Џони Вајсмилер
Don't share my food
- Член од
- 15 февруари 2010
- Мислења
- 15.489
- Поени од реакции
- 15.506
Па баш оваа година Арсенал е за потценување,Арсенал години наназад го красеше константноста против малите екипи во ЕПЛ и начинот на кој ги плескаше,сега ни тие неможи да ги победи и се мачи со нив,..во дербите стандарт си јадат ќотек освен против Манчестер на Олд Трафорд каде Жиру даде гол во 90-та на другите секаде јадоа попара..неможат пресинг да му направат на Хул,Ватфорд и Бурнамут..се мачат со кој ќе стигнат и Венгер упорно не купува замена за Казорла туку ги игра Кокелан и Ремзи .Како и да гледаш, пак Баерн - Арсенал е најнеизвесен дуел. Никој не оспорува дека Баерн е подобра екипа, ама Арсенал не е за потценување, посебно не оваа година. Баерн до сега сезонава не покажа некое супериорно ниво, па да викаме дека ќе го згази Арсенал лесно. Во групата заврши втор и тоа во конкуренција на еден Атлетико, кој е далеку послаб од лани. Да налетаа на Барса или Реал, тешко дека и Анчелоти и било кој ќе ги спасеше. Плус реваншот се игра во Лондон, па освен ако на Алијанц не заврши 3-0 или слично, на Емирати ќе биде интересно.
Инаку Барса има да го растури ПСЖ бетер од растурена сарма. ПСЖ кога газеше во Франција пак не можеше да ја мине Барса, камоли сега кога е ослабен и не може да доминира во лига каде главни ривали му се Монако и Ница.
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Јас разбирам дека Баерн не се тоа што беа ама преквалитетни се за Арсенал кои навистина се за жалење и немаат играчи..и не знам таму дали 90 или 100 милиони потрошија претходното лето како никогаш досега и делуваат уште послаби од лани..секоја чест за Венгер ама треба да си замини