Уште еден нов ден, уште еден нов 25 јануари, уште многу спомени, уште многу сеќавања, уште многу несредени мисли, уште многу солзи, уште многу песни, уште многу неостварени соништа, уште многу планови...
Уште еден тажен роденден.
А во него и без да сакаш започнуваш да размислуваш... и повторно не можеш да се помириш со исходот од монологот и вистината... сфаќаш што си имал откако ќе го изгубиш.
И тогаш сите полски цвеќиња не се доволни за да ја украсиш твојата соба за тага додека го молиш небото да ти го врати, проколнувајќи го местото на злосторот, прашувајќи се зошто отиде далеку од тебе, чиј е сега и дали ќе има нов ден за вас.
Фрлаш поглед надвор, а таму магла, улици накиснати, луѓе тажни, расплакани...
Сонцето зајде, се удави во езерото позади планината, останаа само сеќавањата на лудите млади години, и игрите без граници...