UEFA Europa League

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Да де, можеш и ти исто што сакаш да мислиш, ама зашто кажуваш дека оваа сезона Премиер Лига била најдобра?

Како сега тоа пред сите убедливо а германците и французите имаат повеќе тимови од нив во ЛШ сезонава?
Не знам како да ти нацртам, ја гледаше вчерашната утакмица? Или Ливерпул со Атлетико, каде епска среќа го спаси Атлетико? Значи во директен дуел англиските беа многу подобри од шпанските. Тоа беше научна фантастика минативе десетина години.

Доста е на темава, имаме текма вечер, па ќе видиме дали Гатузо го возвраќа ударот:kafence: чоечево според мене е доста потценето и сосема добро си ја врши работата во Наполи. Првата утакмица ептен добро ја имаше наместено играта.
 
Базел никој ги нема искоментирано на темата ?
Ги гледав со Франкфурт изгазија децата, имаат ептен добра игра, везат на теренот, мајтап си правеа со Франкфурт, со пети подаваа.
 
Базел никој ги нема искоментирано на темата ?
Ги гледав со Франкфурт изгазија децата, имаат ептен добра игра, везат на теренот, мајтап си правеа со Франкфурт, со пети подаваа.
Базел не знае кај тера сезонава, блам дупнаа у домашно првенство, а во ЛЕ ова ништо нека не те чуди зашо редовно си има вакви екипи кои од нигде никаде ќе стигнат до самата завршница.
 
Дали Хавертц ќе си ја крени цената пред трансферот во Челзи ќе дознаеме после 23 часот :D
 
Како ќе го јадат Утд од данциве не се свесни.

Ги гледав Леверкузен против Баерн после короната. Поведоа 1-0, и потоа Баерн до полувреме им го преврте резултатот. Јас онаков смешен клуб немам гледано, навистина делуваа полуаматерски.

Ако успее Интер да испадне од овие, треба да го затворите фан клубот од срам.
 
Во дефанзива се ужасни Германците, не знаат кај тераат назад
 
Како ќе го јадат Утд од данциве не се свесни.
Хе хе, мислиш Копенхаген ќе ви е полесен противник? Ќе го кркате па кој и да помине! Уствари треба да се радуваш Јунајтед да пројде, може на пријателска база да ви пуштиме да победите. Сеа сме роднини баго, цела колонија имаме во Интер ;)
 
У финале ако играме, кој изгуби како казна го добива Лингард :D
 
Ги гледав Леверкузен против Баерн после короната. Поведоа 1-0, и потоа Баерн до полувреме им го преврте резултатот. Јас онаков смешен клуб немам гледано, навистина делуваа полуаматерски.

Ако успее Интер да испадне од овие, треба да го затворите фан клубот од срам.
Си згрешил цитат, јас за Ман утд пишав.
Хе хе, мислиш Копенхаген ќе ви е полесен противник? Ќе го кркате па кој и да помине! Уствари треба да се радуваш Јунајтед да пројде, може на пријателска база да ви пуштиме да победите. Сеа сме роднини баго, цела колонија имаме во Интер ;)
Интер нема да пројде, ама тоа не значи дека Утд нема да го изеде од Копенхаген.
 
Од тоа што памтам Интер стално губи од помаливе германски екипи, не им лежат баш.
Шалке со Раул, Волфсбург и Франкфурт пред некоја година во ЛЕ, Дортмунд сезонава во ЛШ, Вердер исто знам ги имаше исплескано.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom