Зборот ми беше дека моменталниот тим се прикажува дека е подобар од тој, а дефинитивно не е. Последната ЛШ ви е од вонсериската сезона на Бензема, Модрич и Крос кои веќе ги нема. Мало морген дека овие ќумбињата преценети се на исто ниво.
За 3-4 год ќе видиме шо ќе биде, али моментално не сте во топ3.
Па нормално дека не сме, тука на форумов барем јас немам видено од фан на Реал да каже дека сме топ 3 тим.
Како можеме да бидеме топ 3 тим кога цела сезона ја играме со Хоселу Мато како главен напаѓач во тим на Реал.
Во моментов Сити, Арсенал, па можеби и Интер со оглед на формата во која се наоѓаат би кажал дека се пред овој тим на Реал.
Али дека Реал нема основа и огромен талент на млади играчи за да постигне огромни успеси во ЛШ, тоа иди лажи ги децата во маало или пензинерите во кладилница.
Види што споредуваш, скроз се изгуби.
Како може 21 годишен играч (Камавинга) да е подобар од 36 годишен играч (Модрич, кога последен пат ја освои ЛШ) со еден тон утакмици и финалиња позади него.
Каде бил Лука Модрич на 21 година, се шетал низ второ разредни тимови низ Хрватска.
Ова е само еден пример.
Никој, апсолутно никаде не кажал дека ВО МОМЕНТОВ овие играчи се подобри од најдобрата генерација на Реал.
Мислам, океј е да се исхејта, ама нека се размисли прво што се пишува.