UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.
А кога се игра во Загреб? И колку што знам може да биде во свечена ложа, да не биде на клупа, ама да дојде ..

Првата се игра во Загреб, на 14ти септември, сигурно ќе дојде само нема да биде на клупата.
 
300097_10150779359430644_337325995643_20898878_1386622_n.jpg


A: Сите 4 екипи се квалитетни и имаат шанси за првите две места,според мене во блага предност се Баерн и Манчестер Сити..
B: Интер е фаворит за 1вото место,за 2ро ке се борат ЛИЛ и ЦСКА Москва.
C: Манчестер Јунајтед и Бенфика најголеми фаворити за првите две места.
D: Реал е фаворит за 1вото место,за 2ро мала предност на Лион пред Ајакс.
E: Челзи и Валенсија фаворити во групава,а има шанси и Баер Леверкузен да изненади..
F: Арсенал и еден од Марсеј / Борусија Дортмунд поминуваат понатака..
G: Најтапа група.. Фаворити се Порто и Шахтјор,а има шанси да изненади и Зенит..
H: Во оваа група веќе се познати првите две места,Барселона и Милан..
 
Кој Виљареал бре? Оној што едвај го победи Оденсе? Што беше очаен на првиот натпревар и што за малку не прими гол при 2:0 кој го носеше надвор?

Го продадоа Казорла кој им беше моторот на екипата, во група со Сити и Баерн едноставно Виљареал нема шанси иако е изедначена групата се знае кои два тима од таа група ќе идат натаму, Баерн и Сити.
 
300097_10150779359430644_337325995643_20898878_1386622_n.jpg


A: Сите 4 екипи се квалитетни и имаат шанси за првите две места,според мене во блага предност се Баерн и Манчестер Сити..
B: Интер е фаворит за 1вото место,за 2ро ке се борат ЛИЛ и ЦСКА Москва.
C: Манчестер Јунајтед и Бенфика најголеми фаворити за првите две места.
D: Реал е фаворит за 1вото место,за 2ро мала предност на Лион пред Ајакс.
E: Челзи и Валенсија фаворити во групава,а има шанси и Баер Леверкузен да изненади..
F: Арсенал и еден од Марсеј / Борусија Дортмунд поминуваат понатака..
G: Најтапа група.. Фаворити се Порто и Шахтјор,а има шанси да изненади и Зенит..
H: Во оваа група веќе се познати првите две места,Барселона и Милан..
Зашто Г тапа група?
Се се тоа јаки екипи,може не се звучни имиња,но ќе биде интересно да се гледа таа група.Доста изиденачена,Шахтјор,Зенит и Порто се јаки екипи.АПОЕЛ реално е послаб,но тие од Кипар знаеле секогаш да откинат некој важен бод.Ќе биде доста интересно.


А - Баерн би требало тука да е прв,но Сити има мегатим.Е сега тоа што се прв пат во ЛШ им е слаба страна,но верувам дека ќе изиграат јако.Виљареал,лани ок,ништо посебно,оваа година уште послаби.Наполи ќе видиме,но од нив очекувам трето место.

Б - Нема многу звучни имиња тука,но е доста добра група.Интер би требало да заврши прв,но ЦСКА и Лил се јаки екипи не се случајно шампиони на Франција и Русија.Трабзон една од потешките екипи во четвртиот шешир.

Ц - Е ова е тапа група.Манчестер ќе се прошета низ нејзе,Бенфика би требало да нема проблеми да е втора.Ќе има интересна борба за трето место.Басел е појак,но со БАТЕ најслаб од цел трет шешир.Отеул е шампион на Романија,не е тоа некоај лева екипа залутана тука,ќе биде интересно за трето место.

Д- Реал зациментиран на врвот.Лион би требало да е втор.Реално јака екипа,но не е тоа што беше пред 2-3 години.Ајакс е подобар од Динамо,но не е екипа со која не може да се игра.Динамо би требало задњи да заврши,но сепак може да биде мина,да заебе и да откине бодови и на Ајакс и на Лион.

Е - Интересна група.Челзи е најјак,Валенсија ослабена,но пак има добра екипа.Баер завршуваат задњи,во тоа сум сигурен,Генк трет.

Ф - Тука каков е Арсенал во последно време може и да испадне.Дортмунд се јака екипа,многу ми се свиѓа како играат може да ги исплескаат сите во групата.Олимпијакос се секогаш во ЛШ,не се вчерашна екипа може да ги загорзат сите.Марсеј ми делува најјак тука.

Х - Тука се знае се,Барса и Милан идат даље.Борба за трето место ќе биде доста интересна БАТЕ со Викторија Плзен.Чесите го избација Копенхаген,во Чешка газат,очекувам да бидат пред БАТЕ.Белорусиве никогаш не ми се свиѓале,ич не ги сакам.Нивна предност е што имаат каде каде поголемо Европско искуство,сепак Викторија прв пат игра некое европско натпреварување.
 
А: Сити и Баерн
Б: Интер и ЦСКА
Ц: МанЈун и Бенфика
Д: Лион и Реал
Е: Челзи и Валенсија
Ф: Дортмунд и Марсеј
Г: Шахтар и Порто

Можни изненадувања се:
Наполи ИЛИ Виљареал(не можат и 2те одеднаш) во А групата.
Ајакс во Д група.
Арсенал во Ф група.
 
Првото коло сезонава се игра на 13ти и 14ти септември..
На 13ти се игра Барса-Милан,а исто интересни натпревари ке бидат и Дортмунд-Арсенал и Челзи-Леверкузен. Првата 100% оди на Канал 5 :)
На 14ти најинтересн дуел според мене е Сити-Наполи (кога би се прашувал јас таа би ја пренесувал) мада не би ме чудело Канал 5 да ја даваат Динамо-Реал Мадрид :D
 
Интересна ждрепка,мада од сите групи се знаат првите 2 места освен во групата А( Сити и Бајерн) ...
 
Преносите од првото коло се повеќе од јасни кои би требало да бидат :

13ти септември
Барселона - Милан
Дортмунд - Арсенал

14ти септември
Бенфика - Манчестер (едина шанса да се пренесува манчестер во групата е дуел со бенфика)
Манчестер Сити - Наполи

Ама воопшто немa да ме изненади најава да видам на Канал 5 , со бомбастичниот глас на Златко Андоновски за Динамо - Реал :

" Последен пат кога играа во Лига Шампиони беа Кроацијааа , по долги години пост се враќаат на голема врата . Ќе успее ли Специјaлниот од трибините на Максимир успешно да диригира со Кралскиот клуб и да го однесе до 3 бода . Не пропуштајте , само на Канал пет .. "
 
Молете се Пандев да си оди од Интер, а и од кај знаете, и Тричковски е стартер за Апоел, џабе правите комбинации кога гарант со ова ќе не поебат, т.е. ќе Ве ако Пандев остане во Интер зашто мене на пример тоа би ми одговарало.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom