Ајде да сумираме што беше, без премногу емоции, некои работи не ги видов добро.
Дали и кога беа фрлени првите бакљи (при корната за Албанија) летеше овој НЛО?
Најверојатно чудото летеше уште тогаш... Потоа фрлија бакљи и кога Србија беше во напад.
Овој обид за присилно слетување на НЛО е логичен. Албанските играчи протолкуваа дека тука постои и желба за уништување на ’светото парче ткаенина’, па тргнаа да го бранат.
Тука веќе кулминираше судирот, кога влегоа навивачите и нападнаа фудбалери.
Се до тој момент и покрај бакљите, веројатно подобро ќе поминеше Србија. Но, после влегувањето на навивачи и напаѓање на фудбалери, мислам дека Србија ќе биде гадно казнета, доста повеќе од Албанија.
П.С. Всушност најлошо ќе помине оној антирежимски навивач....