Сити ако игра стандардно со Халанд, без експерименти на Гвардиола, би ги ставил како победник со Баерн, од проста причина што Тухел нема доволно време да го среди тимов на Баерн ама од друга страна, која сезона Гвардиола се нема глупирано во вакви мечеви, ниедна. Од друга страна па Тухел е страшен тактичар и ако некој знае да игра против Пеп, тоа е он.
Бенфика би требало да е сигурен победник, од Интер едино ние сме полоши сезонава мада и они брзаат да не стигнат во бламот, две екипи водени од два меланхолични тренера што изгубија било каква борба и мотивација да играат фудбал, без разлика што Челзи ќе излезе со Лампард, играчиве се ментално аут сезонава, 90% од нив, така да, Реал сигурен победник.
На крај најинтересниот дуел за мене, Милан - Наполи.
Навивачки, сакам Милан ама реално дуелов највеќе зависи дали ќе игра Осимен или не. Сите пишуваат за Квича како е Марадона ама вистинскиот клуч за екипава на Наполи е баш Осимен, кога игра, толку многу простор отвара за Квича и останати што не е можно да не дадат гол, не е можно да го чуваш со еден играч. Ако игра Осимен, со оглед дека ќе се враќа од повреда, ќе им дадам простор на Наполи да извадат нерешено па да бркаат победа на Диего Марадона стадионот и да почне да се пишува бајката, во спротивно, Наполи без Осимен е плен за Милан што не смеат да го пропуштат и мора да изиграат утакмица на сезоната како таа претходно за да бидат без притисок на гости.