Уште еден тажен роденден

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Пошо не сум многу речовита, посебно не после ваква бурна ноќ* еве од мене само СРЕЌЕН РОДЕНДЕН! :back:

*постов малкуцка подолго го пишев и се надевам немат грешки...претпоставете сами зш...
 
... не можам по тебе да оздравам
сета љубов дур сум жива на тебе ја потрошив
светот мој минус ТОШЕ во него
сето што ќе остане малку е...

Тоше иако веќе не си меѓу нас, секогаш ќе останеш да живееш во нашите мисли, а твоите песни ќе ни бидат утеха во срцата
:love3:
 
Среќен Роденден Легендо, почивај во мир.
 
Среќен Роденден, да живеат твојте песни а со нив и ти. :cry: :(
 
Тошка, среќен роденден легендо... Почивај во мир голем човеку... :(
 
Се надевам среќен си таму горе на небото.Сега сигурно заедно со ангелите го прославуваш големиот настан,твојот роденден.Штета што ангелите те зедоа,инаку денес,ќе беше еден од најсреќните денови за цела Македонија.Ден на кој ТИ заедно со сите твои обожаватели ќе го прославеше роденденот,заедно со промоцијата на твојот албум.
Песните се врежани во нашите срца,а твојот лик се појавува пред нас секој пат кога ќе помислиме на тебе.Sвездо наша,ние сеуште те сакаме како што и ти не сакаше нас,верувај во тоа:cry:.

Среќен роденден Тоше,иако на небото,сеуште ќе бидеш жив во моето срце:cry:.
 
Како да му посакам среќен роденден на човекот чијашто смрт ми го смени погледот на животот? Како ќе му го го купам новиот албум и ќе ги научам новите песни како Оче Наш, а Него веќе го нема? Зошто бе Тоше,зошто не си сега тука,па заедно да ги дуваме 28 свеќи на тортата? Заедно да му се радуваме на животот и да го славиме секој ден како последен.... Почивај во мир Легендо! Засекогаш ќе бидеш со мене.... :(
 
mssyou-087.jpg
:cry:
 
Пред некој ден кога го гледав спотот од навивачката химна и ја пеев со сето срце и кога заврши само ми помина низ глава... овој човек повеке не е со нас.ме пресече ко молња.ко да беше вчера кога ја слушнав таа толку тажна вест,сеуште не ми се веруваше.Се додека не си дојдов при себе и да изустам само...јебига судбина!
Наш непреболен Тоше вечно ке те сакаме.почивај во мир ангелу
 
Овој ден, нема да биде веќе исполнет со среќа и веселби, туку ќе биде исполнет со болка. Ангелу најубав, кога отиде, со себе понесе парче душа од секој од нас. И таму некаде...каде и да си...ги засенуваш сите ангели со твојата насмевка, со твојот глас, добрина...
Те сакаме, ти си нашата љубов, нашиот копнеж...се надевам дека го пронајде својот свет на љубовта. Нашиот свет секогаш ќе биде празен, исполнет со болка со секоја помисла дека тебе те нема веќе...
 
Мене ме учеа дека на починати не се слави роденден:tapp:
ама, како и да е...
 
Пак. :S
Како можете да му испраќате честитки на некој кој што е мртов?
Нема ама баш никаква смисла.

Убаво е за да не се заборави, да се спомене неговото име, да се величат неговите дела... да има некој хуман настан на тој датум, хуманитарен концерт или слично. Ама да славите роденден и да испраќате честики, во најмала рака е глупаво.


Edit: претркан сум. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom