- Член од
- 30 април 2005
- Мислења
- 361
- Поени од реакции
- 21
- Возраст
- 51
- Веб-сајт
- venera-vk.blogspot.com i http
Крстителот напиша:Побарај ме
Побарај ме кога ќе ти треба сон
јас ќе бидам твојата топла покривка
Побарај ме кога ќе си жедна
моето име Еликсир
Побарај ме кога ќе те задуши животот
јас ќе ти бидам здив со сладок животоносен мирис
Кога сите ќе те остават побарај ме, јас нема да те заборавам
Кога сите надежи ќе згаснат побарај ме на небото, јас сум ѕвездата Деница, твојата водилка, сјајна подеднакво и во денот и во ноќта
Кога ќе нема излез од сивилото на животот јас ќе бидам твојата врата
Јас сум духот кој оди
Јас сум водата без форма
Јас сум флуидот чие присуство ја полни душата
Побарај ме
Кога ќе ти треба рамо на кое сакаш да му ги истуриш солзите
Кога ќе ти треба снага која силно ќе ја грабнеш и ќе и’ ги зариеш ноктите од преголема желба по оној кој живее внатре во неа
Кога ќе ти треба некој да те сослуша
Побарај ме кога ќе ти треба пријател
Побарај ме кога ќе ти треба љубов
Многу, многу убаво.
Имаш две зелени од мене.

