Ф
Флеш
Гостин
Кога ги спомна Хрватска и Србија, они моментално опстојуваат и имаат тренери,благодарение на тоа што они беа столбовите на Ју-Лигата, сета стручна интелигенција,контакти(барем благодарејќи на тоа Србија денес има најразвиена мрежа,дури и во најлошите лиги имаат по неколку Срби, чист пример е агенцијата Lian со Партизан , не е чудно малку примерот со 5те Срби во Бенфика )Ова ти е многу силен муабет. Дури мислам дека за ваков руиниран систем како што е овој што му остана на Илчо како наследство потребно е и повеќе од 10 години за целосно закрепнување. Но има позитивни струења и младите полека му се враќат на спортот, меѓу другото и на фудбалот. Особено е важно тоа што го спомна формирање на лиги и за дечиња. Го пратам германскиот систем како се работи со деца а имам можност да го пратам и хрватскиот. И двата системи се многу слични. Навистина Хрватите го работат фудбалот особено со помладите многу професионално и не е чудно што е број еден репрезентација на Балканот и меѓу првите 15 во светото и тоа подолго време. Но таму не е се до сојузот туку исто така и до еуфоријата меѓу обичните луѓе кои доста прават и самоиницијативно. Пример во помалите села доброволци ги одржуват терените со свои пари купуват потребна механизација, собират донации, буквално особено на селата цел живот им се врти околу селскиот терен за фудбал. Тоа го имало порано и во Македонија, барем знам за селата во струмичкиот крај каде што имаше здраво ривалство меѓу селата и доста добра гледаност и еуфорија. Сето тоа сега е уништено и треба да се дига од пепел.

Последно уредено: