Види вака, би сакал нареден пат ваквите аргументи да ги извадиш на маса после пораз или лоша утакмица на Јуве. Повеќете како тебе, неутралци, а и фанови на Јуве коишто се генерално про Алегри, после мизерии како она против Реал лани и сезонава Атлетико ги нема никаде. Не знам ако тоа е твоето мислење секогаш, тогаш зошто чекаш ветрот кога дува во твоја посакувана насока (Јуве направи пресврт после пораз од 2-0) да излезеш со овие тези. Не ти наметнувам дека ова го правиш намерно, туку еве те замолувам, бујрум, во периоди и моменти кога нема да ја има оваа еуфорија да ги спротиставиме ставовите.
А за тоа дека не си гледал и дека не знаеш?! (никаде не употребив таква фраза, ми наметнуваш зборови), поентата е дека не си фан на тимот и во глобала квалитетот на перформансите не ти е приоритет. Минатата сезона (17/18) и особено оваа сезона (18/19) Јувентус игра прилично лош фудбал, со мачење, без никаква убавина. Тоа не се рефлектираше во резултатите во Серија А, најмногу заради нискиот квалитет на лигата. Инаку свесен си со какво ниво на среќа лани Јуве против Интер издвои победа, во утакмица каде што имаше играч повеќе, за Наполи после да се изгори од Фиорентина. Еве да ја тргнеме Серија А на страна, дали ти го гледаше Јуве лани против Тотенхем? Плански изигра 10 минути фудбал од 180 или се важи само тоа дека ги поминавме? Уште после тој меч напишав, уште едно такво издание и ќе се посрамотиме. И тоа се случи 1 месец покасно против Реал на домашен терен. Велиш дека тоа што Јувентус дошол до чекор да направи чудо против Реал поради Алегри, ајде одговори ми поради кој пак дојдоа до ситуација да бркаат чудо (0-3 пораз дома)? Де Шиљо јас го ставив во игра против Иско и Роналдо на левата напаѓачка страна на Реал, каде што после 3 минути веќе два пати остави дупка од 5 метри?
Сезонава досега, а тоа е март месец, генерално еуфоријата ја немаше никаде. Јувентус игра лош фудбал, фановите се незадоволни, дел од играчите незадоволни, пристапот е само да се победи против Фросиноне и Киево (а секако се победува со години, каде е чекорот напред, а тоа е квалитетот на играта?) и да не ти бројам.
Проблем во твојот пристап е што квалитетот што јас го напоменувам дека изостанува, го врзуваш за резултатите исклучиво. Јас не го врзувам за толку растеглива работа, туку за нешто суштински. Тоа е нешто повеќе од резултатите во очајната Серија А. Ти напоменав, дека во ЛШ на 8 утакмици имаме 3 порази. Дали е тоа малку или не се важи, битно без пораз се на 27 утамици во лигата? Купот исто, го изгубивме како кучиња со 3-0. Не растурија. Вакви лапсуси тим кој има ваков квалитет, за краток период не смее да има. А ги има.
Последно, те замолувам годините на Роналдо да не ги вметнуваш вака демек, еве 34 години е нема такво значење. Еден факт има за Роналдо, а тоа е да не беше тој, Јувентус ќе се соочеше со срамно испаѓање во 1/8 финале од ЛШ. Толку.
За квалитетот на средниот ред, точно дека не е којзнае што, ама дај да ги видам тие фаворити за ЛШ. Освен Сити, не гледам нешто особено.