UEFA Champions League 2014-15

Кој ќе освои ЛШ?

  • Вкупно гласачи
    118
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.090
Извини што ви го прекинавме раатот и што во темата за ЛШ има два поста за најдобриот стрелец во историјата на натпреварувањето.
Сврти си десетина страници назад и читај „Роналдо :drk::drk:“ испишано преку 4 страни.
Чудно, за ова никој не ве пофалил на резултат 0 - 0.

Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Леле Пелегрини каков состав извади денес аууууу. :facepalm:
Агуеро и Јоветиќ напред, ај првиов океј, во страшна форма е, ама Јојо..., па во средина Милнер, најголемиот копач на сите времиња кој има 0 од креативност, а и изгледа Пелегрини има преголеми симпатии кон Навас, затоа што попрво Јаја Туре ќе го извади од состав отколку Навас.
Ужас невиден, неповрзана игра, немоќ... Милнер брате против Вест Хем и Стоук, да го ископа теренот, не у ЛШ каде ти требаат тактички добро потковани играчи. Им фали Силва премногу, факт е тоа, а денеска Јаја Туре беше пренервозен. Судијата судеше ПЕРФЕКТНО, алал да му е, одамна немам видено волку добро судење. Не наседна на ниту една провокација од играчите на Сити, бидејќи пробаа 1-2 пати да изглумат и пенал, а и им додели црвени картони баш кога требаше, значи не им прогледуваше низ прсти, што и не смееше да се случи затоа што беа чисти и двата црвени.

Сеа сакам Баерн 0-10 да ги тепа и у гз да си ги стават и нафтата и милионите што ги имаат.

Оние Бате Борисов се срам за човештвото реално, 19 гола имаат примено во 4 утакмици, по скоро 5 гола по утакмица примаат. :pos:
Порто :cool:
А Демикелис, како може упорен да е со овој стварно неми е јасно
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Мартин факинг Демикелис...на термин не би го викал со мене. :D
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Се виде од Пелегрини у Европа, уште минатата сезона, со Барса, кога на таква дупка од одбрана изигра толку пичкарски, толку без муда...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.170
Поени од реакции
107.688
А Демикелис, како може упорен да е со овој стварно неми е јасно
И него го заборавив. За него зборам уште од лани, кога го земаа од Малага. Демек у Баерн има играно, искусен е, ќе им помогне. Аха ќе им помогне, ама да примат некој гол плус на секоја утакмица. Спор е ко полжав и башка киксер е, така да самоубиство од играч е, али Пелегрини си го повлече од Малага, пошо нели и таму му беше тренер. Необјасниво е заљубен во одредени играчи како Навас, Демикелис, Милнер...
Џеко скисна на клупа цела сезона, ама битно повредениот Јоветиќ игра прва постава. Немам ништо против Јојо, али тек сеа се врати од повреда, у реду е мислам, пушти го од клупа во 60та минута, попродуктивен ќе биде.
 
Срце ме боли за Настасиќ што седи, а играј овој ради каприци на тренерот
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Епа не ги споредувам, ама не ми текнува на некои други кои со помал буџет сепак успеале да направат нешто. Муабетот е дека не направиле ништо повеќе отколку Венгер со толкав па и поголем буџет. И Венгер има освојувано и на помлади и на постари години, па тоа не гарантира ништо. Еве младоста е на Конте за да освои нешто позначајно. Сериа А во овој период е далеку од значајна, некој мора да ја освои нели. :)

Никој не оспорува што направил Гвардиола и како ја освежил екипата, немој да ми кажуваш затоа што уште на самото доаѓање во Барса првата утакмица мислам ја изгубија дома од Гимнастик или Херкулес не ми текнува точно, а јас навивав да му успее проектот. Меѓутоа Гвардиола наследи 4ца клучни играчи за историскиот успех на Барселона, а тројца од нив и на Шпанија. Капитен беше Пујол, заменици Иниеста и Чави. Тројцата заедно со Касиљас беа главни играчи за титулата на Европското на Шпанија во 2008 година, летото пред да дојде Гвардиола во Барса. И за тоа Гвардиола да не беше заслужен? Меси беше таа година најдобар стрелец и најдобар играч во Лига на Шампиони. Па немој да се лажеш дека Гвардиола го научил да игра фудбал таа 2008 година туку Гвардиола ја имал таа среќа и чест да го поседува во екипата. Тие тројца заедно со Кристиано беа најдобри во тој период и он не наследил добар тим а? Квалитетот на тој тим беше преголем. Уште памтам на тие шпекулации кои се вртеа таа сезона дека Реал го бара Иниеста за 50 милиони. Тогаш бев wtf. Одличен тренер е затоа што помогнал тоа да се укомпонира, ама не би го ставил на врвот затоа што сеуште не сум сигурен дека со послаб квалитет ќе може да постигне исто или нешто слично. Нешто што ќе се покаже подоцна каде делува малку лимитиран во дуел со други стратези. Ето беше напаѓачиште ипол тој период, најголема грешка што Барса го даде така цигански. Анри дојде таа сезона, играчиште и карактер ипол. Знаеш ли ти дека Барса уназад 3 сезони пробуваше да го купи Анри? Сигурно Гвардиола не беше најзаслужен за неговиот трансфер. Ај еве Дани Алвеш ќе го ставиме негова куповина иако не знам дали и претходно бил таксан. Внесувањето на Бускетс и Педро во прв тим е исто добар потег. Меѓутоа Гвардиола да не ги научил фудбал да играат? Што не ги научил подоцна и Бартра, Кркиќ и компанија млади кои исто така ги внел во прв тим? Школата на Барса е за тоа најзаслужна. Тоа се играчи кои освоиле европско и светско. За првото светско на Шпанија, Барса има 8 играчи во таа репрезентација, а Гвардиола од нив нема купено ниту еден или пак само еден еве. Виља? Па Виља уште на почетоците во Валенсија кога газеше јас и другарче си го сметавме за идеален играч на Реал. И ние ли сме на ниво на Гвардиола што го препознавме неговиот квалитет? Нели е тоа ултра квалитетен тим? Гвардиола да не ги водеше на Светското? Значи не е случајност тоа што тој период Шпанија освои две европски и едно светско за прв пат во својата историја. Тоа беа играчи кои беа на врв на своите кариери. Ај сеа другото, ти текнува ли дека во првата сезона ги провлекоа судии против Челзи? Во втората сезона мораше Ван Перси да добие црвен за шут после свиреж при резултат во корист на очајниот Арсенал нели? На таков тим срамота е да има провлекување со судии. На Порто на Мурињо против Манчестер да разберам, ама на Барса тешко е за разбирање.

Второто, ама ги нареди титуливе мислиш играл со кој од кој појак противник за да ги освои. Ди Матео ќе ги освоеше истите со тој тим. Реков не гледајте само бројки, гледајте и околности, ама како што гледам на темава све е субјективно, објективност нула. Мислам дека Гвардиола утре да отиде во Дортмунд, а оваа сезона да не земете Лига на Шампиони ќе го правите од гомно подоле.

Како што реков, одличен тренер, далеку од топ 3 засега па колку и статистиката да покажува поинаку. Нека дојде со овој квалитет на Арсенал и нека освои да го видам.

Еј може, еве не знам. Мислев дека повеќе е претседателот или некој директор во контакт со Мендеш па они им ги вршат трансферите. Ако бира он тим тогаш уште боље за него. Ама Облак лошо го одбрал, па и тој Хименез. :D

Може, ќе видиме. Тоа имаше повеќе ми значи дека имаше таква јака генерација и освои. Може требаше и Лига на Шампиони да земе тогаш, па нека биде тоа една црна дамка. А потоа немаше услови да направи таква јака екипа. Имаше услови да направи само екипа за топ 4 во Англија и за некоја константност во Европа. Нели скаутинг системот се усовршил, менаџерите станале попаметни, агентите поалчни, па ако на времето за некој талент од Франција или Џибути знаел само Венгер, сега знаат сите менаџери, а згора на тоа тој талент си има и агент. Е сега почнувајќи од лани веќе имаме услови да создаде Венгер екипа за титули и ќе се види дали уште има или ќе биде стварно "имаше". Ако не направи ништо тогаш слободно нека се качи на некоја друга функција.

Ти мешаш поими многу,и затоа излегуваш со вака смешни констатации,и затоа ќе се обидам да ти објаснам некако....

Прво што мораш да разликуваш е меѓу тоа да знаеш да играш фудбал индивидуално и колективно.

И Сити играчите индивидуално се страшни,со огромен фудбалски квалитет па се колективно невидени дрва и камења поготово во ЛШ..Со овој пример се надевам дека ти е појасно малце за да сфатиш дека Гвардиола Иниеста Бускец и компанаија не ги научил индивидуално да играат фудбал,никој тренер тоа не го прави.....

Ако го праеше тоа ќе најдев број некако да ме земе и мене да ме научи,ама од мене и Господ не прави добар фудбалер....

Умешноста кај тренерот е најпрво да го препознае тој квалитет кај играчот,и да знае како да го вклопи во екипата,со што ќе го извади неговиот максимум во комбинација со другите играчи....Види ја само разликата кај Барселона пред и после Гвардиола со скоро истите играчи и те молам кажи ми што имаш воочено.

И нормално дека без квалитетни играчи нема титули....Зарем мислиш ти дека и Мурињо на пример со Тиверија ќе освои ЛШ?? Или пак Гвардиола....У која екипа отишле они па да имало за нигде играчи??? И во Порто Мурињо имаше страшно квалитетни играчи само што светската јавност не ги знаеше,али затоа бил он да го препознае тој квалитет....Кажи ми сеа Мурињо да не ќе отиде случајно у Елче да ги тренира и да освои ЛШ??Не се праи наивен со сила.....

Поентата ми е дека конкретно и двајцата се страшно добри тренери со различен стил на фудбал кои на база на своите успеси имаат изградено реноме во фудбалот и доста со глупите муабети ама да отиде он во Болоња да го видам дали ќе успее...??

ПА НЕМА ДА УСПЕЕ НОРМАЛНО,што очекуваш ЛШ да освои,сигурно дека ќе им го крене нивотот до кај што се може,ама кај што и господ не помага Гвардиола или Мурињо сигурно нема.

Фората е што они немора тоа да го праат,се докажале и превише и сега работата на база на тој успех и како што јас гледам констатно се успешни....

И на Манчини му дадоа 200 милиони на располагање за трансфери па што не направи екипиште ако така било лесно тоа??
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358

многу го мешаат ова, пред и после Пеп. Највеќе фановите на Барселона и човек да помисли дека Пеп е поголем и од Барса.
едноставно, јасно му беше на Пеп дека повеќе нема да ја има истата генерација во Барселона и дека многу тешко ќе го повтори успехот. Затоа и си замина, со други зборови го напушти бродот што тоне. Не верувам дека денес Барселона ќе биде нешто поуспешна со Пеп како тренер.
прво, Барселона неможе да биде иста со онаа од 2011, кога го нема Пујол, играч што беше прав лидер, фајтер и мотиватор. Кој може да го замени од Матје, Бартра и Пике? Исто таков беше и Ајала, памтам само незнам кој точно имаше изјавено дека и играч од Терсера дивизион покрај Ајала би изгледал како врвен играч. Затоа и кловнот Пике покрај Пујол изгледаше како играчиште.
Дани Алвес секоја година се повеќе и повеќе паѓа во форма. Кеита беше еден од клучните играчи на Барселона, одличен играч што и ден денес може да игра во Барселона.
го нема ни стариот добар Виља во Барселона, може Нејмар да биде нов Пеле или што ти знам, ќе видиме за Суарез, али Виља си имаше во него доза на безобразност и кога тика-таката неможеше да помине Виља знаеше да распали надвор од 16 и да реши утакмица (против Манчестер, Реал итн.).
Иниеста 30ка има, Чави е пред крај на кариера...
итн.
 
Тотално се слагам,и баш заради тоа мислам дека една од главните причини поради кои Пеп си отишол од Барса е конфликтот со управата да продаде играчи ко Пике,Алвеш,да го освежи тимот и да го направи пак гладен за титули...
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
Мурињо исто си отиде од Интер бидејќи знаеше дека таа генерација никогаш немаше да ја има иста, бидејќи мотивацијата никогаш немаше да можат да си ја повратат старите играчи на Интер.

Интер исто немаше да биде којзнае колку подобар тим моментално под водство на Мурињо.

Just sayin.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Па добро, сигурно немаше да изгуби 4-1 дома од Каљари или да изгуби од мртвата Парма 2-0. За другото се слагам у потпуност.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom