dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.367
- Поени од реакции
- 85.272
После вчерашните натпревари и официјално ги знаеме сите групи на ЕП, па не е лошо да се направи една тема (или можеби е прерано?... нејсе, нека стои тука уште од сега, па како ќе излегуваат информации за фантази игри, официјални тимови и слично може тука да се постираат, секако се почесто се случуваат и настани без теми, па не е лошо уште од тука да се коментира)
Групите:
Првенството ќе се игра на 10 различни стадиони, а првиот натпревар ќе се игра на 14 Јуни во 21 часот по македонско (и германско) време на фудбалската арена во Минхен. Германија и Шкотска ќе го отворат ова ЕП
По првиот ден распоредот на натпевари ќе биде по 3 мечеви на ден:
15 часот / 18 часот / 21 часот
Во 1/8 финалето продолжуваат првите две екипи од секоја група како и Топ 4 најдобро пласирани екипи на третата позиција
Финалето ќе се игра на 14 Јули на Олимпиастадионот во Берлин.
На ова првенство ќе има само еден дебитант, а тоа е репрезентацијата на Грузија.
Интересен детал за ова ЕП е што официјалниот албум за првенството за прв пат во 21 век нема да го издаде Панини туку американскиот издавач Topps
Поради одредени права, нема да ги има сите логоа/дресови во албумот, па така од тој аспсект ова првенство се враќа таму во раните 2000ти кога ни Панини ги немаше сите права.
Според првите коефициенти, според кладилниците, во моментов главен фаворит за титула е Англија:
Актуелен првак е Италија
Најмногу титули имаат Германија и Шпанија со 3. Германија има играно најмногу финалиња - 3.
Маскотата на ова ЕП ќе биде Алберт:
Официјалните ТВ права за ова првенство ги има Арена Спорт, но претпоставувам дека повторно ќе си има договор со МРТВ и натпреварите ќе може да ги гледаме на националниот сервис.