Јас почнав да го слегувам Дебијанот на 2 двд цедеа, стигна до 4.2 гб и ми падна АДСЛ-от за секунда, и не можев да го продолжам симнувањето. Ке заколев некого.
Него си порачав убунту цеде да ми стигне, ама колку е добро да инсталирам убунту пошто е само на 1 цеде? И дали еве некој би ми препорачал некој линукс за јака машина (п4-3 Гхз, 1мб кеш, 512 рам 200 Гб сата хард), пошо од толку линукси, појма немам кој да го инсталирам.
И ако може нешто детали за партициите. Да речеме за мене конкретно, имам две моментално, едната каде што ми е ХП-то (ц) 30 Гб и остатокот е другата. Е сега за линукс треба да направам уште две една 30 Гб (доволно ли е?) друга 600МБ (за линукс свап). Имам партишн меџик, мислам е најдобар за таа работа.
И сега, бутирам од ЦД и дали може да ми се случи нешто зезнато па да ми снема се од хард? Пошо кај и да читам за инсталација на линукс, вика сегде да пазам на хардот (бекапи, ово оно), а јас не знам дали можам да направам бекап на се, зашто тоа само на хард може да се смести.
И дајте бе некоја инсталација на повеќе цедеа, не можам да најдам нигде.