UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Какви муабети, се фатија за пасовите на Барса, демек лесно било тоа што тие го праат, очигледно некој тука нема 1 малска утакмица изиграно и мисли дека само пасовите ја прават играта на Барса.

Тотал фудбалот прво не се само пасовите, пасовите се само еден дел во тој процес.
Здравје кога ќе излезете да играте некоја малска утакмица, пробајте да избројте колку паса ќе сфрзе вашиот тим, ако се над 100... ќе ве частам што сакате.

Огромниот број на пасови кај Барса само допринесе таа да биде најефикасната екипа во последните неколку години, да има скоро 3 гола просек по утакмица, да биде екипата со најмалце примени гола а воедно и со најмалце порази во топ 5-те лиги од 2008 па наваму.

Арсенал имаше екипиште и играше страшен фудбал, посебно сезоната без пораз, само штета што тој состав остана само со 2 значајни титули и без титула у ЛШ.

Сезонава Реал за мене игра топ фудбал за око, иако често знаат да бидат пре груби у играта, не само со Барса туку и со други екипи, и тоа е тоа што не ми се допаѓа кај нив, у другите делови се одлични. Само после Мур незнам каква ќе им биде играта.

Разликата помеѓу 80% од големите клубови и Барса е тоа што останатите тимови како ги мењаваат тренерите така тимот добива нова формација, нова филозофија, нова душа. Тоа кај Барса у последиве 20 и кусир години го нема, нормално дека има мали промени но ни од далеку драстични како останатите гиганти во фудбалот.
Имаат и си тераат единствена филозофија и ниеден тренер нема тоа да го наруши.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
794
Поени од реакции
633
Ајде ајде.. догодина поише. Како иначе Лига Европа ке беше интересна :)
Треба на Англичаниве да им се отвори 5то место во ЛШ :cool:
Еднаш им се отвори не ја искористија шансата доста им беше ;)
--- надополнето: 8 март 2012 во 23:23 ---

@Bobi777
Разликата помеѓу 80% од големите клубови и Барса е тоа што останатите тимови како ги мењаваат тренерите така тимот добива нова формација, нова филозофија, нова душа. Тоа кај Барса у последиве 20 и кусир години го нема, нормално дека има мали промени но ни од далеку драстични како останатите гиганти во фудбалот.
Имаат и си тераат единствена филозофија и ниеден тренер нема тоа да го наруши.[/quote]

Си ги гледал Барселона од 2005та уназад? Со Роналдињо кога играа имаа иста филозофија како сега?Ривалдо и Стоичков кога им беа лидери иста филозофија имаа како сега? значи јас до тука негде се сеќавам и сум читал ама ова дека у последните 20 години Барса ја игра истата игра не држи вода.
Оваа Барса што ја гледаме денес негде почна да го игра тој фудбал со доаѓањето на Гвардиола и имплементирањето на толку многу играчи од школата на Барса бидејќи уште од најмали нозе тие се учени на таков начин на игра.

Да се надоврзам за темата за тотален фудбал.
Тотал фудбал не е пимплање и бескрајно додавање, тотален фудбал е нешто како покривање на повеќе позиции на теренот од повеќе играчи, односно смена на позициите на играчите во текот на натпреварот така што на противникот ќе му биде многу тешко да чува и следи еден играч.
И сега не ме фаќајте за збор ама се мислам дека дечкото погоре е во право, и дека Ајакс е еден од основоположниците на тоталниот фудбал.
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
За прв пат „тотал фудбал„ почна да го имплементира Ринус Михелс од Холандија(1970-1980).Играта како што кажа погоре членот се базира врз основа на тотално менување на позициите од страна на играчите(никој играч нема дефинирана и фиксирана позиција освен голманот,напаѓачот можи да игра одбрана а одбрамбениот напаѓач и слично).Од друга страна е многу захтевен фудбал,бидејќи бара премногу технички подготвена екипа.Со овој начин на игра Холандија играше две финалиња на светските првенства во 1974 и 1978(против Аргентина и против Германија-но ги загуби и двете финалиња).Темелите на ваквиот начин на игра доаѓаат од Холандскиот Ајакс,кој своевремено беше еден од најдобрите клубови во Европа(поготово седумдесетите години).Сличен начин на игра е имплементиран во Барселона со доаѓањето на Јохан Кројф и неговото назначување за тренер на Барселона(деведесетите години).Ако некој се сеќава од 1990-1994 Барселона беше фудбалска велесила(две финалиња во ЛШ),потоа две финалиња запоред играше Ајакс(1994-95 и1995-96) доволно говори колку успешен начин на игра представува тоталниот фудбал.Барселона од 1990 нагоре го негува тој начин на игра(пад во играта имаше од 1998 до 2003 т.е до доаѓањето на Франк Рајкард-кога повторно заживи тоталниот фудбал).Исто така,Холандија на светското првенство во Франција играше сличен стил на игра(тогаш селектор беше Хидинк) и Европското 2000(тренер беше Рајкард) и на двете големи натпреварувања Холандија беше совладана во полуфиналињата несреќно,бидејќи ако некој се секава играчки беа подобри и од Бразил а и од Италија(и од двете загубија на пенали).
Овој тотал фудбал моментално на Гуардиола мислам дека е досега најперфектниот тотал фудбал што некогаш сум го гледал.

П.С:Опростите за офф топик
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Еднаш им се отвори не ја искористија шансата доста им беше ;)
--- надополнето: 8 март 2012 во 23:23 ---

Си ги гледал Барселона од 2005та уназад? Со Роналдињо кога играа имаа иста филозофија како сега?Ривалдо и Стоичков кога им беа лидери иста филозофија имаа како сега? значи јас до тука негде се сеќавам и сум читал ама ова дека у последните 20 години Барса ја игра истата игра не држи вода.
Оваа Барса што ја гледаме денес негде почна да го игра тој фудбал со доаѓањето на Гвардиола и имплементирањето на толку многу играчи од школата на Барса бидејќи уште од најмали нозе тие се учени на таков начин на игра.


Од 98-ма дали 30 утакмици имам пропуштено.

Филозофијата и со Роналдињо и со Ривалдо и со Стоичков е скроз иста, а играта доста слична.

Гвардиола само го продолжи, имплементираше и усоврши тоа што го започна Кројф.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
794
Поени од реакции
633
Немој да ми кажуваш дека наоѓаш некои сличности во играта што ја имаше Барселона со Рајкард и онаа сега? ама сериозно правиме муабет со бекови како олегер со дефанизвен везњак како едмилсон со крило како жили и напаѓач како ларсон барса НЕ го играше овој фудбал од сега. Разликата е огромна брат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Одврт - заврт Барса е тема на муабет. Дај да пишам наслов фан клуб Барса no.2 И после никако никој не бил опседнат со Барса, не, не :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Аман бе Меси бе, аман Барса! Па уште и го игра цел натпревар, им се изживува тука на германцине ко на мали деца. Мислам, ги мразам ептен, Меси посебно, ама шо се јаки, јаки упм :нинџ:. Дај нека изиграат одма финале со Реал да се знае еднаш засекогаш кој е кој. Се другово нека играат за пласман од 3-то до 8-мо место. И Апоел бе :facepalm:. Се убо за нивните навивачи, за нашиот Тричковски, ама па и сега замислете ситуација Барса паѓа со Апоел и ги елиминира со вкупен резултат 12-0 да речеме. Со Баер 10-2. 1/2 со Базел 8-1 и финале со Наполи 4-1. И каква тежина ќе има после таа титула на Барса? И тоа е ЛШ? Абе ајде...заеби ти изненадувања, мали екипи, големи успеси. Ако гледаме како вљубеници во фудбалот и ЛШ ние ги сакаме Милан, Јуве, Интер, Манчестер, Арсенал, Ливерпул, Барса, Реал, Валенсија, Баерн, Дортмунд....u know what i mean...:place:
А кој им е крив на Јуве шо местеа, Интер шо незнаат кај тераат годинава, Арсенал првата утакмица ги претепуваат, ко со мали деца си играат, Манчестер е исфрлен од страшно глупи противници, Ливерупул последниве 3-4 години се мизерија, Валенсија си ги продаваат сите играчи кои што им се јаки, Баерн се испокарани меѓу себе, мислиш војна ќе избие у соблекувална, а Дортмунд од 2-0 против Марсеј губи 3-2?
И колку сакате вие плукајте и по Реал и по Барса, ама тие две екипи моментално се 2 нивоа над другите и освен ако како лани не се паднат порано меѓу себе, тоа е финалето годинава.
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Немој да ми кажуваш дека наоѓаш некои сличности во играта што ја имаше Барселона со Рајкард и онаа сега? ама сериозно правиме муабет со бекови како олегер со дефанизвен везњак како едмилсон со крило како жили и напаѓач како ларсон барса НЕ го играше овој фудбал од сега. Разликата е огромна брат.
Играчкиот кадар на тогашната Барселона неможе да се спореди со сегашнава.Начинот на пристап во играта беше исти(долги и изградени напади исполнети со многу прецизни пасови...формациската поставеност беше иста,нон стоп напаѓање,бековските крила беа секогаш во напад,бековите во центарот на теренот,триаголниците и слично, само разликата е во класата на играчи и нивните технички можности да го играат тој стил на игра,другото е се исто).
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Немој да ми кажуваш дека наоѓаш некои сличности во играта што ја имаше Барселона со Рајкард и онаа сега? ама сериозно правиме муабет со бекови како олегер со дефанизвен везњак како едмилсон со крило како жили и напаѓач како ларсон барса НЕ го играше овој фудбал од сега. Разликата е огромна брат.
Играта е многу слична, формацијата исто е таа, само така ти се чини заради различноста на доста фудбалери во самата нивна игра од тогаш и сега. Мислам на нивните предиспозиции во играта и нивната фудбалска техника.
Нормално дека играта не може на око да ти изгледа копија од тогаш.

Освен што доста играчи се различни во поглед на нивната игра и техника, доста и се многу слични.

Пример земи спореди го Едмилсон со Бускетс, многу сличности, како физички така и технички.
Иста работа извршуваат на терен, и двајцата се одлични дефанзивни средњаци, и двајцата знаат да се снајда кога е густо, не паничат, и двајцата знаат да изнесат топка и да дадат добар пас, само што едниов ( Бускетс е нешто подобар во скоро сите тие работи), а и двајцата знаат да играат како стопери по потреба.

Има тука многу да се збори и полемизира, само да не ги труеме сите, да не ја ебеме темава, почнаа да не караат :), ако имаш нешто за што сакаш да продолжиме да дискутираме... повели на профил.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
794
Поени од реакции
633
Затеравме малце али нема врска :)
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Аман бе Меси бе, аман Барса! Па уште и го игра цел натпревар, им се изживува тука на германцине ко на мали деца. Мислам, ги мразам ептен, Меси посебно, ама шо се јаки, јаки упм :нинџ:. Дај нека изиграат одма финале со Реал да се знае еднаш засекогаш кој е кој. Се другово нека играат за пласман од 3-то до 8-мо место. И Апоел бе :facepalm:. Се убо за нивните навивачи, за нашиот Тричковски, ама па и сега замислете ситуација Барса паѓа со Апоел и ги елиминира со вкупен резултат 12-0 да речеме. Со Баер 10-2. 1/2 со Базел 8-1 и финале со Наполи 4-1. И каква тежина ќе има после таа титула на Барса? И тоа е ЛШ? Абе ајде...заеби ти изненадувања, мали екипи, големи успеси. Ако гледаме како вљубеници во фудбалот и ЛШ ние ги сакаме Милан, Јуве, Интер, Манчестер, Арсенал, Ливерпул, Барса, Реал, Валенсија, Баерн, Дортмунд....u know what i mean...:place:
И јас ги сакам екипите што ги напиша ти,за да биде многу поинтересно,но и без тие може,нека биде Барса пак шампион и со Миравци нека игра финале ако треба....Тежина ќе има исто каква што имаат сите титули тежина.А и ти би сакал да го видиш твојот тим во оваа фаза да игра,макар да е тоа и со апоел,бешикташ,партизан....Што му се криви другите тимови на вас кога твојот Манчестер ни во Европа лига’ нема да стигне далеку а не пак во ЛШ.Eдноставно тие мали екипи беа подобри од големите и си поминаа фер и заслужено понатаму...


и јас со другарите можам да играм тотал фудбал ( ќе напраиме над 500 паса и играме тотал фудбал ) .. Како и да е ...
Не еработата само да правиш голем број на пасови,туку со таа игра да постигнеш нешто т.е. гол,а тоа Барса го прави и тоа многу добро...


Тотал фудбал не е пимплање и бескрајно додавање, тотален фудбал е нешто како покривање на повеќе позиции на теренот од повеќе играчи, односно смена на позициите на играчите во текот на натпреварот така што на противникот ќе му биде многу тешко да чува и следи еден играч.
За ова си во право,тоа е тотал фудбал,а тои и го прави Барса,играч од средина добива топка во последната линија,бековите се трансформираат како крилни фудбалери,напаѓчите играат средин понекогаш и тн.Но сегашната игра на Барса,односно ерата на Пеп го игра фудбалот како комбинација на тотал фудбал и тики-така играта( пасовите и триаголниците) која мислам дека е шпански начин на играње фудбал....

п.с : Честито пласман понатаму за Милан,Бенфика,Апоел,Барса...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.815
Поени од реакции
11.438
Само после Мур незнам каква ќе им биде играта.
Мурињо позади себе остава арогантни копилиња и пустош. Види ги челси и интер, истото ги чека и реал :icon_mrgr:
 
Член од
3 август 2011
Мислења
523
Поени од реакции
105
И јас ги сакам екипите што ги напиша ти,за да биде многу поинтересно,но и без тие може,нека биде Барса пак шампион и со Миравци нека игра финале ако треба....Тежина ќе има исто каква што имаат сите титули тежина.А и ти би сакал да го видиш твојот тим во оваа фаза да игра,макар да е тоа и со апоел,бешикташ,партизан....Што му се криви другите тимови на вас кога твојот Манчестер ни во Европа лига’ нема да стигне далеку а не пак во ЛШ.Eдноставно тие мали екипи беа подобри од големите и си поминаа фер и заслужено понатаму...



Не еработата само да правиш голем број на пасови,туку со таа игра да постигнеш нешто т.е. гол,а тоа Барса го прави и тоа многу добро...



За ова си во право,тоа е тотал фудбал,а тои и го прави Барса,играч од средина добива топка во последната линија,бековите се трансформираат како крилни фудбалери,напаѓчите играат средин понекогаш и тн.Но сегашната игра на Барса,односно ерата на Пеп го игра фудбалот како комбинација на тотал фудбал и тики-така играта( пасовите и триаголниците) која мислам дека е шпански начин на играње фудбал....

п.с : Честито пласман понатаму за Милан,Бенфика,Апоел,Барса...
boldot, tiki taka futbalot e katalonski brend, toa sto spanija go zede od barselona ne go pravi spansko, barsa go izmisli toj sistem
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom