Разликата се состои во тоа што играчите на Реал, на клупа и на терен, со милион победи и трофеи позади себе, кубат коси, паѓаат на земја, не можат да гледаат што се случува на терен, горат од желба да играат ново финале. Бензема го гледаш до Анчелоти, небаре 18-годишник.
Од друга страна, ги гледаш оние на Сити, мислиш браќата освоиле брдо титули и тие имаат 13 во ЛШ, па сега не им се игра, заситени се.
Е толкава е линијата помеѓу финале и распад во последни секунди, толкава е линијата, на крајот на краиштата, помеѓу голем клуб и клуб како Сити.
Реал заслужи финале. Ова на Родриго беше далеку од среќа. Родриговото беше ала Рамос во пресилните сезони на Зидан во ова натпреварување. Менталитет, грб, излитено или не.
Тоа претходно, беше среќа, во онаа друга смисла и нема пласманот во финале тој факт да го промени. Го игнорирале тоа навивачите на Реал или не.
Сега да му земат уште на Ливерпул скалп во Париз и да залечиме рани.