Лепешка португалска. Го уништи натпреварот. Можеби, велам можеби, тоа не беше ниту пенал. Имаше мало влечење, имаше контакт, доволно за да се фати за свирка судијата, но немаше да погреши и доколку го направеше спротивното. Постои простор за судиско убедување, бидејќи фаулот над Вилиан е од категорија soft.
Ама црвен картон...
Последен играч, јок. Голманот излезе на топка. Претходен картон, јок. Острина на стартот, јок. Прашање е дали и жолт заслужи. Овој ни едно, ни две, го исклучи. Долго време не сум видел олку мизерна арбитарска одлука, долго.