Во последно време приметив, се се сведува на self esteem.
Убаво е да си убав, а да си убеден дека си грд.
Тоа дали си убав или не си убав, баш им е гајле на гругите. Гледаат дали имаш почит сам кон себе или немаш. Ако имаш претерана самодоверба - ќе те мразат, ако немаш - ќе те сакаат. Да не навлегувам во тоа ќе отидам на некоја друга тема.
Приметив многу грди луѓе кај мене во друштво, а сепак тие се ценети од целото друштво. Приметив грди дечки кои одат со прекрасни девојки и обратно. Тие грди машки/девојки и убави машки/девојки се сите оние кои имаат ниско-самопочитување за себе.
Значи, ако прашаш некој од нив, се сметаш ли себе за убав? Сите до еден ќе ти одговорат : „Не.“. Значи не летаат во облаци, знаат дека се грди(и да се грди и да се убави). Сите тие се тресат на што и да треба да направат и немаат доверба во себе.
Гледајќи го тоа, другите луѓе се чувствуваат супериорни над нив и таквите со ниско почитување за себе им се спмпатични.
Опасно а?
Така да, другите мислам дека не гледаат дали си убав или не, туку го гледаат твоето его, што ТИ мислиш за СЕБЕ.
Пак ќе кажам: убаво е да си убав, а да си убеден дека си грд.
Така да, не се мислете многу многу за лепотани, мислете си дека сте најгрди на свет. Така ќе напредувате во секој поглед
