UEFA Champions League 2017/18

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А сега не сте со повреди
Коман е само повреден , Ноер е вратен на тренинзи
Другите се сите фит.
Ченто ке те демантирам дека ке не надтрчаат.Кај Рибери малце е килаво , ама со Алаба ке се надополнат , а Робен и Кимих се добри по таа страна.Со тоа што еден од Родригез и Милер ке ги надополнува.Не е тоа што беше , ама дека се спори не баш:)
 
А сега не сте со повреди

Да не урочиме али сите освен Ноер и Коман (кои се подолго време отсутни) се фит и спремни.[DOUBLEPOST=1523639642][/DOUBLEPOST]
Коман е само повреден , Ноер е вратен на тренинзи
Другите се сите фит.
Ченто ке те демантирам дека ке не надтрчаат.Кај Рибери малце е килаво , ама со Алаба ке се надополнат , а Робен и Кимих се добри по таа страна.Со тоа што еден од Родригез и Милер ке ги надополнува.Не е тоа што беше , ама дека се спори не баш:)

Тоа уствари сакав да кажам. Да ги надтрчаме по крила нема шанси од објективни причини кои сите ги знаат. Е сеа доброто е што со Јуп годинава нападот строго по крилата не е едина опција него многу поише форсираше претрчувања со бековите и поготово Кимих тука се покажа одлично до сега.

Такада ќе мора да бараме некој таков пристап со бековите + Хамес и Милер кои исто добро функционираа оваа сезона.
 
So be Roma u Finale a ? :cool: Se salam normalno, od se srce sakav Liverpool da se padne pa neka tepa podobriot. Ocekuvam mn tesen duel. Forza Roma
 
Ноер и со една нога би бил прв избор кај Лев. Не дека Тер Штеген е лош голман, ама Ноер е икона во германската репрезентација. Плус Ноер ти е Роналдо, Ибрахимович тип, права атлета нема штедење кај него па каква сака повреда нека има.
 
Друже, збориме за Ноер и топ ниво на професионален спорт, не збориме за рандом голман од МКД лига. Доколку му одобрат од докторска перспектива, каков ритам, каква психичка состојба, какви сини очи.

Реков дека е почнат со тренинзи, април сме.
Па не е баш така. Може ќе му треба време и во форма да се врати. Он ќе е 100% физички спремен ама не е само здрав да си влијаат и многу фактори после таква тешка повреда. Oстај ти на една нога подобар од Тер Штеген ни Тер Штеген не е рандом голман и мкд лига. По квалитет Ноер е најдобар. Ама во каква форма ќе се врати треба се види прво па тогаш такви констатации кој и колку е подобар. Ќе игра сигурно на светско па ќе видиме.
 
Се заебаваш со мене така?

Освен пеналот во првата уткамица кој беше непостоечки се друго ти е глупост. Пеналот во втората за Баерн беше чист, Касемиро направи 2-3 фаули за втор жолт не му даде, на Видал еднаш му опрости за потоа да го исклучи за чисто одземање топка.

Двата гола од офсајд во продолжението беа бонус.

Шо се заебавам, сам кажуеш дека пеналот е непостоечки :) тоа на 1:0 беше, поклон за 2:0, ти убива морал самиот резултат и сосем друг терк ќе имаше после двомечот.... ако сме реални.
Значи ММЕ кој прв почна :) незз како се викаше тој буљашот шо свиреше првата утакмица.
За вториот пенал можда беше али над Кашемиро у продужеток ист потпуно таков старт не свирна[DOUBLEPOST=1523642976][/DOUBLEPOST]А да. За Видал вториот жут ( старт пд позади грб) има видеа друже да не барам прво го закачи Асенсио па после топката... а иначе поише му го дае пошо после првиот жут имаше акумулирано поише старта шо му ги опрости
 
Тер Штеген заслужува да е прв избор. Ноер пред една недела почна со први тренинзи и ајде на светско, нека се фокусира на новата сезона.
 
Тер Штеген е во натпреварувачки ритам цела сезона и верувам дека ќе биде прв избор за Германија но тоа не значи дека е подобар голман од Ноер на кого му фалат натпревари да влезе во форма. Али има друга тема за СП.
За ЛШ...Реал - Баерн...предност на Баерн му давам од причина што игра константно цела сезона за разлика од Реал кој само во ЛШ играше нешто...до натпреварот со Јуве дома.
Ливерпул - Рома...колку и да сакам да и дадам некоја шанса на Рома мислам дека Ливерпул сезонава е добро подготвен играат добра одбрана (бар у ЛШ) нешто што и фалеше порано, а Рома иако направија подвиг со Барса не верувам дека ќе се случи пак.
Али како викаат топка е се е можно.
 
Ноер нема шанси ни за ЛШ ни за Светско.

Не е ни фер према него тоа да се очекува. Имаше пресериозна повреда.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
За светското верувам дека ќе брани, за ЛШ не би требало :) Зависи од него и тренерот :D
 
30710328_1993123770708657_8157462914647719936_n.jpg
 
Јас мислам дека Ливерпул ќе ја прегази Рома затоа што генерално гледано Рома лошо игра сезонава против екипи со висок пресинг, на страна што Ливерпул и на хартија и во пракса е поквалитетен тим. Многу висок ритам на утакмиците задава Клоп, не верувам дека коњите Фацио и Хуан може да издржат без да се изглупираат.
 
Јас мислам дека Ливерпул ќе ја прегази Рома затоа што генерално гледано Рома лошо игра сезонава против екипи со висок пресинг, на страна што Ливерпул и на хартија и во пракса е поквалитетен тим. Многу висок ритам на утакмиците задава Клоп, не верувам дека коњите Фацио и Хуан може да издржат без да се изглупираат.

Кимо прееска ми вика, сеа ќе се појави Стекот со муабети како Салах ќе дал 15 гола Фирмино 13, Мане 9, Окс 5 :D
 
Јас мислам дека Ливерпул ќе ја прегази Рома затоа што генерално гледано Рома лошо игра сезонава против екипи со висок пресинг, на страна што Ливерпул и на хартија и во пракса е поквалитетен тим. Многу висок ритам на утакмиците задава Клоп, не верувам дека коњите Фацио и Хуан може да издржат без да се изглупираат.
Немој да заборавиш оти и одбраната на Ливерпул не е цвеќе за мирисање.
Неколку текми за ред додржаа ама прашање е кога ќе се вратат на старите навики.
И јас сакам Ливерпул да иде во финале ама волку сигурен дека ќе искине, не можам да бидам!
 
1/2 финале е, се е можно, али Ливерпул се фаворити ради страшниот напад, напаѓачкиот фудбал кој вајда не и одговара на Рома. И вака првична слика ми е дека Рома во Англија може многу лесно да си замине со 3-4 гола примени и уште првата утакмица да биде речиси елиминирана( ohh wait #barsaa :icon_lol: )
Сепак против Барса испаднаа точни муабетите на нивните фанови дека новиот им тренер игра и на резултат знаат да се повлечат на моменти и не се како во минатото брутално напаѓачки ориентирани, можеби и тоа им одговараше на Рома. Ако некоја екипа оваа година се така убиствени во напад како Барса во минатото, тоа е Ливерпул, вајда и Сити. Затоа велам Рома ќе се сретне баш со екипа што не и одговара да се надигрува, баш она ултра напаѓачка екипа.

Истото ќе го речам како и пред дуелот со Барса, шанси постојат, можеби се 65-35% во корист на Ливерпул, али со вистинска поставеност, формација и стратегија, може и Ливерпул да се неутрализира и елиминира.


Како и да е, мило ми е што се паднаа овие две екипи и што една од нив ќе игра финале, не само што го заслужија тоа, туку Ливерпул заедно со Валенсија па и Дортмунд ми се едни од посимпатичните клубови, посебно Ливерпул, уште од 2000 години, играчи како Овен и Жерард многу ги поштував и сакав, иако Ливерпул на Рома и го има нанесено најтешкиот пораз во постоењето на клубот, 84та во финале од ЛШ во Рим и тоа на пенали, али ете во тоа време не сум бил роден и не ја имам таа омраза спрема нив како некои стари романисти.


Двомечот ќе биде вистинско уживање, па нека победи подобриот :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom