UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

Кој?


  • Вкупно гласачи
    112
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.121
Поени од реакции
14.272
Овие најслабите, дојдоа да изиграат нешто, да остават траг, можеби ќе земат некој бод, тешко ќе поминат, но барем не се како нас на претходното ЕП, на кое буквално ништо не покажавме. Џабе се појавивме, а таква шанса ретко пак ќе имаме и покрај проширувањето.

Ниту дефанзивно бевме организирани, ниту пробавме да играме нешто како сега Грузија или Словачка.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.141
Поени од реакции
25.130
Овие најслабите, дојдоа да изиграат нешто, да остават траг, можеби ќе земат некој бод, тешко ќе поминат, но барем не се како нас на претходното ЕП, на кое буквално ништо не покажавме. Џабе се појавивме, а таква шанса ретко пак ќе имаме и покрај проширувањето.

Ниту дефанзивно бевме организирани, ниту пробавме да играме нешто како сега Грузија или Словачка.
Што збориш за Словачка ?!
Словачка за нас е Шпанија. По игра ако ги споредуваме па дури и глава за глава, според мене имаат подобар тим и од Чешка.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.121
Поени од реакции
14.272
Што збориш за Словачка ?!
Словачка за нас е Шпанија. По игра ако ги споредуваме па дури и глава за глава, според мене имаат подобар тим и од Чешка.
Зборам дека е меѓу послабите репрезентации, а дојдоа да играат нешто. И против Белгија се виде разликата меѓу нив во квалитет, но беа многу добро подготвени. Тие се и меѓу најшколски организирани репрезентации, поставени се и се движат како по шема, се гледа и од просечните позиции на фудбалерите после 90 минути.


Е, како што тие изгледаа добро против Белгија, па малку и среќата ги награди, Словенија против Данска и Србија, Албанија против Хрватска, па и Италија, Грузија против Турција, требаше и ние да одиграме нешто, дали како Словенија или како Грузија, што повеќе ни одговара. Јас мислам како Грузија. Кога веќе си се појавил таму, остави траг, веројатно само еднаш во живот фудбалерите ќе играат на такво големо првенство. Не велам дека сме посилни од Словачка, воопшто не ми беше тоа поентата. Туку дека иако си за класи полош по квалитет од противниците, не треба да отидеш на првенство за само да се појавиш.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.009
Поени од реакции
112.322
Џонтра 10 ми наброја.
Ви реков мртва е оваа Италија. Ќе биде интересна со кроасаните, елиминациска текма.
Не, него ти наброја 10 што викавте дека немаат искуство и дека играле во Болоња и Аталанта, па затоа ви напраивме паралела дека и Англија има од Вест Хем и Палас играчи и дека не треба според тоа да се оценува некој. Вака, најобјективно според мене Шпанија и Англија имаат подобар тим од Италија, неспорно е тоа, ама далеку од тоа дека се класи во прашање и не знам колкави јазови. Кај Италија конкретно проблем е селекторот, ние Интерашите најубаво го знаеме тоа, зашо човекот е без план Б со ин гејм менаџмент во минус. Наместо да инсталира класична 3-5-2 која најмногу би одговарала на овој тим на Италија, пред се ради тоа што најмногу играчи у прв тим доаѓаат од шампионот Интер кој игра 3-5-2, тој земал изведува со 4-2-3-1, го десеткува Барела, Фратези не му постои, Киеза и Скамака исто, и згора на тоа измените... :sick: Манчини со сличен состав освои ЕП пред 3 години, за овој ТВРДАМ дека нема шанса да освои пошо е смрдлив лузер.

И Англија исто има проблем со селекторот, тој па има доста квалитет а не знае како да го употреби. Главен проблем му е што нема плеј, т.е. има ама не го игра, Кол Палмер. Едини што знае да искреира и врзе игра и овој упорно не го става детето. Да не се разбереме погрешно, и Фоден и Сака се супер играчи ама они се повеќе за директно напаѓање на противниците, не се креатори на игра, а слепецов не отстапува од неговата филозофија и упорно мења позиција за позиција, Сака со Боуен, Галагер со Трент, Кејн со Воткинс итн... А да, и обидот со Трент у средина, нека дојде некоја посериозна репка има да ги упропасти таму како што е неодговорен Трент дефанзивно.
 

faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
743
Поени од реакции
1.602
Сега побитна е фризурата од фудбалот, квалитетот е опаднат страшно и затоа се гледа ради реда, а порано се мерак се гледаше.
Физички не се спремни не можат да издржат едно полувреме, а има 5, 6, 7 измени не знам колку не можам да ги добројам, а до пред короната имаше 3. Гатузо на времето спринт трчаше во продолженија, овие 30та минута папсани се ѕвездите.
Ќе изгубат и в соблекувална одма ќе се фатат за телефоните, а во гатузово време кршеле се хаос и пепел оставале.
Сега надвор од умот е да останат после тренинг да се усовршат, или порано да дојдат, немаат време треба да се рекламираат, инфлуесираат, купуваат скапи коли, да шмркаат, да се педерастрираат. А видат тренинг посериозен, потежок кој бил нормален до пред 20 30 години, одма повраќаат и умираат, не можат да станат како тој кај Симеоне во Атлетико новото засилување пред неколку години не знам кој беше.
Порано се знаеше и чест и одговорност кон клубот и репрезентацијата, сега нема такво нешто, па турци играат за германија, косовари за швајцарија, африканци за сите.
Порано газдите не жалеле пари да вложат да го издигнат клубот, го сакале како чедо, ги болело кога не одело, Берлускони пред да го продај Милан доби срцев удар заради лошата игра, сега не им е гајле, го гледаат како бизнис, да стекнат профит или да исперат пари, не е битно дали победил или изгубил, дали испаднал, нула приврзаност за клубот, некои не ни знаат како се вика ни кој е слоганот.
Тоа е тажната реалност денес.
Се слагам дека фудбалот од 2005 нагоре ја изгуби својата магија. Тоа пред се' се должи на медиумската помпа, многу повеќе достапните информации, интернетот, трендови итн. Други времиња беа кога со нетрпение чекавме да излези нов спортски весник, режевме портрети, беревме сликички и делевме кооперациски муабети за фудбалот и се поврзано со него и сонувавме. Имавме малку , сонувавме многу.
Светот се промена, се преврти главачки.
Фудбалот, хм, многу понапорен. Денешниот фудбал тешко го следи капиталистичкиот тренд. Се е пренатрупано и затоа ја губи својата хемија.
Јас соработувам и сум клубски лекар моментално. Не си ни свесен колку е напреднат фудбалот од 2000 навака. Од физиотерапија, "хемија", нутриционисти, вежби итд. Неспоредливо е. Гледај интензитет на фудбалски натпревар од 2000 и сега, небо и земја се. Гледај број на натпревари некогаш и сега.
Сега физиката на поединецот му овозможува да го надмине и талентот и затоа муабетот "секој знае да игра" и држи вода, нема повеќе изразит фаворит. Секој секого може да го победи. Некогаш превладуваше талентот, сега тој талент поради физичната спремност на противникот не доаѓа толку до израз.
Физично спремна екипа дури и без талент но со добра тактичка зрелост парира на многу поталентирана екипа.
Фудбалерите се како и некогаш, така и сега. Некој пренапумпан со ПР помпа ( Роналдо за пример) ќе биде секогаш ист а некој скромен ќе биде секогаш скромен. Тука се гледа и искрената љубов на фудбалерот до фудбалот.Ако ја нема , таков ќе му биде и односот со јавноста и публиката. На крај ваквите и некоја чудна карма ги следи па завршуваат баш и не така славно во некој чуден клуб, другите пак ќе го имаат фудбалскиот ПР и респектот од фудбалската јавност. Типичен пример ти се Модрич, Крос, Иниеста, Роналдо стариот итд.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.121
Поени од реакции
14.272
Најзначајна и најдобра промена во историјата на човештвото. :icon_lol: Вистинска револуција, како да станува збор за различен спорт пред и после промената на ова правило.


 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
9.961
Поени од реакции
8.847
Напротив само Шпанија и Германија покажаа квалитет, Франција не покажа некој квалитет кој ги издвојува како конкуренти ... а Англија пак мислам Манчестер Јунајтед гледам кога ги гледам како мака мачат со слаби противници.
Царе според играчите што ги имаат на располагање, според играта потполно си во право. Зато и велам Саутгејт ја уништи оваа генерација.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.561
Поени од реакции
5.605
Нивниот фудбал е специфичен со рогање топка високо, центаршутови, игра со глава и остри стартови, тоа бил англискиот фудбал пред парите
Се сложувам со цел твој пост, би го издвоил ова само,

И ова е тактика искрено и на краева - играј ја. Ама битно имај тактика.

А далеку од тоа дека не може ова да го играат и тоа доста добро Англичаните.
Стај 4-4-2 тактика, играј со Кејн и Белингем напред, рогај им цело време топки во 16 метри, не дека немаш играчи за тоа.
Плус на контри со Сака и Фоден од страни сигурни ќе имаш опасност.

Работата е што Саутгејт нема никаква идеа како треба да му игра тимот, па на топки и рогања да се фокусира сигурно боље резултати ќе има од оваа дисфункционални формација, поставеност и игра.

Не дека Италијанците топла вода измислуваа и во 2006та на светското и минатото европско, едноставно со катанаџо освоија, ама имаа идеа и зацртана замисла како ќе се игра.
Не мора сите да играме тотал фудбал или да влеземе по терен.

На пример Барнли со Шон Дајш со слична тактика на тоа си беа стабилни у ПЛ дури и еднаш Лига Европа фатија, кога го избркаа Дајш испаднаа од лига и види ги сеа, без идеа јојо си играат а повеќе буџет за играчи имаат.

Со Ферари не се иде на планина, со Ландровер не се иде на трка.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.121
Поени од реакции
14.272
Не дека Италијанците топла вода измислуваа и во 2006та на светското и минатото европско, едноставно со катанаџо освоија, ама имаа идеа и зацртана замисла како ќе се игра.
Беа најпријатно изненадување поради офанзивниот начин на игра. Нема врска тоа со катанаџо.

Само против Шпанија беа принудени да играат поинаку.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.285
Поени од реакции
1.528
Бар првите фаворити да изиграа нешто па да се курчиш.
Гуехи што го ругаше дека игра у Палас игра солиден турнир, твојот талентиран Скалафори од Специја автогол си лупна.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.920
Поени од реакции
9.333
Гуехи што го ругаше дека игра у Палас игра солиден турнир, твојот талентиран Скалафори од Специја автогол си лупна.
Да, со Србија и Данска. Чекај кога ќе дојдат озбилните предизвици, вадат енглезите увек по некое преценето котле ко Мингс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom