Go mrazam fudbalov sto kaj golmani baraat igra so noga a pravi trista drugi gluposti. Kako i da e, mislam deka Amorim 100% ke go sedne na klupa utakmica, dve da se smiri malce.
Добро и јас сум поконзервативен во тој смисол, ама кога јас играв обично централниот дефанзивец, таканаречен центахалф ја исфрлаше топката од аголот на петерецот. Ќе се сложиш дека за центархалф како Стоунс што беше во почеток или ван Дајк, тоа е додатен напор. Они учествуваат во средина и напад, да испуцаш 20 топки во 90 мин, па и не е мал трошок на сила.
Покасно почна да се бара голманите да го прават тоа, за последната линија да биде растоварена од таа задача и да се помрдне притисокот и играта подалеку од голот.
Не најново, ама последна мода е голманот и одбраната да ја изнесуваат топката по земја, што ја разбива кохезијата на противникот, кој пробува да врши притисок, а не да чека на 40 метра од својот гол, каде е многу потешко да се разбие таква одбрана. Плус е полесно разбивање на целиот систем на противникот, особено ако имаш играчи како што имаше Сити до пред година-две.
Проблем е што некои голмани сеуште не се зрели за таква игра, па и тие на Пеп.
Искрено кажано Онана го изеде тоа што имаше дрва пред него и нема сигурен играч за изнесување топка, освен да речеме Мазрауи и кога би бил здрав Шо. И така, Аморим си тера систем, Онана тоне се повеќе, а во Јунајтед ништо не се мења веќе 12 години.
Али за вас навијачите на други екипи и не е страшно, едноставно уште еден клуб кандидат за играње мајтап, како со Арсенал пред некоја година.