UEFA Champions League - Season 2023/24

Кој ќе освои?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.492
Поени од реакции
87.402
Реков ни крив ни должен дека не се тренираат идиоти, Пеп стави го за тренер исти резултати ќе вади со овие. Освен Хојлунд, и ете ќе го иземам Амрабат дека е нов и го играат на неприродна позиција, другото вечерва беше се ќоро и сакато.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Секој што ќе иде во Манчестер ќе пропадне бидејќи е проколнат клуб, не се знае кој јаде а кој пие, тие еден Роналдо го избркаа демек он бил причината за негативни резултати?! Сега крив им е Онана, утре некој друг... Гарантирам Магуире да иде во друг клуб ќе биде еден од најаките дефанзивци во светот. Манчестер имаат ретардирана управа заедно со нивните фанови кои одамна легнаа на брашното...
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.738
Поени од реакции
43.862
Никој не го избрка Роналдо бидејќи бил причината за лош резултати или бил "проблемот", како што е наративот на Твитер и Тикток.

Роналдо ги пропушти цели припреми лани, на своја воља, бидејќи сакаше да избоксува трансфер надвор од клубот. Управата не го пушти, па кога се врати, се врати во катастрофална форма, што е и повеќе од очекувано за играч на негова возраст што не тренирал со тимот на одреден период. Движењето му беше во минус, а промашуваше смешни зицери, шанси кои со затворени очи би ги погодил годините претходно.

Заради тоа, беше седнат на клупа, повеќе од заслужено. Но егото не му издржа и се истрча јавно да изеде гомна за цел клуб кај Пирс Морган. Мислам дека освен заради егото, тоа го направи и бидејќи знаеше дека му гарантира раскин на договор, а ваљда веќе беше и договорен со арапите.

Така да, Роналдо не е никаква жртва, како што тоа се претставува по социјалните мрежи. Тој самиот сакаше да си замине и си најде начин како да го стори тоа што побргу.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
А Роналдо за куров мој сакаше да избоксува трансфер надвор од клубот после една сезона??! Се врати виде дека ништо не е сменато, и си избега како знаеше и умееше!

Онана беше еден од најдобрите голмани во светот, во Интер и Ајакс беше феноменален за кај вас после 10 натпревари да не чини.

Па не чини кога одбраната ви е швајцарски сирење... Во Интер Онана за 90 минути едвај 2 шута дали ќе имаше упатени во рамките на голот, а сега кај вас, само што видов хајлајтси едно 2 пати беше 1 на 1 со противнички играчи, не очекувај чуда да прави, вчера се случи чудо ама на друг натпревар каде голманот на Бенфика му одбрани се на Лаутаро Мартинез, но тоа се случува само еднаш годишно...

Сметам дека играчите ваши медиумски се убиваат после секој ебан кикс, и од самите фанови... Депресија ги ваќа реално.

Англиско не сакам токму од овие срања што се случуваат надвор од терените, и колку можат медиумите да ги извадат играчите од шините... Не е ни чудно што после трансфер во друг клуб изгледаат како препородени...
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
9.784
Абе не туку го бранете Онана, топкиве од раце му паѓаат, црвениот на Касемиро е чиста негова кривица. Склон си е он на такви киксови, ама у Манчестер му се доста почести, премногу медиумско влијание и притисок, се билдаат очекувања и не секој има ментален капацитет тоа да го издржи.
 
Член од
4 август 2023
Мислења
373
Поени од реакции
940
Онана беше еден од најдобрите голмани во светот, во Интер и Ајакс беше феноменален за кај вас после 10 натпревари да не чини.

Во Интер Онана за 90 минути едвај 2 шута дали ќе имаше упатени во рамките на голот,
Како знаеш дека Онана бил еден од најдобрите голмани во светот ако дури бранел во Интер имало едвај по 2 шута кон неговиот гол? По фризурата?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.617
Поени од реакции
18.874
И после Атлетико играле досаден фудбал, страдание до последна секунда секој натпревар упм да фатат.
Моратататата :uzi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom