Уништен сон

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
леле , лек за вакви работи имате ...

Инаку сакав и сеште сакам да бидат астронаут или барем некој научник од СЕТИ , хехе , од мал сум сакал прв да најдам друга цивилизација у Вселената или барем да можам да ја видам Земјата од Вселената ( како Брус Вилис у последната сцена на астероидот од филмот Армагедон ) ...

јбг , баш сакав да се занимавам со астрономија , али ќе морам да се задоволам со медицина ...
Дај кажи молимте кој е,одма да го применуам,пошто уште сакам да бидам пилот....
п.с сеа приметив дека си бил 4 години постар од мене,а мислев помал си...:pos2:
 
Mojot son bese da imam kuka,topol dom,veren maz i zdravi i normalni deca-no do sega samo maz mi e veren:pos2: (bar kolku sto znam) a se drugo mi otide u voda....
 
Mojot son bese da imam kuka,topol dom,veren maz i zdravi i normalni deca-no do sega samo maz mi e veren:pos2: (bar kolku sto znam) a se drugo mi otide u voda....

Сакав да се запишам во уметничко 4 години пекав за таму и на крај завршив у гимназија:(
Сега ми уништуваат само сонови, ама оние уз спиење затоа што други немам

Одсекогаш сакав да свирам виолина, појдов да се запишам и ми рекоа дека сум голема за да почнам (а имав само 8 години :()
Ми се уништи најголемата желба во животот и од шо бев разочарана не пробав да се запишам за друг инструмент. :toe:

Сакав да бидам Тони Монтана:)

Па рецимо беше на љубовен план. Не бев некој со огромни желби но имав една која ја сакав у основно. Нормално Не бев ја единиот, но забележав позитивни вибрации од нејзина страна. Е сега кажав не бев единствениот. Имав едно добро другарче во тоа време (бев искрен со него и нормално многу тајни му кажував се` до последната дека ми се допаѓа таа). Тогаш сфатив колку е часот и типот почна тие тајни да ги користи во своја полза (да измислува приказни, да прави сплетки, да ме понижува) И ми ја уништи таа шанса, тој сон. (Проблемот беше што толку добро ги правеше приказните - сите му веруваа (скоро сите - освен неколку другари кои подобро ме познаваа мене)) Он си ја ќари мене ме изгуби тоталка како пријател и после му се сврте тркалото на среќатa (се` се плаќа - се` се враќа)

Moјата желба беше да бидам некоја позната пеачка ама ништо од тоа не ме бива ама баш ич.А сега желба ми е да си го завршам факултетов па ке си пеам дур програмирам :pos2:

-Сакав да бидам пилот на F-16.Премногу го сакав тоа како мал,и требаше да дојдам до 5то одделение,за да прифатам дека сум само Македонец,и никогаш нема да добијам шанса.

И ја ко мал сакав да бидам сите можни видови на спортист, па сфатив дека не ме бива за спортови, ама не е тоа некој којзнае колку голем сон што ми се уништил. Имам повеќе помали, но не би ги нарекол соништа, туку планови кои поради одредени причини не се оствариле.

леле , лек за вакви работи имате ...

Инаку сакав и сеште сакам да бидат астронаут или барем некој научник од СЕТИ , хехе , од мал сум сакал прв да најдам друга цивилизација у Вселената или барем да можам да ја видам Земјата од Вселената ( како Брус Вилис у последната сцена на астероидот од филмот Армагедон ) ...

јбг , баш сакав да се занимавам со астрономија , али ќе морам да се задоволам со медицина ...



Ок, дознавме за вашите уништени сонови а некој од вас и сегашните си ги кажа ама темата бара и нешто друго ...Што понатаму? :helou:
 
Понатаму ...

ПА ќе се надевам дек ќе одам у НАСА :tv:

Иначе пишав шо понатаму , медицина .
 
Ок, дознавме за вашите уништени сонови а некој од вас и сегашните си ги кажа ама темата бара и нешто друго ...Што понатаму? :helou:
mi go zema zborot od usta...znaci...sto sega....
 
Соновите што се однесуваат на образование, работа, материјални работи секогаш или речиси секогаш ми се остварувале.

Оние другите сонови, илузии поврзани со емоции и слично, никогаш, ама никогаш не се оствариле и секогаш ми се кршат, ми се рушат. Пукаат како меур од сапуница.
Сонот да бидам емоционално сигурна, да бидам исполнета, да имам самодоверба, да верувам дека некој ме сака (на било кој начин), сонот да бидам сакана никогаш не ми се остварил. Напротив, секогаш бил разурнуван, од овакви или онакви причини. Па се уште се осеќам заглавена негде измеѓу.

Доста пати сум мислела дека светот ми паѓа над глава, ама некогаш е добро тоа, зашто постојаното летање во облаци и живеење во розов свет не е на арно. Затоа што кога тогаш - ќе ти се случи реалност т.е живот. Подобро порано отколку подоцна. Иако никој не го посакува тоа.

Има еден сон, кој целиот живот потајно го сонувам. Сон кој го сонувам уште откако паметам за себе. Ама тој сон никогаш нема да се исполни. Зашто можноста да се оствари пропаднала уште пред да почнам да размислувам и сонувам. Можеби уште пред да почнам да постојам.
А сега е веќе доцна. Работите нема да се сменат. А пропуштеното колку и да сакаме, нема да се надомести. Ама и тоа е дел од животот. Никогаш нема да знам како е тоа, какво е чувството.

Што понатаму? Како понатаму?
Тоа е тешко прашање. Секој сам на себе треба да си го одговори.
Треба да се изнајде сила, мотив, да почне да се гради друг сон. А треба и време.
 
Јас сепак ќе зборувам малку поопшто или погенерално. Кога сме помлади сме посклони кон сонување и тогаш се ни се чини можно. Не сме способни да прифатиме реалност која не се совпаѓа со посакуваната на смирен и разумен начин и сакаме работите да испаднат баш онака како што сме посакувале. Како растиме и се обогатуваме со животно искуство стануваме посвесни за нашите можности и способности и учиме да правиме комромиси и под ,,силум прилике,, ќе се задоволиме и со помалку или баш со комромисот. Желбата можеби ќе остане, можеби ќе исчезне, останува да се верува дека во некое подобро време можеби ќе настане можност за нејзино остварување.
 
Од кај 5-6 одд. имав преголема желба т.е сон да бидам Воено лице т.е да станам офицер ... дојдов средно се запишав правна струка (како една од насоките по кои може да се оди во воена академија) помина прва год. лудо го засакав правото и правните науки па просто сонот се смени од воено лице во успешен адвокат, судија....но дојде средината на втора год и највеќе од почеток на 3та. се зафатив со сите можни активности што ги нудеше УСАИД во училишните компании... почнав интензивна комуникација со компјутери и мојат сон се префрли пак кон веб дизајнот после тоа се запишав во Технички универзитет Софија и учев компјутерски системи и технологии ... иста тематика но голема разлика од сонот... но на крај мојот сон се оствари се запишав Мултимедија дизајн и комуникации на копенхагеншката техничка академија и сега одам по патот ког го сонував ... т.е професионално надградување и еден ден здравје господ да станам мултимедија дизајнер... но покрај тој сон сум имал одсекогаш уште еден а тоа е дел и од мојот авантуристички дух...и гласи ВИДИ ГО СВЕТОТ ПА УМРИ .. немора цел ама доволно е поголемиот дел .. и тој сон почна да ми се остварува но тоа е сепак само 1% се надевам дека нема да ми се уништат и двата ко шо сам ги уништив претходните :)
 
Соновите што се однесуваат на образование,работа,материјални работи секогаш или речиси секогаш ми се остварувале.

Оние другите сонови,илузии поврзани со емоции и слично,никогаш,ама никогаш не се оствариле и секогаш ми се кршат,ми се рушат.Пукаат како меур од сапуница.
Сонот да бидам емоционално сигурна,да бидам исполнета,да имам самодоверба,да верувам дека некој ме сака (на било кој начин),сонот да бидам сакана никогаш не ми се остварил. Напротив,секогаш бил разурнуван,од овакви или онакви причини.Па сеуште се осеќам заглавена негде измеѓу.


Доста пати сум мислела дека светот ми паѓа над глава,ама некогаш е добро тоа,зашто постојаното летање во облаци и живеење во розов свет не е на арно.Затоа што кога тогаш - ќе ти се случи реалност т.е живот.Подобро порано отколку подоцна.Иако никој не го посакува тоа.

Има еден сон,кој целиот живот потајно го сонувам.Сон кој го сонувам уште откако паметам за себе.Ама тој сон никогаш нема да се исполни.Зашто можноста да се оствари пропаднала уште пред да почнам да размислувам и сонувам.Можеби уште пред да почнам да постојам.
А сега е веќе доцна.Работите нема да се сменат.А пропуштеното колку и да сакаме,нема да се надомести.Ама и тоа е дел од животот.Никогаш нема да знам како е тоа,какво е чувството.

Што понатаму?Како понатаму?
Тоа е тешко прашање.Секој сам на себе треба да си го одговори.
Треба да се изнајде сила,мотив,да почне да се гради друг сон.А треба и време.

:helou: Се пронајдов во зборовиве. Ко за мене да се напишани:pos:
Немам некој неостварен сон од типот пејачка, глумица - професионални и материјални нешта. Такви желби секогаш сум успевала порано или подоцна да ги остварам т.е. нешта кои зависат од мене. А оние емоционалните... ?!

Но, и покрај се не се каам и не ми е криво за ништо. Според мене животот е причинско- последичен така што се си има своја причина, свое зошто и затоа. Колку помалку гледаме на затворената врата, толку повеќе нови ќе ни се отворат. Не се замарам многу со такви работи. Животот е премногу краток да се размислува за тоа што би било кога би било.
 
Ок, дознавме за вашите уништени сонови а некој од вас и сегашните си ги кажа ама темата бара и нешто друго ...Што понатаму? :helou:
Што понатаму??? Па се на еден начин се откажав (се разидовме во други школи) Понекогаш се прашувам што би било ако сето тоа се надоградило во врска. Во секој случај не верувам дека многу би опстанала - денес поразлично гледам на тоа (сепак со ладна глава различно се размислува одколку кога си заљубен. Ако, барем се научив да не бидам премногу отворен кон кого било. За љубовта - хмммм сонот кога тогашпак ќе го сонувам и ќе ми се оствари. Верувам во тој сон.
 
За да не ме уништи некој сон, обично гледам да сонувам пореални работи. Тоа што најчесто го посакувам не го ограничувам со време, па порано или подоцна си го остварувам. Во тој случај па и никогаш да не остварам нешто нема да ми биде уништен сон, бидејќи постојано се надевам.
Има секако уште работи за кои сонувам, не дека сум прекинала, но и нив исто така верувам дека ќе ги реализирам.
 
сите имаме некој сон уште од мали...некоја желба која се стремиме да ја оствариме....правиме се што е возможно да се оствари,се радуваме и на најмалиот успех....гледате како вашиот сон(да станете глумец/глумица,пеач/пеачка...балерина,фудбалер....да запознаете некого....)полека почнува да се реализира....и наеднаш се се руши...секоја илузија...секоја надеж паѓа во вода...сто ни останува тогаш...
дали сте се нашле во ситуација да ви се сруши целиот свет???како сте продолжиле...што понатака....?
или можеби ова ви се случило на љубовен план?
ајде искуства...

еве јас сакав да студирам,да заминам од тука,ама сега дознав дека нема да можам...не знам што ке биде понатака...првата мисла ми беше леле ке се убијам(не дека имам таква намера ама...)...што сега....
дали сте имале план б??

Кога си во криза влегуваш во нова победа!
Неколку пати во животот ми потонувале бродовите, ми се рушело се што ми е пред очите, едвај сум наоѓала последен спас да испливам на копното...Но времето лечи се, и најточна е поговорката дека се се случува со некаква причина, ништо не е случајно...
Од сите овие кризи сум излегувала многу посилна, појака и со поголем позитивен револт да ги насочам работите на право место...

Не е срамота да паднеш, срамота е да не станеш!
 
Секој ден живеам катастрофа заради тоа што неможам да си го остварам сонот тука. Нема пари, нема услови и јеби га.

Завршувам факултет за кој има работа (информатика), а не сакам со очи да го опулам! Камоли да се надградувам во таа област.

Епа сеа можете да разберете мизерија нели?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom