UEFA Nations League 2020-2021

Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Секако, а тоа што нема две утакмици изиграно последните две сезони не е битно. Остај го Пикса, така збори зашо Јовиќ е Ѕвездаш. :)
И се сложувам и не се сложувам со тебе. :)
Јович за Србија во ЛН на 3 утакмици има 2 гола и Асистенија
Митрович на 4 утакмици има 2 гола :)
Ова за 2020 .
Иако Митрович е стартер у Фулам, класичен Чемпионшип напаѓач ми е. Не дека е лош само Јович ми има доста повеќе фудбал у него, уше да не беше тој Балкан менталитет. Мислам дека се заеба шо отиде у Реал, многу тешко таку да добие минутажа покрај Бензема, особено ваков Бензема.

Иако србите не се уопште слаби напред, Тадич и Влахович се исто у репка.

Ние со резерва на Удине отидовме на Европско. И со бате од Шкендија и бате од Спортинг Б :D
Да не почнуваме за другите резерви што ни се у репка :D
Шала на страна греота е србите со такви поединци да не можат асален тим да склопат и на ЕП барем да се убацат :) Сепак цел прв тим им се стартери низ европа :)
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Вие ги направивте Србија како да се алфа и омега, а у реалност имаат 2-3 добри играчи ( Тадич, СМС и Костич) и другото мехх. Јасно е дека послем Хрватска го имаат најдобриот состав на Балкан, ама па споредено со други репки се слаби.
И не знам како планиравте да ги згазат Шкотска кога во реалност се тука негде и двете репрезентации. И едниве и другиве имаат 2-3 супер играчи и играчи што играат по мид тејбл екипи.
Автоматски споено мислење:

Балканските држави почнаа да заостануваат во фудбал позади другиве држави. Порано Србија, Романија, Грција, беа редовни на големиве настани, Словенија играше на голем дел од нив, Бугарија роваше во 90ти, Бих се крена и падна нагло. За сега од 24 репки ние ги гледаме стандардните Хрватска и Македонија според сплет на околности на ЕП.

Додека централно источните репрезентации напреднаа многу последнава декада. Австрија и Унгарија не беа никаков фактор пред деценија-две, а сега се далеку пред нас. Полска, Чешка, Словачка, Украјна реално немаат некој јак состав, а никогаш не пропуштаат голем настан.
Скандинавците увек стандардни, со исклучок на Норвешка која мислам дека увек паѓа во тешки групи. Шведска никогаш немала некој состав, а секогаш гурат далеку.
Велс стана стандардна веќе, а беше на рамниште на Луксембург. Шкотска почна да се крева.
Само Балтикот е послаб од нас, ама па таму фудбалот не е ни во прв план.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Да, точно е тоа Ц.Европа и Скандинавците имаат значаен напредок во однос на Балканците. Исланд и Финска се пример за темелна работа. Тука би ги додал и Норвешка кои можат да станат нова Белгија со Едегард, Халанд и тој Соланд(или како и да се викаше). Позитивен пример се секако и Маџарите.
На Балкан од друга страна одреден напредок има кај Македонија и Албанија, а единствена сериозна репрезентација е Хравцка. Тонат Бугарија, Романија, Грција, а Србија иако вади јаки играчи и после Хрвацка има најаки школи на Балканот е куропецачка и несериозна репрезентација и затоа цели 20 години е надвор од ЕП.
Фудбалот сега се професионализира и фудбалот станува наука. ,,На талент" нема повеќе земање бодови, така што Балканците треба да се апдејтираат и пред се да работат долгорочно. Еве кај нас пример со Мрмињо во рок од 5 години има некаква си замисла. Не е само пласманто на ЕП, туку и во квалификации првапт завршивме 3-ти. Колку ќе трае ќе видиме, но стабилноста е битна за репрезентативен фудбал.

Заборавив да напоменам, БиХ исто така може да се каже дека се сосема океј, земено во предвид нивната спортска и политичка реалност.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.531
Поени од реакции
66.070
Даер не ни гребе на дното, го проби. Секој меч минимум еден гол заради него примаат.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.661
Сепак само едно име на листата предизвика реакции овде. Кој бил тој Џејмс и како би играл пред Трент и Бисака :D
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Ако гледаме реално Трипие треба да биде прв избор.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Трипие нема подобра сезона ниту од Ван-Бисака, ниту од Џејмс.
Изборот на Саутгејт би требало да е лесен. Кога ќе сака да добие поофанзивен напад (иако Џејмс во дефанзива не е воопшто наивен), ќе го избере него. Кога ќе сака постабилна дефанзива, Ван-Бисака
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Трипие нема подобра сезона ниту од Ван-Бисака, ниту од Џејмс.
Изборот на Саутгејт би требало да е лесен. Кога ќе сака да добие поофанзивен напад (иако Џејмс во дефанзива не е воопшто наивен), ќе го избере него. Кога ќе сака постабилна дефанзива, Ван-Бисака
Најверојатно не си ги гледал Атлетико сезонава во Ла Лига. Еден од подобрите во Атлетико е. Сосема различен од тој Трипие од Тотенхем кој леташе напред и оставаше простор позади.

Како и да е во заебана положба е Соутгејт за таа позиција. Трент, Џемјс, Трипие, Волкер и Ван Бисака. Волку квалитетни играчи за една позиција во репрезентација немам видено.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.531
Поени од реакции
66.070
Фасцинантно е што ниту еден од овие не е балансиран играч, или е премногу офанзивен, или премногу дефанзивен.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Најверојатно не си ги гледал Атлетико сезонава во Ла Лига. Еден од подобрите во Атлетико е. Сосема различен од тој Трипие од Тотенхем кој леташе напред и оставаше простор позади.

Како и да е во заебана положба е Соутгејт за таа позиција. Трент, Џемјс, Трипие, Волкер и Ван Бисака. Волку квалитетни играчи за една позиција во репрезентација немам видено.
Најверојатно сум ги гледал скоро секое коло. Трипие е добар, не е стариот од Тотенхем, согласен сум. Трипие не е подобар од двајцава, а уште поважно, Трипие не нуди опции за Саутгејт во одбрана (клучно при селектирањето за репрезентација), колку што нудат овие. Да сум на негово место, иако нема добра сезона, би го избрал пред него и Александер-Арнолд.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.332
Поени од реакции
26.274
Италија - Шпанија играат за половина саат полуфинале од Лигата на Нации.

Barcelona starlet Gavi gets his first start for Spain against Italy in the Nations League semifinal.

He becomes the youngest player ever to play for the Spanish national team at 17 years and 62 days old
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.451
Поени од реакции
18.711
До кога со Бускетс бе, ќе умри на терен некој ден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom