UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

Член од
17 декември 2019
Мислења
1.985
Поени од реакции
3.505
Ja Aнгличаниве не би ги ставил ни пред Шпанија, ни пред Франција па ни пред Германија. Тренеров ги упропастува со некои "генијални" потези како Трент на 8-ца, кој еднаш се врати да прими топка, и Митровиќ ке им дадеше гол. Клоп увиде дека Трент не може да му игра DM, ама генијалецов сака да се направи попаметен од Клоп.

Вчера требаше да прави измени многу порано од 70-та минута, зашто Србиве имаа јалова доминација во второ полувреме, и да имаа малку квалитет напред, ке им збрцаа гол.
ни пред Португалија
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.422
Поени од реакции
4.914
Не, затоа што во тим имаат 3-4 играчи кои имаа одлична сезона. Кејн, Фоден, Белингам и Рајс. Индивидуално енглезите имаат подобар тим од останатите, дури и од французите, само кога ќе дојдат пенали ќе им се тресат ноџињата. :tvg:
Samo uste desno krilo da zemat i osvajaat, ne znaes dali e Utd ili repka :D
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.107
Поени од реакции
17.974
Баш за Италија, Шпанија и Германија не треба да важи, смена на генерацијаа имаат, многу мал дел од играчите биле на Светски/Европски првенства. Енглезите подолго време играат заедно како тим и на прошлите големи натпреварувања и не беа лоши, поточно не се избрукаа. Изгубија на светско од подобра екипа на Франција, а на европско од поискусната Италија. Затоа се најголеми фаворити енглезиве заедно со французите.
Не мислам конкретно на ова првенство, туку генерално.
Имаат смена на генерации овие трите, Италија е особено просечна и тоа е точно, ама факт е дека нивните големи имиња и успеси им даваат повеќе самодоверба во настапите, а со тоа и поголема можност за успех. Па Италија минатото првенство 60% го освои на карактер и самодоверба.

Англија, како и секогаш е под полн (сопствен) притисок кој во еден момент од секое првенство досега ги јаде. А настапи како оној вчера никако не им помагаат, колку и да се вели дека калкулираат. Ним им е потребна јака игра и доминација за да може да освојат круна, со ваква игра немаат шанси.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.617
Ако иде све како шо се очекува , 1/4 финалињата порно.
Шпанија - Германија
Португалија - Холандија
Белгија - Франција
Англија - Италија
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.982
Поени од реакции
5.594
Ако секогаш освојуваше фаворитот немаше ни да се играат првенства, туку ќе седнеа од UEFA, кој е фаворит, па Англија... еве им титула. Тоа е убавината на европските првенства, ретко кога освојува топ фаворитот.

Што се однесува до вчерашната утакмица, Србите изиграа топ второ полувреме и ако така изиграат и против Словенија ќе ти тепаат со 3-4 гола разлика, едноставно класи се пред нив, само треба да се средат психички.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.540
Поени од реакции
17.221

Абе десет нула ќе ги тепаат :D
Не зафркавај, Словенија имаат напредок во репрезентацијата, види им последни резултати.
Србија баш можат да изгорат со тоа нивно бескрајно его, ќе влезат со потценување на противникот и можи блам да изедат.
Имаат индивидуалци кои можат да решат натпревар ама никаде ги нема на терен.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.811
Поени од реакции
13.446
Италија неразбирливо потценета ми е на првенствово. Донарума, Бастони, Ди Марко, Барела и Киеза се светска класа играчи и би биле стартери скоро во секоја репрезентација. Имаат топ талент и иден светска класа играч во Калафиори, но и играчи како Фратези, Пелегрини, Камбиасо, Буонгиорно, Распадори кои уште не се во прајмот, а играат во многу стабилни екипи. Освен нив имаат и стабилни искусни играчи како Џорџињо и Ди Лоренцо кои не се во најдобра форма ама имаат собрано големо искуство. Најслаба карика во екипата е шпицот, т.е. Скамака, ама па не дека другиве репрезентации освен Англија и Франција имаат којзнае какви играчишта на таа позиција. Се на се имаат компактен тим желен за нови репрезентативни успеси. Недостатокот на 9ка, можат да го надополнат со тоа што головите можат лесно да доаѓаат од другите позиции. Киеза, Фратези, Барела, Пелегрини сите знаат да дадат гол, тука може да се додаде и Ди Марко кој има страшен шут и Бастони што секогаш знае да утрча од штоперска позиција и да асистира или даде гол.
Мислам дека им одговара оваа улога, немаат голем притисок за успех, а реално имаат солидна екипа. За мене се фаворит против Шпанија рецимо.
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.590
Поени од реакции
20.425
Слава Украини 1:3 точен резултат :D
Ја гу игра такој на лишче.А сакаше Белгију 4:1 ама не е дозволено Белгија да се игра тачан.
па гу игра кец у кец и четири плус.
Парва Ставро,Парва Илз,Парва Џаро,Парва Џамбазоф...

Иначе на сфетски/европски, најинтересно е да се играф сингл тачни резултати.
Иам погодено неколко.

Иначе д'нска најурда утакмице.
Меркур - Уран да играсфа,поинтересно ке беше.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.439
Поени од реакции
7.898
Италија неразбирливо потценета ми е на првенствово. Донарума, Бастони, Ди Марко, Барела и Киеза се светска класа играчи и би биле стартери скоро во секоја репрезентација. Имаат топ талент и иден светска класа играч во Калафиори, но и играчи како Фратези, Пелегрини, Камбиасо, Буонгиорно, Распадори кои уште не се во прајмот, а играат во многу стабилни екипи. Освен нив имаат и стабилни искусни играчи како Џорџињо и Ди Лоренцо кои не се во најдобра форма ама имаат собрано големо искуство. Најслаба карика во екипата е шпицот, т.е. Скамака, ама па не дека другиве репрезентации освен Англија и Франција имаат којзнае какви играчишта на таа позиција. Се на се имаат компактен тим желен за нови репрезентативни успеси. Недостатокот на 9ка, можат да го надополнат со тоа што головите можат лесно да доаѓаат од другите позиции. Киеза, Фратези, Барела, Пелегрини сите знаат да дадат гол, тука може да се додаде и Ди Марко кој има страшен шут и Бастони што секогаш знае да утрча од штоперска позиција и да асистира или даде гол.
Мислам дека им одговара оваа улога, немаат голем притисок за успех, а реално имаат солидна екипа. За мене се фаворит против Шпанија рецимо.
Се океј, ама Распадори да го спомнеш како некаков фактор за мене е смешно.
Зборам за тоа како игра за Наполи и општо неговите клубски изданија.
Италија нели не играше на 2 Светски првенства, океј тоа е друга тема на муабет... Ќе се фокусирам на ЕП во последно време.
Но еве, 2016та испаднаа на пенали од Германија во 1/4 финале откако ја победија Белгија во групи и поминаа против Шпанија во 1/16. Во групи загубија безвезе од Ирска чинам беше. 2021ва беа шампиони.
2012та го имаа Чезаре Прандели, кој реално и не е воопшто лош тренер и во тоа време беше можеби топ 3 репрезентативни тренери во Европа. Загубија од Шпанија катастрофално во финале, ама тоа беше исклучок пошто Шпанците тогаш имаа тим creme de la creme.
Еве ги 2024та се на праг да поминат групи.

Да не заборавиме 2021ва имаа добра екипа реално, беа потценети но сепак имаа играчи како Кристанте, Имобиле, Белоти, Емерсон(кој одигра сосема солидно полуфинале и финале) и Берарди. Мислам далеку од светска класа како што ги имаат другите екипи, но сосема доволни за да се вади резултат и да се дојде до пенали. Главни играчи Киелини, Бонучи, Спинацола и Ди Лоренцо најдобра одбрана на тоа првенство и така добија. Киеза, Инсиње, везниот ред им беше супер исто така.
Но, мислам дека нивен најголем адут од 2012, 2016та, 2020та и ова првенство им се тренерите и стручниот штаб.
Конте, Манчини, Прандели и Спалети, сите 3ца се можеби најдобри репрезентативни тренери со години и години искуство како клубски тренери, или топ 2 ајде да ги ставиме (Дешамп, Луис Енрике, еве Нагелсман се наметнува ама нема он дугачка кариера да е во таа комбинација).
Стари волци како тренери кои знаат и те како да извадат резултат и да поминат подалеку. Толку колку што им треба.
Само ете, со малите екипи Италија има историски маки уште од кога сум бил во мадињата на татко ми, што се докажа со поразот од Македонија (претходно мислам дека кикснаа против Северна Ирска иначе ќе идеа на светско).

Мислам дека фуриозните стартови на репрезентациите знаат да се треснат од глава на многу екипи и во овие натпреварувања најбитно е да се биде психички и физички јак. Германците не застанаа против Шкотска кога можеа комотно да си презервираат енергија и да си прават комбинации, они рокаат гас до даска трчаат и по 5ти гол. Млади се сепак.
Ако се сеќавам на претходното ЕП, Белгија влезе бабабабау фуриозно во групи, после тоа имаа 1-0 со јака Португалија и се покакаа против Италија. Така да тој пристап у стилот "Leave our mark early" многу многу не држи вода на европски натпреваруавања.
Пример Саутгејт доста критики јаде од нивната им вечито ненаситна јавност... Сите се као требаше да ги напаѓаме цело време, да дадеме втор гол па тогаш калкулантски, а во суштина они имаа релативна тренинг утакмица и не дозволија ништо освен неколку полу шанси и едно заебано уфрлување.
Е сеа, прашањето е дека овој пристап е ок со мали репрезентации, но кога ќе дојдат поголемите ѕверки ко што се покажа во минатото, како против Италија на пример, ќе им дојде казната. Исто и со Франција, направија 1-1 и се повлекоа ко пичиња и тоа ги кошташе пласман во финале.
Да не заборавиме исто дека Англија минатото ЕП мислам дека одигра 1-0, 0-0 и 1-0 на Вембли против Хрватска, Шкотска и Чешка. Па догураа до финале на крајот.

Поентата ми е - правиот фудбал почиња после поминување на групи, а во самата групна фаза важи правилото - Победа си е победа, колку год да е грда и со неубедлива игра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom