Ѓубрево фашистичко Марчињак глуми Колина, им се внесува во фаци на играчиве, продава авторитет, а суди потпросечно полувреме. На почеток фаул од Стоунс над Лаутаро, се направи слеп. Потоа стапнување директно на стапало, ниту фаул, а заслужуваше Сити жолт. Аке, кој и да беше.
Ситуации 50:50 суди за Сити.
Интер игра преквалитетни 45 минути. Исклучително јаки тактички и дисциплинирани. Штета што Џеко е играч помалку. Лукаку е поактивен во однос на него и се надевам дека ќе влезе веднаш. И штета што Дамфрис е дрво и не игра ни приближно како Ди Марко на другата страна.
Де Брујн две финалиња се повредува. До моментите пред да излезе од игра, патем, пружа лоша партија.
Некој ќе рече лоша среќа, точно е. Но, точно е и дека ликот е мек и ментално и физички неретко. Се сеќавам на почетоците во Челзи кога Ван Перси на Олд Трафорд го крена на рогови и овој лажираше повреда и не сакаше да продолжи. Некои работи...