RickyLFC9
Модератор
- Член од
- 28 март 2012
- Мислења
- 19.565
- Поени од реакции
- 41.147
Сега кога се извлекоа групите за 60тата сезона од најелитното натпреварување во Европа, време е и официјално на форумов да ја започнеме дискусијата за Лигата на Шампионите. Навистина ми е чест што ја отварам темава, лично ептен сум возбуден од можноста повторно да го гледам Ливерпул во ова натпреварување, помина навистина долго време, на моја сметка еве да си кажам дека последен пат кога ги гледав бев полу-матурант, а сега веќе студент Токму затоа инсистирав да бидам тој што ќе ја отвори темава, премногу сум возбуден и едвај чекам да започне првиот натпревар на мојот омилен клуб
Оваа година, улогата на домаќин во финалето ќе ја игра Олимпискиот стадион во Берлин, Германија.
Постојат неколку промени во форматот на натпреварувањето, па еве некои од нив:
- Како главна новина за оваа сезона е тоа што клубовите кои ќе учествуваат мора да бидат во согласност со правилата на УЕФА Финансискиот Фер Плеј;
- Се разбира, своја улога во најважната споредна работа мора да има и политиката, па така Украинските и Руските фудбалски клубови не можеа да бидат извлечени во иста група;
- За крај, последната промена е правилото за поништување на жолтите картони по завршувањето на ¼ финалето, со што играчите ќе почнат “на чисто” од ½ финалето.
Актуелен шампион е Реал Мадрид. Сите го паметиме ланското финале, каде при судирот помеѓу градските ривали, Кралскиот клуб го скрши срцето на навивачите и играчите на Атлетико Мадрид со тоа што во судиското продолжение успеа да изедначи, и да го однесе натпреварот во продолжение, каде победија со 4-1. Некои за изедначувачкиот погодок велеа дека е нефер и незаслужен, меѓутоа сите знаеме дека фудбалот се игра 90 минути плус судиското продолжение, се додека не се слушне свирчето на судијата.
Македонија и натаму без претставник во ова натпреварување. Работнички испадна од финците Хелсинки во втората рунда од квалификациите. Можеби следната е наша
А еве ги и групите:

Група А: Атлетико Мадрид, Јувентус, Олимпијакос, Малме
Група Б: Реал Мадрид, Базел, Ливерпул, Лудогорец
Група Ц: Бенфика, Зенит, Баер Леверкузен, Монако
Група Д: Арсенал, Борусија Дортмунд, Галатасарај, Андерлехт
Група Е: Баерн Минхен, Манчестер Сити, ЦСКА Москва, Рома
Група Ф: Барселона, ПСЖ, Ајакс, Апоел
Група Г: Челзи, Шалке, Спортинг, Марибор
Група Х: Порто, Шахтјор, Атлетик Билбао, Бате Борисов
... The Chaaampioons!
Последно уредено: