Уништен сон

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се има уништено... Ама толку полека се рушеше што се помирував секојдневно... И еден ден згасна... Не верував дека такво нешто ќе се случи ама ете...И ништо... Сега потрага по нов сон... И надеж дека нема и тој да се суши... Ако се сруши и тој, пак нов... Нема откажување, мора да си најдеш причина да живееш... Иначе сега и да има шанси да ми се исполни тој, јас нема да сакам...
 
Сакам да бидам пејачка/филмска ѕвезда/манекенка - фазонот траеше нетипично кратко кај мене, речиси беше и сосема изоставен елемент, заедно сосе барбиките и кеновите. :icon_lol: Додека другарките ги доживуваа своите почетоци во уметноста на шминкањето и фриз... Како и да е глаголот :icon_lol:, јас се занимавав со улични мачки и кучиња, тепачки, серва, пентарење по дрва и огради и бизнис со самолепливи сликици за албуми. Нешто покасно го открив компјутерот, ама дури и кога глупата плавуша се појави на видео игра, се`уште ми беше на дното на списокот и ја заменија пукачки и трки, и наравно Лара Крофт, пошто Барби сакс. :lut: :icon_lol:

Зборот ми е, за некој што не го интересирале стандардните розови стварчичи, него поприлично машки работи... Од соништа ни с тогаш.

Многу покасно се појавија кај мене соништа во права смисла на зборот. И не мислам дека било што од тоа ми е уништено. Сите љубови на мојот живот, и уметноста, и спортот, и сите под-нешта што се вбројуваат во нив, се` за што имам талент, сум успеала да искористам. Можеби на моменти и се замислував со едно од нив како моја идна професија, ама реално, не е тоа - тоа. Да, не бев (сум) школски тип, иако успехот од секогаш ми бил максимален и ми одел од рака, не припаѓам таму. Државата ме тера. :icon_lol: Реално, сакав нешто што нема да ме ограничува, каде што ќе можам да создавам примарно со помош на имагинација, ама ипак, креативноста ми беше пренасочена во сосема друга насока. Не бев бе да ме седнеш клупа (или канцеларија пред пц пример) и да останам така.

Како и да е, и покрај совршените физички предиспозиции за балетот рецимо, не продолжив натаму. :)
Инаку, соништата моментално си ги остварувам, и среќна сум што воопшто ги имам. А соништа од типот на "сакам да ме има на реклама", едино тоа имав. :pos: И кога конечно горнион реши да ми пружи шанса, да се израдувам, мене ми беше пројдена таа епизода. :)
 
хехе, одсекогаш имав желба и маштав по скутерче. И на крај ми рече татко ми ако завршам одлична основно ќе ми купи, ама на крај ништо :toe: Многу било опасно ова она....
 
Еден сон ми се исполни што го сонував 6-7 години, а за другите соништа можи да се речи дека ниеден не ми се исполнил.
 
Живеев за да цртам. Сонував да бидам уметник. Во 3-4то одделение сфатив дека не ме бива баш баш:)
Не дека ми е којзнае колкав сон уништен, но секогаш ќе ми биде малку криво што таа желба нема да ми се оствари.
 
што фатам-ништам ниеден сон не ми се има остварено :nesum::kesa:
 
Мојот сон беше да се запишам на ликовна академија но не успеав:nesum:.Сигурно има уште некој,но не можам да се сетам.:toe:
 
Кога сакаа да бидат балерини/стујардеси/пејачки околу мене ја сакав да бидам научник/детектив и ветеринар. Тоа зошто гледав документарци со дедо ми, фала му. Желбата за ветеринар ми ја срушија со две три години убедување дека е најгадната работа на светов по чистење септички јами:nesvest:. Детективот во мене избледе сам по себе.
Сега најголем сон ми се постдипломски во странство, ептен многу сакам. Што би рекла Ачковска твоите аспирации не кореспондираат со твоите субјективни можности, во овој случај лингвистички и финансиски. :jaj:
 
Сакав на музичка...ама завршив маркетинг...догодина ќе се упишам на драмски :icon_lol: сон ко сон, мање више битен...битна е реалноста, за жал.
 
Уште сеа си се подготвувам за срушувањето на мојот толку посакуван сон,всушност два се и уште сега знам дека нема да се остварат.
Јебеш га, можности.
Од соној не се живејт.
 
Порано многу сакав да бидам стујардеса и уште сакам ама многу сум дебела за тоа треба некоја витка женска висока згодна, а ја не сум таква:jaj:
Сега сакам да летам ама и тоа не бива така да ниш од моите сонови ке си живеам у јаве...
 
Као мал сакав да бидам поврзан со адвертајзингот т.е. делот со графичкиот дизајн....
....и тогаш излезе Adobe Photoshop Creative Suite 5ка, и сеа секоја смотаница може да работи у него ко профи...се надевам креативноста ке ме додржи :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom