Повели објасни како Јувентус игра во рамки на квалитетот под водство на Алегри. Со нула шутеви во рамки на гол за 45 минути на домашен терен.
Напишав пост и вчера, а и во постот што си го цитирал е моето објаснување. Ама еве, уште еднаш со посвета за тебе. Немате доволно добра средина. Техничкиот квалитет на тимот е низок.
Затоа Јувентус не може да го контролира натпреварот на ова ниво, како што тоа го прави во италијанско, затоа има проблем со креирање на шанси и затоа мора да игра тактички фудбал за да добива двомечи. Ако немаш играчи, особено во средина и во одбрана (од каде почнува нападот), кои можат конзистентно да го одржуваат поседот и ако немаш играчи кои имаат range да дистрибутираат вертикални пасови под притисок, не можеш да ја имаш иницијативата, да "командуваш" со натпреварот, во двомечи на ова ниво. Што претпоставувам е тоа што ти мислиш дека Јувентус треба да го прави. Ова е кремот на клубскиот фудбал, немаш ок тимови тука. Ако ја немаш таа опција, која повеќе гарантира резултат, останува опцијата со тактички трикови да пробаш да добиеш двомеч. Во што Алегри е многу добар, еден од најдобрите во светот. Поради тоа, неколку пати натфрлаше со резултатите со Јуве во ЛШ, што на вас како фанови ви создаде очекувања дека сте во првата категорија на тимови.
И не е тајна ова. Од таа причина Реал три сезони по ред освојуваше ЛШ, има(ше) играчи кои од секој пресинг можеа да изнесат топка, да си играат курташак со темпото на натпреварот, кога сакаа го намалуваа, кога сакаа го зголемуваа. Го менаџираа натпреварот.
Тоа го имаше Баерн под Хејкенс, тоа го имаше Барса со Пеп. Јувентус е полош од сите посериозни тимови во ЛШ годинава, во тој аспект. И тоа нов тренер не го решава, туку подобар ростер. 21 годишен Де Јонг е подобар од секој везњак што Јувентус го има во тимот, by a mile. Каква игра реално очекуваш од таков тим? Плус, што во културата на клубот е да игра тактички фубал, Јувентус никогаш не играл убав фудбал.
И знам каков одговор ќе одбијам, истото константно го читам во фан-клуб Интер за Спалети. Тренерот треба некако магично да им ги смени карактеристиките на своите играчи, зошто тренерите можат да ја едитираат генетиката, природните тенденции на играчот, стилот на игра и целото искуството од сите младински категории, по своја волја за година дена.
Нормално тренерот може да направи разлика кај офанзивните движења на тимот, да тренира определени шеми, да подобри некои играчи во некој сегмент, ама тие се маргинални подобрувања на ова ниво. Егзекуцијата пак зависи од самиот играч. Никој тренер не може од Бентакур да направи Де Брујн, ни од Бернардески да направи Салах.
Донеси го и Пеп и Клоп, играта на Јувентус пак ќе изгледа исто во 1/4 финале на Лш.
За мене ова е реалниот квалитет на Јуве, иако јас очекував дека максимумот ќе им биде 1/2 финале. Што да го имаа здрав Киелини, мислам дека ќе успеа да го истуркаат и вчера.