Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во ЛЕ подобро му доаѓа да си второ пласиран него ли прв.
Несакав Јуве да вкрсти со италијански тим ама што е тука е.
Што се однесува до мечот со турциве, веројатно Јуве нема да ја повтори истата грешка ама ако случајно испаднат нека си пукаат во глава.
ич нема да бидеш радосен доколку со овие клошариве се загубат било кој од тевез,погба,видал,лихт,барѕаљи беспотребно и им ја дадат Серија А на забрефтаните Наполи
Aбе ако Јуве не може да освои Серија А и во исто време да игра во Европа, налет и титули и се (особено што се работи за утепана Серија А). Да се Удинезе или Палермо па ај да разберам се сконцентрирале дечките да освојат прва титула во Серија А, ама Јуве е во прашање. Јуве мора да освојува титули дома и истовремено добро да се претставува во Европа без разлика дале се работи за ЛШ или ЛЕ.
Се согласувам со ова. Јуве е гигант и неможе да бира на кој фронт да игра, мора да се имаат играчи за сите натпреварувања.
Ова исто како првата сезона муабетите на миланезите, интерашите и сите други во Серија А, демек не сме играле во Европа, па затоа ни било полесно и затоа сме биле шампиони. Наредната сезона кога игравме ЛШ, уште полесно ја освоивме Серија А, сезонава( ај да не ги подречам), ама во иста насока оди сезоната во Италија.
Е сега, ЛЕ е малку поразлично од ЛШ, тоа е работата. Пред се, финансиски дали ке се исплати да се оди до крај и да се цедат играчите, дали ке се полни стадиониот кога ке играме дома и сл.
Мислам дека треба да се види како ке оди сезоната до првиот натпревар со турциве. Ако се направи некоја посериозна разлика до тогаш, мислам дека можат да тргнат и по купот и по ЛЕ.
пред да отпадне јуве од ЛШ темата имаше 6 страни, сега има 12![]()
Нормално дека од финансиска гледна точка воопшто не се исплати да се игра во натпреварувањево. Ама што правиме со натпреварувачкиот дух на тимот? Сепак титула си е титула и на неа мора да се оди чисто за да се покаже дека си подобар од противниците, дури и кога од освојувањето на истата ќе нема некоја финансиска корист. Ако се се гледа низ призмата на финансиите тогаш ниеден европски гигант би немал во своите витрини пехар од домашните купови а истите би биле распределени по второ и третолигаши.