Уште еден тажен роденден

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
Уште еден нов ден, уште еден нов 25 јануари, уште многу спомени, уште многу сеќавања, уште многу несредени мисли, уште многу солзи, уште многу песни, уште многу неостварени соништа, уште многу планови...

Уште еден тажен роденден.

А во него и без да сакаш започнуваш да размислуваш... и повторно не можеш да се помириш со исходот од монологот и вистината... сфаќаш што си имал откако ќе го изгубиш.

И тогаш сите полски цвеќиња не се доволни за да ја украсиш твојата соба за тага додека го молиш небото да ти го врати, проколнувајќи го местото на злосторот, прашувајќи се зошто отиде далеку од тебе, чиј е сега и дали ќе има нов ден за вас.

Фрлаш поглед надвор, а таму магла, улици накиснати, луѓе тажни, расплакани...

Сонцето зајде, се удави во езерото позади планината, останаа само сеќавањата на лудите млади години, и игрите без граници...

 
Полско цвеќе млад нека ме покрие :nesum: тажан настан исполнет со многу емоции...засекогаш ќе бидеш меѓу нас!
 
Среќен Роденден Тоше,секогаш ке си со нас...Почивај во мир ангелу.
 
Среќен Роденден Тоше, фала ти за се што направи за нас, фала за прекрасните песни кои те прават да се чувствуваш срекен и во моменти на тага, фала за се.
Ништо не е исто без тебе, Почина но не Умре, Засекогаш ке останеш во нашите срца.
 
„Никогаш ничие отсуство не било толку присутно„
 
Покрај добрината, гласот, харизмата, покрај се она добро што го правеше...ќе бидеш запаметен истотака како еден од најголемите шмекери на овие простори!
Среќен Роденден
Почивај во мир легендо...
 
Глупаво ми е да честитам роденден, среќен роденден на мртов човек?
Побогу, како може да биде среќен?
Знам дека е тешко да прифатиме дека повеќе не е меѓу нас, ама тоа е суровата реалност.
Почивај во мир голем човеку.
 
Тажна е неговата смрт, но не и неговиот роденден.
Овој ден е посебен и убав и треба да го запаметиме и славиме како голем ден кога се роди нашата ѕвезда. Иако не е меѓу нас физички за да му го честитаме неговиот роденден, тоа можеме со поведри лица да го направиме и вака, а тој од таму горе ќе биде благодарен што успеал барем уште еден сложен ден во годината да ни даде ... ден кога сите заедно исто ќе мислиме и во тоа ќе сме исти.
Нека почива во мир нашиот Тоше и нека биде горд на тоа што успеа да го направи во својот прекраток живот...
 
Денеска ќе биде промовиран нов албум. А него го нема.
Како да се биде среќен?

Веќе не е ништо исто. На момент само ќе си помислиш дека е речиси се исто. Неговите песни постојано се тука, мислиш самиот тој е тука меѓу нас.
Но не е исто воопшто без него. Недостасува премногу. Недостасува неговата харизма, неговата шармантност, неговата хуманост, неговата насмевка...
И песните не се исти. Недостасува неговиот глас да ги отпее... како некогаш.
Се надевам дека ти сеуште пееш некаде далеку, им пееш на останатите ангелите.

Среќен роденден легендо наша. :cry:
 
Среќен роденден ангелче наше најсакано:(
Колку сакам да те видам, барем за миг да ја видам онаа насмевка која успеваше 2 милиони луѓе да насмее, сакам да го слушнам она ве сакам...ми недостигаш, проклето ми недостигаш:cry:

Сеуште ми е чудно, нови песни а тебе те нема:(нови концерти без тебе:(. Но ти живееш во нашите срца и секогаш ке бидеш тука со нас..зошто ти беше и ке останеш нашето секојдневие.

Денес нема да плачам, напротив ке бидам горда и среќна зошто на овој ден господ ни подари нешто најдобро...совршено. На овој ден се роди човекот кој не обедини, промени и направи горда нација.
Те сакам Тошка
 
Твојата смрт ми го измени животот.
Секоја солза,секоја издишка,секоја стапка има поинаква смисла.
Го молеше полското цвеќе..ти исполни желба. Да знаеше тоа колку луѓе ќе однесе со тебе и кој бол ќе причини..ќе се вееше немо над твојот глас.
Но жал ми е сонце..ни тоа не остана рамнодушно.
Кој и можеше на твојата појава? На твојата добрина?
Само да ми е да знам..дека имаше вистинска љубов..да го исушам лицево на момент. Да не го колнам со секое ново утро твоето отсуство.
Се прашувам..дали раната ќе биде некогаш излечена?
Зошто секој ден боли,пече,вреска..со мака стивнува за миг,потоа пак.
Насмевки да..но колку вистински и неразочарани?
Казна е животов без твојата насмевка.
Почивај во мир.
 
велат дека ѕвездите никогаш не се забраваат.... но сепак зошто се чуствувам дека сепак те забравивме.... нека се знае кој си бил
сереќен роденден ?? во најмала рака е несреќен..... но сепак ако си со нас нека ти среќен роденденот
 
Ова е најтажниот роденден до сега кај сите нас низ целиот свет.
Среќен родендер македонска ѕвездо, засекогаш ке си во нашите срца
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom