Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А ти за тоа се фати зашто покрај ЛШ и ЛЕ сум допишал ....кај прочита ЛЕ?
- убаво си болдирал, барем да прочиташе дека Евертон и Тотенхем еднаш у 15-20 години ќе завршат топ4 (ЛШ).
Јас гледам по играта и по резултатите..во Шпанија сите знаат да играат фудбал и многу ретко се случуваат пресврти бидејќи екипите ја легнуваат топката и не паничат како селаните од Англија ....во Шпанија просечните екипи ги продаваат најдобрите играчи и следната сезона се уште поквалитетни бидејќи имаат одлични фудбалски школи покрепени со млади таленти,а во Англија ако ги продадат најдобрите играчи ќе испаднат во Чемпионшип..во Шпанија сите први 7 екипи се поквалитетни од првите 7 во Англија..додуша видовте и минатата сезона каде два од трите најдобри шпански тимој(Барселона и Атлетико) играа против најдобрите англиски тимој(Сити и Челзи) и самиот знајш како завршија натпреварите....едноставно во Шпанија играат фудбал, а во Англија ја качат топката и то е тодај еве чим толку пратиш Шпанско кажи шо толку квалитетни играчи има во тие тимови, јас еве оти не пратам ќе ти кажам дека на Валекано првотимци им се Манучо и Какута, играчи кои неможеа утакмица да добијат во ПЛ, на Гранада главен шпиц им е Рочина, играч кој беше замена во Белкбурн у Чемпионшип, на Кордоба најдобар играч им е Роси позајмен од Јуве, сите се полни со некој анонимуси од Шпанија,Аргентина или Бразил.
Тоа прашај го Ацид да провериОвај маниак да не е Nigerinparis?
кај прочита ЛЕ?
- убаво си болдирал, барем да прочиташе дека Евертон и Тотенхем еднаш у 15-20 години ќе завршат топ4 (ЛШ).
@Mad_Coko
дада Тотенхем, Евертон и сите останати Премиерлигаши се борат за врв, ама сепак на крај истите 4 до 5 екипи (од кога дојде Сити) завршуваат топ4.
ајде идеме вака во последни 10 години кој биле шампиони во Англија и Шпанија
2004 - Арсенал ; Валенсија
2005 - Челзи ; Барса
2006 - Челзи ; Барса
2007 - Јунајтед ; Реал
2008 - Јунајтед ; Реал
2009 - Јунајтед ; Барса
2010 - Челзи ; Барса
2011 - Јунајтед ; Барса
2012 - Сити ; Реал
2013 - Јунајтед ; Барса
2014 - Сити ; Атлетико
освен дуото Реал/Барса т.е. Челзи/Јунајтед во последните 11 сезони други екипи што земале титули Сити (2) и Арсенал (1) во Англија, а од Шпанија Валенсија(1) и Атлетико (1).
у право сте, повеќе екипи се борат за врвоти во Шпанија исто сите се борат за врвот .... ама не успеваат да завршат
да не дојдоа нафташите во Сити, ќе беа само Челзи/Јунајтед и Арсенал од 2004.
Кога сме кај конкуренција за ЛШ т.е. топ 4. Во топ4 во ЛаЛига во последните 10 години, завршиле:
Барселона, Реал, Атлетико, Валенсија, Депортиво, Виљареал, Севиља, Осасуна, Бетис, Билбао, Сосиедад.
тоа ти се 11 екипи. Во последни 10 години екипи што завршиле топ4 во Англија: Сити, Арсенал, Јунајтед, Челзи, Тотенхем и Ливерпул. (6 екипи)
![]()
И затоа Валенсија и Севиља у последниве 5 години на табелата шараа од 5-то до 15 место(немаа константност во формата) а Тотенхем и Евертон од 5,6,7 не мрднаа подоле (имаат константност).Севиља и Валенсија се поквалитетни од Евертон и Тотенхем ....
заборавив да дополнам за парите од тв правата.значи во Англија добивките се горе доле изедначени и земаат многу повеќе пари од било која позиција што носи опстанок (до 17) отколку да освојат ЛЕ, гледам спомнале и погоре. Џабе ризик на повреди е тоа. Подобро му се исплати шести да е во лига него седми и да освои ЛЕ. Тотенхем па поготово кој оди или на ЛШ или ништо со оглед на тоа дека има стадион за градење. Ете со Боаш па низ групите играа без Бејл па шо напраат напраат, генералниот став на англиските клубови ти го кажувам, не дека се согласувам со ова или не.
излагам сеа ќе ти вратам коа ќе можам ако реплицираш![]()
Моментално Тотенхем и Евертон имаат подобри играчи од Валенсија и Севиља, а со тврдењево дека екипи како Бетис,Алмериа,Гетафе,Елче,Валекано,Селта се подобри да речеме од Хал,Стоук,Њукасел,Свонси,Сандерленд ич не можам да се сложам, како прво од тие шпански екипи знам само по 2/3 играчи, еден асален квалитетен играч нема, за разлика од овие од Англија кои се полни со интернационалци.
Еве да ја занемариме ЕЛ, оти само шпански екипи се решени да ја освојат, евентулано португалски.Во ЛШ шпанците имаат 4 титули од кои 3 се на Барса и 1на Реал, а од англичаните имаш 3 различни освојувачи, успехот на шпанија како лига лежи на рамењата на Барселона која беше надобриот тим во последните 5 години, но тоа не ја прави лигата најдобра.
Инаку се сложувам дека ПЛ е падната по квалитет, не дека нема квалитетни играчи туку многу аматерски се водени тимовите во последно време.
Како се борат за врвот бе брат кога до пред лани разликата помеѓу вториот и третиот беше 15 бода, границата за супер тимови и просечни тимови во шпанија е под второ место, додека во ПЛ е под 4то место.Од ови што ги наброја што завршиле 3то и 4то место никој не успеал да одржи континуитет, ако не се лажам ни групи во ЛШ не минеа.Со издигнувањето на Атлетико последниве години добивте на изговор дека има конкуренција во лигата, инаку се крепевте на успесите на Барса.
барем у втора лига да не испаѓаат, не барам повеќеОкеј сеа, никој не може да одржи континуитет на освојување 4то место ко Арсенал, признаваме.![]()
А ти за тоа се фати зашто покрај ЛШ и ЛЕ сум допишал ....
Уште не ми објасни што е со синдромот во Ла Лига секоја сезона кога дебитант ке влезе у ЛШ следните 4 сезони да се бори за опстанок и да испадне ?????
Англиско Тотенхем еднаш влезе надвор од топ 5 (арсенал,сити,јунајтед,челзи и ливерпул) у ЛШ и еве го уште е при врвот. Евертон испадна у бараж за групите инаку.
За болдот : тотенхем и евертон на 15 год влагаат у ЛШ и ЛЕ !?!??!Се самоуби со постов.
Еспањол,Бетис и Депортиво се пример за екипа која еднаш влегла у ЛШ и после 15 години нигде ја нема . (последниве 2 и испаднаа од лига од што неможеа да го издржат темпото).
Иронијата да биде поголема завршуваа 4ти на места што се загарантирани за екипиве што ги наброја.
За неболдот : кога спомна се бројат титули ....
Шпанија Англија
Реал 10 Ливерпул 5
Барса 4 Манчестер 3
Нотингем форест 2
Челзи 1
Астон Вила 1
Колку усшешни екипи имала Шпанија* за 60 год а колку Англија !?!?!?
* Земи во предвид дека Барса до првата титула у 1991 нигде ги немало како фаворити
Кога сме кај конкуренција за ЛШ т.е. топ 4. Во топ4 во ЛаЛига во последните 10 години, завршиле:
Барселона, Реал, Атлетико, Валенсија, Депортиво, Виљареал, Севиља, Осасуна, Бетис, Билбао, Сосиедад.
тоа ти се 11 екипи. Во последни 10 години екипи што завршиле топ4 во Англија: Сити, Арсенал, Јунајтед, Челзи, Тотенхем и Ливерпул. (6 екипи)
![]()
Не е во интерес на екипите во Англија да играат ЛЕ затоа што и фановите и управата (финансиски) а и ФА бара акцентот да биде ставен на ПЛ, затоа и воопшто не им помагаат на екипите. Челзи за 6 дена 3 утакмици изигра пред некоја година зошто не сакаа да им одложат.
Во Шпанија плус знаат однапред дека нема шанси да се припари до врвот и одат на европските натпревари.