

Зборот горчлив,
навредлив, со омраза,
со лутина, со бес,
оставете го неизречен,
недоречен, голтнете го.

Горчината со блажина,
душата ќе ви ја исполни....
 
Сериозно помешани апови-III дел....

Како некој да го пушти казанчето на твојата шоља...ти замина
Оооо моја Поезијо....
Еродираше твојата пресветла мисла....Од небрежност...
Од небрежност на една личност...
На личноста која СЕРИОЗНО ги помеша аповите на сабајле...
Каде си каде...Врати се врати.....
Патам јас и ти патиш.....
Гарваните се се повеќе и повеќе...
Црн мрак...Го покрија небото.....
Врати се пресветла моја Поезијо....
 
StormAngel напиша:
МСВ, ова Гарвани...да не мислиш на гаврани случајно?
Имаш слобода на толкување....

Ако сакаш можат и слонови да ти бидат.....:)
 
StormAngel напиша:
МСВ, ова Гарвани...да не мислиш на гаврани случајно?

Абе Едгар Алан По..

Quote the raven Nevermore..

Raven се преведуе као гарван..
 
Поезијата на еден трипер...Мешачка на апови-пети дел......

Летам....Барам...Поезија не наоѓам...
Прашања без одговор....Апови на надежта.....
Умот заматен.....Гарван накострешен....
Патетика без поезија.....Поезија без патетика.....

Толку.....:icon_eek:
 
Мора да се здобиете со репутација пред повторно да ја дадете на MSV .

:(
 
MSV напиша:
Имаш слобода на толкување....

Ако сакаш можат и слонови да ти бидат.....:)
Too, toooo
Знаев ја дека има нешто индиско во поезијата.
Гарвани мишнаватан шахрук кан. :)
 
Побарај ме

Побарај ме кога ќе ти треба сон
јас ќе бидам твојата топла покривка
Побарај ме кога ќе си жедна
моето име Еликсир
Побарај ме кога ќе те задуши животот
јас ќе ти бидам здив со сладок животоносен мирис

Кога сите ќе те остават побарај ме, јас нема да те заборавам
Кога сите надежи ќе згаснат побарај ме на небото, јас сум ѕвездата Деница, твојата водилка, сјајна подеднакво и во денот и во ноќта
Кога ќе нема излез од сивилото на животот јас ќе бидам твојата врата

Јас сум духот кој оди
Јас сум водата без форма
Јас сум флуидот чие присуство ја полни душата

Побарај ме
Кога ќе ти треба рамо на кое сакаш да му ги истуриш солзите
Кога ќе ти треба снага која силно ќе ја грабнеш и ќе и’ ги зариеш ноктите од преголема желба по оној кој живее внатре во неа
Кога ќе ти треба некој да те сослуша

Побарај ме кога ќе ти треба пријател

Побарај ме кога ќе ти треба љубов
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom