Факт е дека квалитетот на останатите екипи не е ист како некогаш, ама од аспект на чисти имиња и реноме, мора да се пофали ЛШ дека оваа година стварно носи вобуда. Подруго е кога гледаш фанови на Арсенал, Интер, Барса како се надеваат на успех, па допрва ќе следи и пецкање и јадење гомна во следните фази, тоа е тоа што (ми) фалеше на интернетот последниве години
А поради тоа што и добар дел од екипиве не делуваат така доминантно и непобедливо, ќе биде интересна и енергијата од следната фаза натаму, бидејќи реално, кој може да каже дека [екипа што не е #1 фаворит годинава, а има солидна фан бза во Македонија] не би можела да се носи со Арсенал, Барса, Дортмунд/ПСВ, Интер/Атлетико, па што да не и овој Баерн оваа година, ПСЖ или пак Реал во краен случај.
Полека ќе се кренат и очекувањата и сонувањата. Нешто слично како лани со Интер и Милан, со таа разлика што овдека ќе има и фанови на уште пар екипи што ќе се надеваат на нешто слично.
Едвај чекам следнава фаза, ќе биде забавно, тој шмек на "не знаеш што може да се случи" полека се враќа, и освен ако Сити не победат, мислам буквално секоја група на фанови би била помалце изненадена од титула сезонава (да, дури и Реал)