Соновите што се однесуваат на образование,работа,материјални работи секогаш или речиси секогаш ми се остварувале.
Оние другите сонови,илузии поврзани со емоции и слично,никогаш,ама никогаш не се оствариле и секогаш ми се кршат,ми се рушат.Пукаат како меур од сапуница.
Сонот да бидам емоционално сигурна,да бидам исполнета,да имам самодоверба,да верувам дека некој ме сака (на било кој начин),сонот да бидам сакана никогаш не ми се остварил. Напротив,секогаш бил разурнуван,од овакви или онакви причини.Па сеуште се осеќам заглавена негде измеѓу.
Доста пати сум мислела дека светот ми паѓа над глава,ама некогаш е добро тоа,зашто постојаното летање во облаци и живеење во розов свет не е на арно.Затоа што кога тогаш - ќе ти се случи реалност т.е живот.Подобро порано отколку подоцна.Иако никој не го посакува тоа.
Има еден сон,кој целиот живот потајно го сонувам.Сон кој го сонувам уште откако паметам за себе.Ама тој сон никогаш нема да се исполни.Зашто можноста да се оствари пропаднала уште пред да почнам да размислувам и сонувам.Можеби уште пред да почнам да постојам.
А сега е веќе доцна.Работите нема да се сменат.А пропуштеното колку и да сакаме,нема да се надомести.Ама и тоа е дел од животот.Никогаш нема да знам како е тоа,какво е чувството.
Што понатаму?Како понатаму?
Тоа е тешко прашање.Секој сам на себе треба да си го одговори.
Треба да се изнајде сила,мотив,да почне да се гради друг сон.А треба и време.