Колку и да ми се симпатични Бодо, Тотенхем е огромен фаворит и покрај оваа катастрофална сезона во ПЛ. Тоа дури им е и предност, затоа што се на чекор да ја спасат во ЛЕ. Трофеј и ЛШ е одлична награда.
Не само за нив, со новиот систем без некои имиња што ќе дојдат од ЛШ, можеби се изгуби некое име атрактивно име, знаеше и Барса да залута, но многу поважно е што кај сите натпреварувачкиот пристап е на максимум.
Затоа и ЛЕ сезонава е интетесен производ, па гледавме и вакво 1/4 финале.
Бодо се одлично организиран тим, тактички можеби и најдобри од сите полуфиналисти, но немаат голем индивидуален квалитет. Предност им е и домашниот терен, пред се подлогата, климата.
На гости во Европа се мачат, дури и кога ќе извадат добар резултат. Сега ќе мора во Лондон да пробаат да останат во игра, Тотенхем играат брз фудбал, па би можеле да одговорат и на брзата вештачка подлога.
Добро за Бодо е што Тотенхем дава шанса да биде исконтриран, а овие се добри во транзиција, но поради послаб индивидуален квалитет, знаат да ги упропастат тие ситуации кога имаат нумеричка предност.
Иако може лесно да испаднат, а Лацио да одговори подобро на овој предизвик, Бодо допринесе оваа сезона да биде поинтересна за следење и заслужено се тука и се надеваат на чудо.