UEFA Champions League Final : F.C.Barcelona - Manchester United F.C.

Кој ќе победи во финалето во ЛШ ?

  • Барселона

    Гласови: 111 49,8%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 112 50,2%

  • Вкупно гласачи
    223

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.661
Поени од реакции
22.743
You are sure about that? :)
Да не тераме детски муабети како 9-годишњаци и да трескаме од типот 'мојот тим игра најотворен и најнапаѓачки фудбал', ама во 2009 во Рим Фергусон проба да се надигрува со Барселона и тргна ептен офанзивно. Според некој тоа е најголема храброст, чин за признание за САФ, според други голема, непромислена грешка која му се удри од глава. Како и да е, факт е, а се надевам и ти ќе признаеш, Манчестер на тој натпревар играше само до 9тата минута, дотогаш доминираше. После голот на Ето во 9та минута, Манчестер беа само сведоци, а не и учесници во играта. Креираа опасна шанса кон голот на Валдес само уште 1-2 пати до крајот на мечот. :toe:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047

Од тогаш до 28-ми Мај ќе има поминато точно 2 години и 1 ден, ако не сте приметиле. :)
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.746
Поени од реакции
43.918

Да не дадоа Барса ран гол друга ќе беше приказната и многу поинтересен ќе беше мечот.. Вака не сецнавте и се пропадна.. Како и да е, тоа што беше помина.. Сеа да се скноцентрираме на "the revenge" :D
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.661
Поени од реакции
22.743
Од тогаш до 28-ми Мај ќе има поминато точно 2 години и 1 ден, ако не сте приметиле. :)
Тоа е делот што сакав да го напишам во продолжение на мојот претходен пост. Фергусон е голем тренер, за овие 2 години ќе видиме што измислил и како ќе настапи во 'финалето против Гвардиоловата Барселона' - бр. 2.
 
Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.614
Поени од реакции
1.550
Очекувам Мен Ју да го паркираат автобусот пред голот, ама сепак ќе биде интересена утакмица за нас неутралните гледачи, и мислам дека ќе се реши со 1 гол, кој што нема да биде постигнат од напаѓач :)...
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.661
Поени од реакции
22.743
Да не дадоа Барса ран гол друга ќе беше приказната и многу поинтересен ќе беше мечот.. Вака не сецнавте и се пропадна.. Како и да е, тоа што беше помина.. Сеа да се скноцентрираме на "the revenge" :D
Веројатно. Да не заборавиме, само 1 сезона пред тоа, Манчестер ја помина Барселона во 1/2 финалето. Со мудра игра, или подобро речено мизерна и нереализирачка игра на Барселона, не дека се правдам, ама среќата во тој двомеч беше на страната на Манчестер. Откако Сколс ја упати бомбата, на ОТ нашите се изнапромашија.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Очекувам Мен Ју да го паркираат автобусот пред голот, ама сепак ќе биде интересена утакмица за нас неутралните гледачи, и мислам дека ќе се реши со 1 гол, кој што нема да биде постигнат од напаѓач :)...
Изгледа ти не си ги гледал ман ју како играат... hmmm:toe::jaj::blabla::blabla:
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
сигурен сум дека Фергусон ќе игра нешто слично како Мурињо,но не со толку екстремно насилна игра,ќе се брани и ќе гледа да не прими гол по можност 120 минути - свесен е дека не може да креира игра и да ја потисни Барселона ниту 5 минути и многу добро знае дека само неколкуте контранапади може да му го донесат трофејот во негови раце

за играта на Барселона не треба многу да зборуваме - никој не ја надигра сезонава ниту успеа да им парира пред СЕ на триото Чави-Иниеста-Меси на кои не им се одзема топка без прекршок и го излудуваат противникот со нивните компјутерски точни пасови и додавања......Пеп ќе го има на располагање речиси целиот состав така да нема да има никаква пречка Барселона да го изигра она најдоброто,единствено загрижува лошата форма и неефикасност на Давид Виља од кого многу повеќе се очекуваше сезонава

мислам дека ќе гледаме одличен натпревар во годинешното финале на ЛШ и типувам на точен резултат 2:0 за Барселона :party3:
Нема шанси да игра така Ферги. Прво затоа што е финале и една ситна грешка може да ги чини гол што подоцна нема да можат да го надокнадат затоа што нема да бидат организирани за напад.

Второ, би било лудило со тој млад тим што го има да оди на пенали против Барса. Валенсија, Хернандес, Нани... се доста неискусни играчи за да знаеш како ќе реагираат на притисокот да шутираат одлучувачки пенал во финале на ЛШ.

Од друга страна скоро сите играчи на Барса имаат играно финалиња на ЛШ, светско и европско и се искусни како што се Гигс, Сколс и Руни во Манчестер.

Веројатно ќе се обиде да употреби дел од тактиките на Мурињо.

Средниот и одбранбениот ред ќе бидат близу еден до друг цело време исто како кај Реал. Ќе има уште еден играч кој што ќе стои измеѓу тие два реда. Кај реал тоа беше Пепе а кај Манчестер претпоставувам Флечер.

Мислам дека на сите им е јасно што ќе направи Фергусон дефанзивно. Проблемот е што никој, веројатно ни играчите на Манчестер, не знаат каков ќе им биде планот за офанзива.

Дефинитвно ќе има многу посилен среден ред од тој на Мадрид затоа што има играчи како Карик и Сколс кои се одлични дефанзивно но се добри и во креирање на игра затоа што тоа им е природна позиција. За разлика од Пепе и Ласана Диара од кои едниот е касап, а другиот знае само како да одземе топка.

Нападот мора да има брзина ако сакаат да им наштеат било како на Барса така да Бербатов и Овен испаѓаат од комбинација (не дека Овен воопшто и бил во комбинација за стартер де!). Значи Руни заедно со Гигс/Валенсија/Нани/Хернандес. Со тоа што Гигс ќе биде апсолутно неискористлив ако Алвес стои во сопствена половина цело време.

Ај доста е. Можам 20 страни анализи на финалево да правам.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Нани, Андерсон, шутираа веќе пенали во финале, под притисок како што викаш. И одлично ги реализираа. Ако играчи на Манчестер не можат да се справат под притисок (не мора да објаснувам колку пресврти направил тимов и како изиграл кога највише требало), не знам кој може.
 
Член од
9 мај 2011
Мислења
84
Поени од реакции
35
Манчестер Јунајтед единствено можи да ја победи барселона доколку одиграат еден смирен пресинг и притоа со зонална одбрана, а не како што некои викаат фластер на меси и готова е работата.Мислам дека парк руни и видич ќе бидат клучните во играта на манчестер.Според мене најголем проблем за Манчестер ќе биде да ја пробие зоната во која владее бускетс.Мислам дека тој е клучниот играч на барса во фазата на одбрана иако "стручните аналитичари " често го изоставуваат.
Предност за манчестер е што виља е надвор од форма,а меси е надвор од гол серија, па можно е да се надеваме на нивна фрустрација и нервоза.Мислам дека фергусон ке се определи за игра со тројца во средината флетчер-керик-гигс, при што флетчер ќе биде исклучиво задолжен за чави.За да можи манчестер да се одбрани и да не прими гол не смее да си дозволи во фаза на напад двајцата бекови да бидат на противничка половина.Можно е натправарот да биде решен и од слободен удар на нани бидејки мислам деа валдес знае да биде голем киксер.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Нани, Андерсон, шутираа веќе пенали во финале, под притисок како што викаш. И одлично ги реализираа. Ако играчи на Манчестер не можат да се справат под притисок (не мора да објаснувам колку пресврти направил тимов и како изиграл кога највише требало), не знам кој може.
Не викам дека не можат да се справат со притисок. Ама не можеш да кажеш дека во таква ситуација искуството не би било на страна на Барса, а тоа прави огромна разлика во такви ситуации.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Веројатно. Да не заборавиме, само 1 сезона пред тоа, Манчестер ја помина Барселона во 1/2 финалето. Со мудра игра, или подобро речено мизерна и нереализирачка игра на Барселона, не дека се правдам, ама среќата во тој двомеч беше на страната на Манчестер. Откако Сколс ја упати бомбата, на ОТ нашите се изнапромашија.
Реално да правиме муабет, ако во 2008ма поминеше Барселона, тоа ќе беше 8мо светско чудо. Тогаш ја имаа најмизерната игра, едвај трчаа по терен, караници во соблекувални и триста други глупости.
Добра е што тогаш Роналдо го промаши пеналот на Камп Ноу оти ако го дадеше тоа, мислам дека не ни бегаше вкупен резултат 6-1 или 6-0. Тогаш имавме многу среќа тоа мора да се признае, па стасавме до финалето. Игравме со шалке и со Селтик (мислам дека беа они) и лесно поминаа, и таа година Манчестер жареа и палеа.
Е сега реципрочно на тоа финлаето во 2009 Манчестер беше трагичен. Имаа игра се до шутот од слободен на Роналдо. После тоа беше како барса да игра против Згрополци. Живи ги немаше на теренот, не правеа акции, не правеа шанси, само стоеа и чекаа судијата да свири крај. Е сега шо ќе да беше да беше ако Ето не го дадеше голот тоа се веќе приказни за деца и мислам дека стварно не се за тука.
Во финалево Барса влегува во фаворит (јасно е тоа по весниците, телвизииве и посебно по кладилниците), колку е тоа точно на 28ми во 20:45 па ќе се открие.
Навивачки: 2-1 за Барса, а искрено во продолженија мислам дека ќе оди па таму шта буде нека буде.
 
Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.614
Поени од реакции
1.550
Изгледа ти не си ги гледал ман ју како играат... hmmm:toe::jaj::blabla::blabla:
Не знам другарче, можно е, нели со црвени дресови беа они? Јас со црвени дресови гледав едни, па таму нешто автобуси пред голот шо ти знам... :toe:

А можно е и да не сум ги гледал не знам..
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Јас па очекувам да испадне како Милан - Ливерпул.. :):)
Исто !
Ќе гласам за победа на Манчестер но нема да ми биде воопшто кирво и Барса да освоие.
Се што сакам е да гледам добар фудбал со 2-3 гола па и поише ! :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom