UEFA Champions League - Season 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата ComfortablyNumb
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Арсенал

  • Атлетико Мадрид

  • Борусија Дортмунд

  • Барселона

  • Баерн Минхен

  • Челзи

  • Интер

  • Јувентус

  • Ливерпул

  • Манчестер Сити

  • Наполи

  • ПСЖ

  • Реал Мадрид

  • Дај Боже да би сите испаднале.

  • Некој друг


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Билбао е незгоден терен, таму беше финалето на Лига Европа, на Мамеш.
Абе Чолка се породи ?
Оддамна ја нема да пише некое мислење на фудбалскиве теми.
 
„Иако почетокот во 21 часот е многу погоден за натпреварите во средината на неделата, пораното време на почеток за финалето во сабота значи порано завршување - без оглед на продолженијата или пенали - и им нуди на навивачите можност да уживаат во остатокот од вечерта со пријателите и семејството, потсетувајќи се на натпреварот на сезоната“, рече претседателот Чеферин.

:aplauz:

:masa:

:backa:
 
Многу лоша ждрепка за Атлетик. А богами и за Аталанта.
 
Еве ги резултатите од ждрепката.
@ComfortablyNumb ако можиш некако да апдејтираш во почетниот пост, ова да го ставиш место тоа што го имаш, да се гледа од старт кој какви противници има


Океј веќе е едитирано (y)
IMG_20250828_202138.jpg
IMG_20250828_202123.jpg
IMG_20250828_202109.jpg
IMG_20250828_202054.jpg
 
„Иако почетокот во 21 часот е многу погоден за натпреварите во средината на неделата, пораното време на почеток за финалето во сабота значи порано завршување - без оглед на продолженијата или пенали - и им нуди на навивачите можност да уживаат во остатокот од вечерта со пријателите и семејството, потсетувајќи се на натпреварот на сезоната“, рече претседателот Чеферин.

:aplauz:

:masa:

:backa:
Арно од 21.00 беше годинава. Да беше од 18.00 најмалце 2 пати ќе се степав до 12 со крекачиве на милан:pos:
 
Топ си беше 9, таман ќе заспиеше и на мира ќе си гледав. Вака ќе се расправам за телевизорот.
 
ПСЖ дефинитивно со најлоша ждрепка, ама докажаа лани дека немаат проблем со тоа.
Реал со Сити, Ливерпул, Јувентус и Бенфика кои може да бидат доста опасни, видовме со Барса лани, 4 гола.
Сити со Реал и Наполи би имале проблеми, ама Пеп е магаре па ако измилува топла вода ќе го попие и од Дортмунд/Левер.
Минхен со Челзи, Арсенал и ПСЖ ќе се намачи доста, ама не би требало да има проблем за поминување во следна фаза.
Ливерпул доста пријатна ждрепка - Реал и Интер. Можда пак ке завршат први, ама видовме дека битно е да се пласираш понатаму, нема врска кое место (освен финансиски).
Интер ќе се прошета.
Интер ќе треба да се намачи, против 4 екипи. Со другите не би требало да има проблем, и доволно да влезе у следна фаза.
Челзи, исто. Бенфика, Наполи, Аталанта, покрај Барса и Баерн, ќе ги намачат.
Дортмунд не мислам дека ќе продожи понатаму, Атлетико ќе им биде пресудно.
Барса сезонава има доста пријатна ждрепка. На Франкфурт треба да им вратат за Лига Европа.
Арсенал нешто како Интер, ќе влезе ама потешко.
Јувентус има лесни противници, ама и они не се многу тешки, хехе.
Наполи ќе се прошетаат.
 
Со исклучок на Пафос и можеби Бодо Глимт (кој инаку се одличен тим за Норвешка) не гледам како ова се лесни противници за Јувентус.

Реал е Реал, португалците се особено тешки (пред се Бенфика од која Јуве има 3 пати губено/испаѓано дури и кога беа подобри од денес), а пак Дортмунд, Монако и Вилереал се солидни екипи.

Јувентус и генерално тимовите од Серија А се чист просек, многу ќе се мачат во Европа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom