UEFA Champions League - Season 2023/24

Кој ќе освои?

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Абе нели групава беше за ЛШ, што бараат Европа Лига имиња на екипи овде, ај таму метла со Ренџерс, Лудогорец, Бодо Глимт и Алборг.

:icon_lol:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Ок у право си ама не мора да се глуми ноншалантност додека пред 20 год паѓавте у кома за Пирло и Сидорф. Можеби не ти буквално.
Ама се осеќаше горчината после секој мастерклас гол или асистенција на двајцата.
Почнете сега со негирање :icon_mrgr:
Па тоа е мојата поента. Пирло и Сидорф вредеа, не беа небитни, затоа ни било тешко. Инаку не би ги ни спомнувале.

Разликата сепак е дека ние никогаш не ги пцуевме Пирло и Сидорф и не викавме дека се дно од луѓе. Вие како му се нафрливте на Хакан чиниш дека прајм Зидан ви заминал.

Ѕидан де... стално го грешам :D
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.597
Поени од реакции
2.478
Не беше прашањето најдобар во свет, туку од овие пет кој е подобар и кое место би се ставил тој самиот. Специфирано беше дека го прашува за во моментов а не последниве 10 години, и самиот он прашува дали е позиција Меѕала или Реџиста.
Му ги понудија Кимих, Родри, Енцо Фернандез и Крос, не е дека му ги ставија Белингем и Де Брујне па он се направи најдобар во свет како што пишале овие само за да направат некоја тема на Твитер да има што да коментираат ботовите од Африка и Азија.
И да, од сите понудени има подобра сезона МОМЕНТАЛНО. Гледаш кога го праша Родри малку се замисли ама за другите беше сигурен што е и во право. Кимих, Енцо и Крос сезонава се испод него.

Во врска со Интер претпоставувам дека мислиш на Барела како најдобар што веројатно е и точно ама пак, прашањето беше за друга позиција. Барела тешко дека ќе може да игра како него Реџиста. Гази со пасовите Чаланоглу, има добра визија, напредна во одбранбените задачи, борбен е, топ шут од далечина, слободни, корнери а сезонава е и константен.
Не знам како Чалханоглу може да е подобар од Крос па само и оваа сезона да ја гледаме. Се што имаш набројано во последниот пасус, Крос ги доминира категориите последни 15години. Нема сезона испод 90% успешност на додавања. Има Интер добра сезона, први се па може и да ти се чини така, али не е ни блиску до Крос, не се заебавај.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.993
Поени од реакции
23.992

Ај да не замарам и втор ден по ред да објаснувам нешто што е лесно за разбирање затоа што никој не го оспори фактот за последните 15 години, само ќе споредам муабетов со нешто повеќе познато за тебе зашто ми изгледа дека не ги гледаш Интер редовно, па затоа те мачи напишаното.
Дали Рамос е подобар дефанзивец од Ван Дајк ако им се споредат кариерите и квалитетите? Реторичко прашање, знам кој ти е одговорот.
Епа и јас мислам дека е.
Дали Ван Дајк беше најдобриот на негова позиција кога беше близу Златна топка? Беше.
Така е и со Хакан само што он е далеку од Златна Топка али далеку е и овој Крос од тоа што бил.

Статистиките како 90% успешност на додавања не се вредни за коментирање. Знаеш дека дури 7 играчи се подобри од Крос во таа статистика моментално во Ла Лига? На пример Кристенсен од Барса има 95.5% за разлика од 91.2% кај Крос. Ромањоли од Лацио има подобар процент (91.7%) а Ачерби е само еден процент помалку од Крос (90.2%)
Брат не ме јеби, Гаљардини има 90.3% успешност :D
Има и други фактори кои се битни кога се гледаат овие статистики како клучни пасови, пасови во завршна акција, xAG но не се вредни за коментирање како што кажав особено што едниот игра со играчи како Модриќ, Чуамени, Валверде, Белингам, Камавинга а другиот околу него со Барела, Фратези, Мхтиријан, Класен, Сенси и Аслани.
Веројатно Крос е еден од најдобрите 10 во историјата на негова позиција и никој не го спори тој факт. Секако, тоа нема да се смени ако само една сезона (која сеуште не е завршена) некој е малку подобар од него. Или да се каже поконстантен.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.969
Поени од реакции
41.300
Само прав глуп човек смета дека неговото мислење е тоа правото а сите други се глупи. Тој став го имаш ти и другарчињата, јас убаво си пишав дека би го земал Лофтус Чик пред него у секое време.

Јас би го земал Лофтус Чик уместо Хакан, не очекувам Стефан да го земе.

Уствари и ти Стефан да го земете :icon_mrgr:

Мала шала нели за пред почитувана јавност :smirce:
Чекајте малку другари. Не сакам да се мешам во дискусијава ама во исто време и не сакам да помине ова така не запазено.

Сам кажуваш дека "прав глуп човек смета дека неговото мислење е тоа правото а сите други се глупи", за да кажеш дека тој став го има Џонтра И ДРУГАРЧИЊАТА, што значи не е само мислење на еден човек туку на повеќе, за понатаму да кажеш дека ТИ би го земал Лофтус Чик пред Хакан во секое време, што е САМО ТВОЕ мислење и ничие друго и сметаш дека ова е правото мислење.

Дали тоа индиректно и несвесно сам себе се нарече прав глуп човек?
 
Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.117
Поени од реакции
7.083

Не, ти сега се нарече глуп човек затоа што не знаеш да читаш очигледно. Или си ловиш лајкчиња од Интерашите.

Ја пишав дека глуп човек е што има свое мислење за кое смета дека е правото а сите други што не го делат тоа ги прави глупи.

Не е ова математика па ја да го убедувам Џонтра дека 2 и 2 се 4 па он да вика не јас имам свој став. Тогаш да може да се збори за глупи луѓе.

Ја би го земал Лофтус Чик без размислување пред Чаноглу. И бев наречен неписмен и ретардиран ради ова.

Не реков дека би го земал Шумуликовски пред Чаноглу туку Лофтус Чик и одма рипнаа Интерашите.

Уште пишаа дека бил Ѕидан за Лофтус Чик и цела средина на Милан? Е ова више влага у територијата на 2 + 2 = 5.

Шумуликовски е поблиску до Чаноглу него Чаноглу до Ѕидан.
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.277
Поени од реакции
13.240
Ако е многу тешко да биде сфатена споредбата со Зидан еве ќе пробам пак попросто.

Ако јас речам дека сум Мајк Тајсон во споредба со некое лице кое е инвалид тоа не ме прави мене воопшто блиску до нивото на Тајсон.
Од ова попросто неможам да доловам у моментов,имам нешто работа.

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 
Јасен е муабетот, али како што реков средината на Милан не е составена од мене и тебе па да ти држи вода споредбата.

Лофтус Чик не е играч на ФК Сарај што играл у шеста јужна моравска лига претходно туку у Милан и доаѓа од Челзи.

Јасно и дека не секој играч на Милан и Челзи по автоматизам е добар али Лофтус Чик дека е толку полош од Чаноглу па овој е Ѕидан за него е 2 + 2 = 5 вид на мислење.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.969
Поени од реакции
41.300
Не, ти сега се нарече глуп човек затоа што не знаеш да читаш очигледно. Или си ловиш лајкчиња од Интерашите.

Ја пишав дека глуп човек е што има свое мислење за кое смета дека е правото а сите други што не го делат тоа ги прави глупи.

Не е ова математика па ја да го убедувам Џонтра дека 2 и 2 се 4 па он да вика не јас имам свој став. Тогаш да може да се збори за глупи луѓе.

Ја би го земал Лофтус Чик без размислување пред Чаноглу. И бев наречен неписмен и ретардиран ради ова.

Не реков дека би го земал Шумуликовски пред Чаноглу туку Лофтус Чик и одма рипнаа Интерашите.

Уште пишаа дека бил Ѕидан за Лофтус Чик и цела средина на Милан? Е ова више влага у територијата на 2 + 2 = 5.

Шумуликовски е поблиску до Чаноглу него Чаноглу до Ѕидан.
Ок бро како ќе кажеш ти така. Јас само ја следев твојата логика.
 
Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.117
Поени од реакции
7.083
Па кој вика дека не е одличен бе друже? Не сте ми јасни со вакви постови, ако се само за лајкчиња ок.

Одличен е да, али и Лофтус Чик за мене е одличен и би го избрал него да морам да бирам.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.597
Поени од реакции
2.478
Ај да не замарам и втор ден по ред да објаснувам нешто што е лесно за разбирање затоа што никој не го оспори фактот за последните 15 години, само ќе споредам муабетов со нешто повеќе познато за тебе зашто ми изгледа дека не ги гледаш Интер редовно, па затоа те мачи напишаното.
Дали Рамос е подобар дефанзивец од Ван Дајк ако им се споредат кариерите и квалитетите? Реторичко прашање, знам кој ти е одговорот.
Епа и јас мислам дека е.
Дали Ван Дајк беше најдобриот на негова позиција кога беше близу Златна топка? Беше.
Така е и со Хакан само што он е далеку од Златна Топка али далеку е и овој Крос од тоа што бил.

Статистиките како 90% успешност на додавања не се вредни за коментирање. Знаеш дека дури 7 играчи се подобри од Крос во таа статистика моментално во Ла Лига? На пример Кристенсен од Барса има 95.5% за разлика од 91.2% кај Крос. Ромањоли од Лацио има подобар процент (91.7%) а Ачерби е само еден процент помалку од Крос (90.2%)
Брат не ме јеби, Гаљардини има 90.3% успешност :D
Има и други фактори кои се битни кога се гледаат овие статистики како клучни пасови, пасови во завршна акција, xAG но не се вредни за коментирање како што кажав особено што едниот игра со играчи како Модриќ, Чуамени, Валверде, Белингам, Камавинга а другиот околу него со Барела, Фратези, Мхтиријан, Класен, Сенси и Аслани.
Веројатно Крос е еден од најдобрите 10 во историјата на негова позиција и никој не го спори тој факт. Секако, тоа нема да се смени ако само една сезона (која сеуште не е завршена) некој е малку подобар од него. Или да се каже поконстантен.
На Крос не му е паднато нивото на игра оваа сезона, него е константно 15 сезони по ред еден од најдобрите во свет. Турчинот игра на некое повисоко ниво од лани, и ти се чини дека стигнал на некое повисоко ниво од Крос. Крос е најбитниот играч за Реал во средината, сам го диктира темпото и играта. Ти ми велиш не го гледам Интер, ја сега ти викам дека не ди го гледал оваа сезона Реал, а можеби не си го запазил значењето на Крос за Реал. Се на се небитна дискусија и нема да се договориме. Нека се паднат Реал и Интер во следна фаза па ке видиме кој е топ 1/3/5.
 
Па како бе ќе видиме ако се паднат Реал М. и Интер во наредна фаза божем овие ќе шутираат по 10 слободни и по 10 пенали за да се докажат?
Па и едниот да биде мноооогу подобар во двомечот од другиот пак нема да биде мерило. Горе-долу во лигашка конкуренција имаат слични противници со оглед на квалитетот на лигите па од тука треба да се гледа тоа низ тие 35-40 натпревари кој како одиграл.
Најидеално би се видело кога би делеле минутажа во ист тим ама и тука може да не се согласиме затоа што секој има различен вкус и критериуми врз кој проценува кој е подобриот така да би се сложил дека дискусијава не е битна.
Уствари од сам старт е небитна затоа што е извадена од контекст неговата изјава од таа страната на Твитер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom