UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.090
Пишав назад дека не го заслужуваат Миланезите ова....
а барселона со крајно дебилен пенал го заслужи тоа ? И тоа пенал во клучните моменти од натпреварот ....
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.997
Kaко еден еве не го искритикува судијата што после стартот на Антонини за првиот пенал не му даде црвен туку жолт ? Во стопостотна шанса е Меси, старт од зад грб, без око да му трепне можеше црвен да даде. Aма нема ни дискусија за истово, тоа е најинтересното, исто како во темата за Премиер Лигата кога ќе свирнат нешто во полза на Јунајтед 50 страни се полни, кога ќе свирнат контра или нема да свирнат нешто очигледно никому ништо.

Нема ни дискусија за тоа, исто како за пеналот на Санчез на првиот натпревар, се тоа се заборава. Шо се однесува до вториот пенал, имаше влечење, не сум баш најсигурен дека е пенал, но севкупно Барса заслужено иде даље. Со Челзи не би требало да има проблеми, за финале би сакал да е Баерн, па на Алијанц да глеаме спектакл.
Тешко дека со Баерн би гледале спектакл. Подобро со Реал да биде барем се знаат, ќе има тепачки и сл. Баерн нема и нормална задна дефанзивна линија, а камоли да знаат целосно, тимски да се постават за да се бранат против Барса. Можно е тоа да биде катастрофа за Баерн и од тој аспект подобро да не одат во финале али затоа јас мислам и сакам финале да биде Челзи-Баерн/Реал. Е дури тогаш можи да се надеваме на сепктакл. Веќе дојдовме до ситуација кога за утакмица во која игра Барса не може да се очекува ништо поразлично од тоа да таа постојано напаѓа како бескраен, пасивен напад во ракомет при што се обидуваат да поентираат од пикер или пенал, а не од бек,што е убавината на фудбалот и мелем за очи за гледачите. За убав фудбал/утакмица/финале треба два слични противници и пожелно противници СО МАНИ кои другиот ќе сака и можи да ги искористи. Барса ти е како супермоќен компјутер кој игра шах против човек. Може да изгуби само ако снема струја :pos:
 
L

Löwe

Гостин
Вака сега, едно мислење од мене.
Во 1/2 финале Челзи вс Барса, на Барса богами многу многу тешко ќе и биде ако цела дефанзивна линија е здрава. Цела дефанзива која беше очајна под водство на АВБ, сега со Ди Матео е препородена. Тери, Давид Луиз, Кејхил се во неверојатна форма, не оставаат пиле да прелета, за Бане да не прајме муабет, тој освен што нема да остави никој по таа десна страна тој може и натпревар да реши. Единствено со Ешли Кол не се знае, може тој да биде дупка некогаш. А Чех на последниве неколку утакмици и те како покажува дека е во одлична форма. Така да Барса на Челзи многу тешко ќе биде да му дај гол.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не е работата дека Милан имал 10 % посед на топка,туку дека вкупно само 3 шута....Значи не е работата да имаш посед,туку со тој посед да креираш шанси,како што тоа го прави Барса....
Абе Барса фанови, толку ли не сте погледнале еден друг тим во животот?

Озбилно, ве читам тука и ми изгледа како на Livescore да ги следите натпреварите и затоа цело време тие статистики ви се битни.
Колку шута на гол имаше Милан вчера? Еден.

Колку гола даде? Еден. Да имаше два шута, според тие статистики, два гола ќе дадеше?

На тим како Милан, со Ибра во него, не му се потребни 15.000 подавања и 250 шута за да даде еден гол, ако вас така ве учел Пеп, не значи дека само тоа е начинот на кој се игра фудбал.
Барселона ги има најдобрите фудбалери на светот, тоа е факт, затоа никој друг тим не може да игра со нив и да си ги мери шансите или додавањата. Иде на нерешено дома и потоа на 1-1 на гости.

Милан тоа го направи, еден кикс на вашата одбрана требаше и мала несебичност од Ибрахимович (прв или втор комплетиран пас на мечот му беше) и Милан ги шокираа Барселона. Дотогаш немаа ниеден шут.

Зашто фудбалот е фудбал, а статистика се учи на Економски Факултет.
За пеналот не дискутирам овде, зашто тоа било и поминало. Ама да ви биде едно нешто јасно:

Со тоа што дискутирате дека Милан има 20% посед, 1 шут на гол и слично, индиректно признавате дека пеналот беше глупост.
--- надополнето: 4 април 2012 во 09:21 ---
Пишав назад дека не го заслужуваат Миланезите ова....и уште стојам на тоа. Зашто? Просто и едноставно во кратки црти....

Милан, со ваква игра, со 3 шута кон голот, наспроти 21 на Барселона и шансите што ги направија двете екипи...со играта што ја прикажа Милан како на првиот дуел, така и на реваншот....не заслужија да примат 2 гола од пенали. Требаше да им акнат 5 без ни еден пенал. Тоа што Барселона има проблем со нападот е сосем друго.

Јасно ми е дека ви е на пик Барса и на секој пенал јадете бубрези али дај малце реално. Секоја година ја оспорувате Барселона и нејзиниот фудбал заради вакви работи. Не го заслужува Барса тоа. Зашто? Затоа што 5ТИ ПАТ ПО РЕД е во полуфинале. 5!!! Никој не го коментира ова.

Што направи Милан и Алегри за да идат понатака? Зарем Алегри мислеше дека 180 минути ќе ја чека Барселона на контри?? Не заслужија 2 пенала, пак ќе кажам, заслужија многу повеќе чисти голови во нивната мрежа со нивната мизерна игра. факт.

Мерак ми е што идеме даље, али не и на ваков начин. Мерак ќе ми беше петарда да им фукнат, затоа што само тоа го заслужија.

пс. Пато, Пато.....
Еве уште еден економиста - заслужија 25 гола, ама немаше кој да ги даде од вас. Ако идеме по твој памет, ајде да им ја даваме титулата на Барса однапред, зашто јас ти тврдам дека СЕКОЈА утакмица ќе имаат доминантен посед и повеќе шанси од противникот.

Сега што нема да ја тепаат секоја утакмица, тоа е друг муабет...
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.443
Поени од реакции
5.569
Gvardiola tvrdi da je bio penal, slika ga demantuje...

Osnovno pitanje koje se postavlja je da li je sudija Kujpers prekršio pravila igre. Po onome što se vidi na snimku i što je potvrdio Alesandro Nesta, on jeste vukao Busketsa, ali je prethodno sam bio povučen od Pujola.

Slika madridskog lista "As" pokazuje šta je "skrivio" arbitar.

Naime, dok se sve dešavalo, lopta nije bila u igri, pa je trebalo da zaustavi izvođenje kornera i upozori igrače koji su učestvovali u ovim situacijama pred golom Abijatija
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
И пак, и пак...никој, ама никој не спомна дека Барселона беше оштетена во Милано, како слеп за стап се фаќате за овој пенал.
Кога ќе се досуди нешто против Барселона тогаш сите замижувате. Чист пенал (може и 2), за Барселона во Милано, и тоа влијае на резултатот. Што значи грешките се 50-50. Значи судиите прават грешки и за и против Барселона.
http://www.sbnation.com/soccer/2012...score-update-champions-league-sanchez-penalty
http://soccernews.bigsoccer.com/article/02tT07A6ja2nh
http://www.football-news.org.uk/foo...esult-ac.milan-standing-firm-in-san-siro.html
http://uk.eurosport.yahoo.com/29032012/58/champions-league-defiant-milan-hold-barcelona.html
http://www.mirrorfootball.co.uk/match-centre/AC-Milan-vs-Barcelona-article879124.html
http://www.telegraph.co.uk/sport/fo...1812/AC-Milan-v-Barcelona-as-it-happened.html
(6 различни извори - главно британски, кои потврдуваат дека имаше пенал за Барса во Милано).
Ама пак ќе кажам, заради вашата заслепеност, исфрустрираност, не можете да бидете објективни. Со самото ова што го напишав погоре, паѓаат во вода сите теории
дека:
Судиите секогаш судат за Барселона
Барселона е помогната од УЕФА.
За сите објективни ова е смешно. Тоа постои само во главите на тие што не размислуваат со ладна глава и што се водени од емоциите
 
Не мора да значи дека им паѓаат во вода, бидејќи при 0-0 на Сан Сиро Барса немаше негативен резултат. Тоа е она што го зборат другите, а дали е вистина или плод на имагинација, не можеме да знаеме.

Можеби на 0-1 за Милан, тоа ќе беше пенал. Just saying.... : )
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Барселона заслужи да оди понатаму од причина што Милан не изигра ништо во првата утакмица дома каде што се испуцуваше топката колку што можи повисоко од нивниот 16-тник, но она вчера беше бламажа и кражба на судијата. Сомнителен прв пенал во 11-та минута, непостоечки пенал во круцијални моменти кога се крши резултат. Ако веќе го имаше тој блесав критериум судијата можеше со мирно срце да го свирни и падот на Ибрахимовиќ во второто на 2-1 за Барса.
Како неутрален во случајов од причина што немам некој омилен тим во овие во четврт финале и посакувам финале Реал - Барса, но она беше кражба од страна на судијата и Милан е драстично оштетен.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.983
Поени од реакции
74.034

Како бе сомнителен прв пенал?
Па го искина, при чиста гол-шанса.
Почист пенал немаше од тој.
Требаше и чист црвен да јаде Неста, по сите правила.

Втор пенал за Барса немаше, не беше ни сомнителна ситуацијата...
Немаше ни пенал за Ибра, али можеше да компензира за претходната одлука со тоа што ќе им дадеше и на нив непостоечки пенал.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Не мора да значи дека им паѓаат во вода, бидејќи при 0-0 на Сан Сиро Барса немаше негативен резултат. Тоа е она што го зборат другите, а дали е вистина или плод на имагинација, не можеме да знаеме.

Можеби на 0-1 за Милан, тоа ќе беше пенал. Just saying.... : )
Епа тоа е работата бе брат...можеби...можеби...што би било кога би било.
Имаше пенал тогаш..имаше..што е битно колку е резултатот?
Имаше сомнителен пенал за Барса, имаше...што е битно колку е резултатот?
Ако размислуваме така, што ќе беше ако беше 0 - 1 на првиот натпревар при досуден пенал за Барселона? Тоа е се во доменот на
рекла казала, нема ама баш никаква вредност.
Размислувањата од типот, не судел пенал зашто беше 0 0 или судел пенал зашто беше 1 1, се чиста шпекулација,
зборување на празно од луѓе на кои во недостиг на какви било докази, мора да најдат нешто за кое ќе се расправаат.
Непобитен факт е дека грешките на судиите во овој двомеч се 50 - 50.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Како бе сомнителен прв пенал?
Па го искина, при чиста гол-шанса.
Почист пенал немаше од тој.
Требаше и чист црвен да јаде Неста, по сите правила.

Втор пенал за Барса немаше, не беше ни сомнителна ситуацијата...
Немаше ни пенал за Ибра, али можеше да компензира за претходната одлука со тоа што ќе им дадеше и на нив непостоечки пенал.
Имаше прекршок ама Меси го намести Антонини, Неста не беше ниту блиску до Меси во таа ситуација за да добие црвен картон :confused: . Антонини направи клизачи старт да ја исфрли топката и ги собра нозете да не го фаулира Меси кога виде дека Меси веќе ја има во нозете и не може да ја исфрли, тука Меси наместо да го избегне стартот му се поднамести и тргна напред во моментот кога го допре Антонини за да изнуди пенал.
Не знам дали има некаде видео, но јас така ја преценив ситуацијата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.983
Поени од реакции
74.034
Имаше прекршок ама Меси го намести Антонини, Неста не беше ниту блиску до Меси во таа ситуација за да добие црвен картон :confused: . Антонини направи клизачи старт да ја исфрли топката и ги собра нозете да не го фаулира Меси кога виде дека Меси веќе ја има во нозете и не може да ја исфрли, тука Меси наместо да го избегне стартот му се поднамести и тргна напред во моментот кога го допре Антонини за да изнуди пенал.
Не знам дали има некаде видео, но јас така ја преценив ситуацијата.
Кој и да стартуваше, (не ми текнува точно, затоа и напишав Неста) направи глуп старт.
Клизна, мислиш клиза на пола од терен а не во шеснаесетникот.
Меси можеше и претходно да тргне и да даде гол, ама кога веќе остана во таа позиција, беше практично срушен сам пред гол.
По сите правила е црвен картон, без разлика дали можел да го избегне или не, битно беше оневозможен да даде гол кога пред него немаше одбранбен играч на противничкиот тим.
Нема никаква сомнителност во тој пенал...
 
Z

zmej gorjanin

Да само што Меси почна да паѓа уште пред да има контакт, а па кога го допре асално лупна на земја. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom